ФАЗАН - ПОРТАЛ ЗА СТРАТЕГИСКИ АНАЛИЗИ - FAZAN
Зошто фазан?
Затоа што симболизира догледен прелет.
Зошто прелет?
Затоа што ги надвишува овие времиња.
Зошто времиња?
Затоа што допира дофатна иднина.
ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ФАЗАН - медиум за стратегиски, аналитички опсервации врз три примарни, фундаментални меѓузависни области на современите општества: БЕЗБЕДНОСТ - ЕКОНОМИЈА - ПОЛИТИКА.
ФАЗАН - портал за експерти чии анализи го пречекоруваат прагот на сегашноста, чии перцепции допираат до реалната, до догледната иднина на земјата, регионот, светот.
ФАЗАН - отворена страница, слободно тематско поле за инвентивни автори, интелектуалци, мислители за кои провокација е аналитичкото портфолио на порталот.
ФАЗАН - постер за соочувања, за коментари, дебати, прашања, полемики, за критики врз содржините, тематските судови и изнесените перцепции.
ФАЗАН - плато за независна мисла, креативни теми, прелети над сегашноста, проекции на процесите на општествените промени.
ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
____________________________________________________________________________________________
ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ФАЗАН порталот:
анализира, посочува, поучува,
дофрлува повисоко, подалеку,
прелетува дофатни времиња,
допира догледни простори.
ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ФАЗАН го промовираат афирмирани аналитичари, експерти од претставените базични области - БЕЗБЕДНОСТ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА.
ФАЗАН фрла погледи, креира идеи, посочува на правците, негува и подржува стратегии - јасни цели за Македонија, регионот, светот.
ФАЗАН со своите содржини нема да ги смени состојбите за подобар регион, за подобар свет, за исто таква Македонија - ама ќе упатува во тие насоки.
ФАЗАН цели да допира до политичката, до интелектуалната, до студентската јавност - да поттикнува општествени процеси за нашите перспективи.
ФАЗАН повикува да пишувате и Вие, секој од својата потесна специјалност - од сферата на Вашата научна и аналитичка тематска вокација.
ФАЗАН упатува вашите аналитички догледи да и ги предочите и на широката интернет публика преку неговите страници - fazan@fazan.mk
ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Пишувајте за Фазан
Читајте во Фазан
Цитирајте го Фазан
Резимирајте од Фазан
ПОРТАЛ за стратегиски анализи, за догледен интелектуален ПРЕЛЕТ врз дијалектиката на општествените процеси
ФАЗАН - FAZAN - www.fazan.mk
Скопје, септември 2012