портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Категорично руско „њет“ за американските посвојувачи
април 2013

Рускиот премиер и претседател на мнозинската парламентарна партија Обединета Русија, Дмитриј Медведев, ја поддржа забраната за посвојување руски деца од граѓани на САД, додавајќи дека Русија мора да се посвети на развојот на домашните посвојувања.


Долниот дом на руската државна Дума, вчера, со 420 гласа „за“ го одобри контроверзниот закон „Дима Јаковлев“, кој содржи амандман со кој им се забранува на американските граѓани и организации да посвојуваат или да посредуваат при посвојувањето руски деца и покрај силното противење од јавноста, активистите, медиумите и претставници на власта, од кои дел протестираа пред Думата во текот на седницата, пишува „Раша тудеј“. Новинарите од „Новаја газета“ испратија до претседателот на Думата петиција потпишана од над 100.000 граѓани кои бараат отфрлање на плановите за забрана на посвојувањата.

Според ветувањето дадено од Путин, секоја петиција со повеќе од 100.000 потписи мора да биде земена предвид од парламентот. Спикерот на Долниот дом, Јури Неверов, вчера потврди дека Долниот дом ќе ја разгледа петицијата, но дека тоа ќе се случи дури во јануари.

Законот е наречен според Дима Јаковлев, двегодишното руско момче кое почина од топлотен удар во јули 2008 година откако неговите посвоители го заборавиле девет часа во затворен автомобил на пеколно жешко време. Тој претставува руска реакција на неодамна одобрениот американски „Закон Магницки“, со кој се одобрува забрана за влез во САД и замрзнување на имотот на руски даночни, судски и правни лица кои, според процените на креаторите на законот, ги прекршиле човековите права. Русија го осуди „Законот Магницки“ како обид да се влијае врз системот за правда на една суверена држава. Руските политичари се заканија со идентична контрамерка, за на крајот законот да добие и амандман со кој се забрануваат посвојувањата. Потегот веднаш предизвика бран осуди и жестоки критики во руските медиуми и на социјалните мрежи. Народот обвини дека политичарите ги претвораат сираците во заложници и дека им ја скратиле можноста за удомување кај пристојни семејства, за наоѓање спонзорство и грижа, од која понекогаш им зависи животот.

Рускиот премиер и претседател на мнозинската парламентарна партија Обединета Русија, Дмитриј Медведев, ја поддржа забраната за посвојување руски деца од граѓани на САД, додавајќи дека Русија мора да се посвети на развојот на домашните посвојувања. Иницијаторите на амандманите велат дека забраната е дел од постара и поширока програма, чија крајна цел е целосно укинување на странските посвојувања. Жесток поддржувач на законот е и специјалниот руски омбудсман за правата на децата, Павел Астаков, кој всушност се залага на целосна забрана на странските посвојувања. Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека целосно ја поддржува иницијативата бидејќи таа не е против посвојувањето како такво, туку против правдата на САД, која често ги игнорира или е многу попустлива кон суровиот третман на посвоените руски деца од страна на посвоителите. Тој, сепак, вети дека уште еднаш ќе го разгледа амандманот за посвојувањата, како и неодамна потпишаната руско-американска спогодба за посвојувања, пред да го одобри и потпише законот „Дима Јаковлев“.

Американските агенции за посвојување деца изразија загриженост поради поддршката на Путин на законот со кој се забранува руските сирачиња да бидат посвојувани од Американци.

- Жално е што руската влада размислува да ги казни децата, кои би можеле да имаат безбеден дом, полн љубов во САД, поради расправијата околу човековите права меѓу двете земји - вели Ричард Kлаберг, претседател на Советот за акредитација, кој претставува околу 200 американски агенции за посвојување.

Семејствата што веќе се во процес на посвојување се многу загрижени дека нема да можат да си ги пренесат своите деца дома во САД, вели директорката на Руската програма во Христијанскиот светски центар за посвојување, Ања Ратерфорд. Руската активистка за човекови права и член на Граѓанската комора, Олга Kостина, верува дека новиот закон ќе удри врз пристојните семејства наместо да се справи со претставниците од власта кои ја злоупотребуваат својата позиција и ги даваат руските сираци за пари.

