портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Јужна Осетија: Да се биде со Русија или не?
јануари 2015



Нацрт-договорот за сојузништво и интеграција на Јужна Осетија со Руската Федерација, кој беше објавен во локалните медиуми, во републиката предизвика различни реакции. Партијата на власт го осуди документот, со оглед на тоа дека тој претпоставува недоволно длабока интеграција на републиката и Русија.

Нацрт-договорот не ѝ се допадна на партијата „Единствена Осетија“, која го има мнозинството во парламентот. Тој „не одговара на задачата за длабока интеграција на Јужна Осетија со РФ“, се вели во соопштението испратено од „Единствена Осетија“. Документот е насочен кон зголемување на соработката на Русија и Јужна Осетија, пред сè, во сферата на безбедноста и на економијата. Сепак тој не предвидува испразнување на локалните воени, безбедносни и царински структури и нивна целосна интеграција во сличните руски структури, како што тоа најпрво беше предвидено. 

Идејата за повторно соединување на осетинскиот народ, кој е разделен со Големиот Кавкаски венец, а во постоветското време и со граница, е основна идеја на приврзаниците за отцепување на Јужна Осетија од Грузија.

Во проектот се вели дека Русија и Јужна Осетија ќе формираат „заеднички контури на внатрешната одбрана и безбедност“, односно дека ќе формираат обединети воени групи. Се планира модернизација на јужноосетинската армија. Сепак проектот ја остава самостојноста на военото раководство на Јужна Осетија, а во републиката ќе останат и структурите за ред и мир и царинските структури.

Планирано е договорот да биде потпишан до 10 февруари 2015 година на рок од 25 години со автоматско пролонгирање во следните 10 години. На разочарување на приврзаниците за потесна интеграција со РФ, во нацрт-договорот не се споменува можноста за влегување на Јужна Осетија во состав на Руската Федерација.

Директорот на Меѓународниот институт за новоформирани држави Алексеј Мартинов за „Руска реч на македонски“ изјави дека главната интрига е во тоа што определени политички сили лобираат за идејата за потесна интеграција со Русија. „Нов импулс на овие усилби даде враќањето на Крим во составот на РФ. Идејата за повторно соединување на осетинскиот народ, кој е разделен со Големиот Кавкаски венец, а во постоветското време и со граница, е основна идеја на приврзаниците за отцепување на Јужна Осетија од Грузија. Интересно е што напорите на овие лоби-групи се адресирани до Москва, а не до Владикавказ (главниот град на руската република Северна Осетија – заб. ред), каде сите со сигурност сакаат обединување на двете осетински републики“, изјави Мартинов.

Политикологот смета дека некои приврзаници за влегувањето на Јужна Осетија во составот на Русија се водени од желбата за понатамошно добивање економска помош, но сепак обединувањето на двете држави, според него, би било грешка. „Имено за своја самостојна држава јужноосетинскиот народ и лееше крв“, подвлече Мартинов.

Дел од „Рускиот свет“

Набљудувачите предупредуваат дека потпишувањето на Договорот за сојузништво и интеграција со себе ќе повлече и нов бран критики кон Русија. Москва дури може да биде обвинета и за фактичка анексија на Јужна Осетија, која Грузија, како и претходно, ја смета за дел од својата територија.

Нацрт-договорот не ѝ се допадна на партијата „Единствена Осетија“, која го има мнозинството во парламентот. Тој „не одговара на задачата за длабока интеграција на Јужна Осетија со РФ“, се вели во соопштението испратено од „Единствена Осетија“.

Поранешниот пратеник во собраните, екс-претседател на вишиот Арбитражен суд на Јужна Осетија Ахсар Кочиев смета дека „влегувањето на републиката во составот на Русија претставува неопходен услов за национално преживување“. „Нашиот буџет 95% се полни со руски пари... Тука е уште и духовниот фактор. Ние со векови сме живееле еден до друг со Грузијците, бевме во состав на грузиската држава, но не ја прифативме како култура, како јазик. А, кон руската култура се однесуваме како кон своја“, вели Кочиев за „Руска реч на македонски“. Според него, новиот договор помеѓу Јужна Осетија и РФ ќе предизвика нагла негативна реакција од страна на Грузија. „Но, во Тбилиси треба да сфатат дека Јужна Осетија никогаш нема да се врати во состав на Грузија“, вели тој.

Коментирајќи ги можните паралели помеѓу актуелните настани и сценарија што се реализираат во Источна Европа, СССР и Германија пред Втората светска војна, Кочиев ги нарече неостварливи. „Тогаш советското раководство се подготвуваше за војна и максимално ги тргаше краевите од центарот. Јужна Осетија со својата мала територија не претставува сериозна пречка за современото оружје. Тие 100 километри ќе бидат покриени со ракети за дел од секунда“, смета Кочиев.

Превземено од:

http://mk.rbth.com/politics/2015/01/26/juzna_osetija_da_se_bide_so_rusija_ili_ne_40539.html

Коментари
Нема коментари.
 
Архива