Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до американскиот претседател Барак Обама по повод бомбашкиот напад во Бостон, нагласувајќи дека Русија го осудува ова „варварско злосторство“.
Путин истакна дека нападот во Бостон само ја потврдил неопходноста од глобална соработка во борбата против меѓународниот тероризам.
Американските власти ги идентификуваа двајцата осомничени за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.
Постариот брат Тамерлан Царнаев (26) загина синоќа во полициска акција во бостонското предградие Вотертаун, додека помладиот Џохар (19) се уште е во бегство. Голем број специјалци се наоѓаат на улиците на Вотертаун, во предградието на Бостон, трагајќи по уште еден осомничен.
Во терористичкиот напад во Бостон, кој се случи во понеделникот, загинаа три лица, додека околу 180 се повредени.
Превземено од:
http://24vesti.mk/putin-potrebna-e-globalna-sorabotka-vo-borbata-protiv-terorizmot