портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Умберто Паскали: Македонија може и без НАТО
април 2013
Умберто
Паскали
Македонија може да успее и без НАТО, организација што е остаток од Студената војна, вели Умберто Паскали, аналитичар од Вашингтон. Кина е дел од БРИКС земјите (Бразил, Русија, Кина и Индија). Во нив живее половина од светското население. БРИКС денес претставува една голема функционална, стратегиска, економска и финансиска сила.



Во врска со критиките на премиерот Никола Груевски кон членките на Алијансата, Паскали наведува дека да се каже вистината е од суштинска важност.

„Станува збор за доверба и почит на политички лидер што го претставува својот народ. Премногу лидери го прават обратното. Нешто вистински се менува во Македонија“, вели аналитичарот.

Обраќањето до, како што наведува Паскали, „арогантните господари на НАТО, одбивајќи ја нивната дволичност и закана“, следува по неодамнешната посета на македонска владина делегација на Кина и воспоставената економска соработка со оваа врвна светска економија.

„Кина е дел од БРИКС земјите (Бразил, Русија, Кина и Индија). Во нив живее половина од светското население. БРИКС денес претставува една голема функционална, стратегиска, економска и финансиска сила. Тоа е вистинска алтернатива на Вол стрит, системот на војни, закани, уцени и лихварство. Овој систем е во сржта на сите кризи што го разнебитуваат светот. Македонија може наскоро да стане центар на кинеските економски активности во Европа. Наскоро, ние би можеле да видиме долгорочни инвестиции во реална економија, како изградба на коридори што ќе ја преобразат Македонија засекогаш, а не деструктивни шпекулации“, нагласува Паскали.

Запрашан дали на Македонија може да ѝ се случи „арапската пролет“, Паскали смета дека „овие феномени не се вистински револуции, туку се насилен упад од надворешни сили против еден народ и институциите на државата“.

„Јас мислам дека никој од внатре не може да ја дестабилизира Македонија. Би било сосема друга работа ако некои внатрешни сили бидат злоупотребени од надвор“, вели Паскали посочувајќи оти „улогата на Петтата колона“ би можела да ја одигра опозицијата. Но, смета дека Македонија, нејзините институции и македонскиот народ се доволно цврсти за да се спротивстават и да го поразат тој обид.

„Се разбира, најдобра гаранција против овие сурогатски форми на војување е економскиот развој и можноста за пристојна иднина“, вели Паскали.

Превземено од:

http://www.mkd.mk/34185/makedonija/umberto-paskal
i


Коментари
Нема коментари.
 
Архива