портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Брисел, ни фалат уште пет бенчмаркови, за да бидат осум!
јули 2013
Ивана
Костовска
Најважно е да се вложи огромен напор за да се докаже дека спорот за името не само што е услов туку е единствениот. Да не се разбереме погрешно, досието на Македонија не е беспрекорно во областите што сега ни се поставуваат за услови, но јасно е дека ако решението за спорот за името беше на повидок, бенчмарковите не ќе беа повеќе од две-три реченици на последните страници од есенскиот извештај на Брисел.


За разлика од изминатите неколку години. кога метеоролозите во дипломатијата храбро најавуваа жешко лето или уште потопла есен за решавање на името, сега нема такви прогнози. Спорот за името не е во портокалова фаза. Не е ниту во жолта. Откако календарски почна летото, Метју Нимиц е испратен на принуден одмор, исто како оние 25.000 наставници, професори, чувари на училиштата и полицајци во Грција.

Навистина, како што кажа и самиот еврокомесар Штефан Филе минатата недела во Брисел, за решавање на спорот за името клучен е календарот. Но, во календарот на Грција, времето е поделено на денови, недели, месеци и години според кредитните транши, а годишните времиња според тоа кога ќе дојде тројката меѓународни кредитори. Тројката ќе се врати во Атина во текот на есента за да утврди дали на владата треба да ~ наметне други мерки за штедење, за да ги исполни буџетските цели за 2015-2016 година. Есента на премиерот Андонис Самарас ќе биде жешка, но не поради тоа што чувствува притисок од Европа или од САД да се реши прашањето чие времетраење се мери во децении. За спорот за името не му е неопходна еволуција на досегашната тактика: да даде неколку изјави дека другата страна е бескомпромисна, дека добрососедство бараат и други и оти без оглед на спорот за името, земјата заостанува со реформите за почеток на преговори со Европската Унија. Зошто Атина би мрднала со мал прст за името кога и дипломатски најнеписмените умеат да прочитаат дека за неколку месеци листата со барања што ни ја испраќа Брисел е проширена и надградена?

Работодавците на Штефан Филе покажуваат дека не претпочитаат тој да ја повтори изјавата од февруари годинава, кога кажа дека сме повеќе подготвени отколку лани, но...Одеднаш, услови за добивање препорака за преговори (таа што ја добиваме од 2009 година) станаа слободата на говорот во Македонија и усвојување на законите за медиуми, имплементација на договорот од 1 март, и секако, добрососедските односи со Грција и со Бугарија. Ни недостасуваат уште пет услови за да можеме да ги нарекуваме бенчмаркови, како осумте од времето на Оли Рен. Ако се сеќавате, Рен како еврокомесар за проширување н` убедуваше дека решавањето на спорот за името не е критериум за ЕУ.

Најважно е да се вложи огромен напор за да се докаже дека спорот за името не само што е услов туку е единствениот. Да не се разбереме погрешно, досието на Македонија не е беспрекорно во областите што сега ни се поставуваат за услови, но јасно е дека ако решението за спорот за името беше на повидок, бенчмарковите не ќе беа повеќе од две-три реченици на последните страници од есенскиот извештај на Брисел.

Можеме да напишеме безброј редови преку кои ќе излезе на виделина дволичната политика на Брисел, која уште повеќе ги разочарува двата милиона граѓани, кои петта година едноподруго чекаат почеток на преговори. Но, бесполезно е да се ронат солзи поради ваквата политика на ЕУ.

Можно ли е македонската дипломатија да ја смени температурата на спорот за името истовремено додека се гланца досието за октомврискиот извештај?

Потребна ни е гласноста од лобистите. Унијата треба да ги повика Скопје и Атина на трилатерална средба за името, без оглед што за Грција беше непријатно кога мораше да го отфрли предлогот од Филе, исто како што го одби Груевски. Освен тоа, белки не ќе се чека Нимиц до бесконечност да го одложува свикувањето нова преговарачка рунда за името. Пријателите на Македонија во Европскиот парламент не смеат да премолчуваат кога Златна зора уништува македонски возила во Грција и да не проговорат за последните случаи со враќање македонски државјани од граница. Ако ни се пријатели, нека ја повикаат Грција на добрососедство.

Превземено од:

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=36CC696542692145A8A390A25D197367
Коментари
Нема коментари.
 
Архива