 Сираците не го живеат секогаш американскиот сон

Смртта на Дима Јаковлев е еден од многуте случаи на тортура, силување, убиства и повреди на кои се изложени посвоените руски деца во рацете на своите американски посвоители. Статистиката покажува дека околу 60.000 руски деца се посвоени од американски семејства. Според руските власти, од раните 90-тите години на минатиот век, најмалку 19 руски дека биле убиени од своите посвоители во САД. Чашата ја прелеа една Американка од Тенеси која во април 2010 година го стави својот 7-годишен посвоен син сам во авион за Русија со белешка дека веќе не го сакаат, по што беше ставен мораториум на посвојувањата од американски граѓани. Новата спогодба за посвојувања меѓу двете држави беше потпишана во ноември годинава.

www.dnevnik.com.mk / 22.12.2012

 

Разочарани Американците кои требаше да посвојат руски деца

Русија донесе одлука да се забрани посвојувањето на руски сирачиња од страна на американски семејства.

Според многумина ова е начин руските политичари да им се одмаздат на американските за донесување на “Закон Магницки“. Овој закон забранува влез во САД и замрзнување на имотот на руски даночни, судски и правни лица кои, според процените на креаторите на законот, ги прекршиле човековите права. Во одмаздничката драма, руските власти заборавија на среќата на децата кои биле оставени од своите родители.

Руската новинска агенција “Риа новости“ ја споделува трогателната приказна за американските семејства кои нема да ја слушнат детската смеа во својот дом.

Некаде во Тексас, розевата соба исполнета со играчки и книги ќе остане празна.

“Нашите срца се скршени, најискрено“, изјавила Дона Томас во интервјуто за “Риа Новости“. Таа и нејзиниот сопруг Роберт се во процес на посвојување на петгодишно девојче од Русија.

“За нас таа е веќе наша ќерка“, велат тие. Според договорот, на почетокот на новата година, малата русинка требала да стане дел од нивното семејство.

Но, новиот закон, кој на сила треба да стапи од први јануари, за Американците беше неочекуван и разочарувачки. Стотици семејстава, како Томасови, кои веќе се при крајот на посвојувањето и ги запознале децата, сега стравуваат дека никогаш нема да ги донесат дома.

Вчера, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека планира да го стави својот потпис на рускиот закон и истиот, за три дена да стапи во сила.

“Не сфаќам како ниту еден член од рускиот парламент може да ги погледне тие деца и да им каже дека ова што го прават е за нивно добро. Можевте да имате добро семејство и најдобри услови за живеење, но сега тоа нема да се случи“, изјавил Бил Дотч. Тој и неговата жена се во процес на посвојување на 13-годишниот Тим и 11-годишната Ана, двајцата руски сираци кои се ХИВ позитивни.

Бил во интервјуто за “Риа Новости“ вели дека ќе се бори против политичарите за да ги добие своите деца.

“Руската влада инсистира да ги смести руските деца во руски фамилии и јас го разбирам тоа“, вели Бил. “Но, ова мало момче буквално било оставено на прагот на сиропатилиштето пред 13 години и никој не покажал интерес за него. Помислата дека сега некој ќе сака да се грижи за него ми е нереална“.

Според УНИЦЕФ во Русија има 740.000 деца на кои им недостасува родителска нега. Повеќе од половина од тие деца, кога ќе наполнат 16 години ги напуштаат домовите и завршуваат на улица.

Статистиката покажува дека во последниве 20 години, околу 60.000 руски деца биле посвоени од американски родители, а во 2011, околу илјада сирачиња добиле американски дом и љубов.

Во целата политичка збрка, во која руската и американската влада си ги одмеруваат силите, Роберт и Бил, кои сакаат да се татковци, велат дека ќе се борат, а најсилен адут им се лошите услови во кои живеат руските сирачиња.

Загрижените граѓани, руските медиумски работници и родителите испратија петиција до Путин во која бараат тој да се  откаже од суровиот закон. Петицијата е потпишана и од двете русинки, родени со инвалидитет, Саша (21) и Татјана (23) кои се посвоени од Американци. Саша сега е студент, а Татјана добитник на медал на Параолимписките игри. Тие му пишаа на Путин колку им се сменил животот од кога биле посвоие од американски семејства, бидејќи во Русија никој не сакал да се грижи за девојче со инвалидитет.

www.tocka.mk / 28.12.2012
Коментари
Нема коментари.
 
Архива