портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Путин: Враќањето на Крим е историска вистина
мај 2014

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Крим, за првпат откако полуостровот беше анектиран кон Русија, и само неколку дена пред сепаратистичкотo изјаснување во источна Украина.



Владимир Путин попладнево пристигна во пристаништето Севастопољ во Крим, каде присуствува на воена парада во чест на победата во Втората светска војна.

Тој го оцени „враќањето на Крим кон Русија“ како „историска вистина“.

„2014 ќе биде запишана во историјата... како година во која луѓето кои живеат тука јасно одлучија да бидат заедно со Русија, со што ја потврдија својата лојалност кон историската вистина“, порача Путин пред голем број приврзеници во Севастопољ.

Во исто време, во кризните жаришта во источна Украина се засилија тензиите, а според последните информации има и жртви во судирите во градот Мариупољ.

Путин претходно беше предупреден од германската канцеларка Ангела Меркел дека евентуалната посета на Крим би претставувала лоша одлука. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук оцени дека евентуалната посета на Путин на Крим би била провокација.

Првата реакција на посетата денеска пристигна од генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен кој оцени дека истата е „несоодветна“. Расмусен вчера сугерираше и дека Русија не го спровела најавеното повлекување на војската од границата со Украина, на што официјална Москва одговори дека тој е веројатно „слеп“.

Пред два дена Путин им сугерираше на проруските сепаратисти дека за в недела најавеното изјаснување за статусот на источна Украина треба да се одложи, но тие таквиот повик го отфрлија.

Денеска избувнаа нови судири во југоисточното пристаниште Мариупољ во кои има најмалку двајца мртви и повеќе повредени. Според информациите од теренот, украинските безбедносни сили се обиделе да ја преземат контролата врз локалната зграда на Министерството за внатрешни работи која ја бранат поранешни полицајци кои во меѓувреме им се придружија на проруските сили.

Превземено од:

http://www.dw.de/%D0%BF%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%BD-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BC-%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0/a-17625175

Коментари
Нема коментари.
 
Архива