портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Досие Бојко Борисов: Морален супермен или политички Ал Капоне на Балканот?
март 2013
Гоце
Михајловски
Според испитувањата на јавното мислење од крајот на декември, ГЕРБ има рејтинг од 27%, наспроти БСП предводена од Станишев со 22%.

Многу е погрешна перцепцијата создадена во Македонија дека досегашниот (и иден!?) премиер на Бугарија, Бојко Борисов, е уличен човек кој „од телохранител на Тодор Живков станал политичар“. Малку кој знае дека истиот Борисов уште од 1990 година е доктор на науки!

Кој е Бојко?

Сега 53-годишниот Борисов е син на службеник во софиската полиција, па веројатно предодредено му било да тргне по стапките на татко му. Во 1978 година се запишал на полициската академија, но поради минатото на неговиот дедо (се тврди дека бил убиен од комунистите во1944 година) бил прераспределен од смерот „Државна безбедност“ на „Противпожарна заштита“.

Но, ова воопшто не го демотивирало Бојко, и тој успешно дипломирал во1982 година и се стекнал со звање инженер. Веднаш се вработил во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а брзо потоа е унапреден во командир на чета.

Паралелно, од 1985 година па се до 1990 Борисов е и предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР. Во 1990 година ја брани докторската дисертација „Психо-физичката подготвеност на оперативниот состав“, но брзо потоа со падот на комунизмот си заминува од полицијата. Тогаш имал чин мајор.

Бизнисмен

По напуштањето на МВР, Бојко отвора агенција за обезбедување „Ипон“. Меѓу повидните личности што ги чувала оваа агенција, која станала една од најголемите во Бугарија, се веќе споменатиот Тодор Живков, Симон Саксобургготски и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Хуан Антонио Самаранч.

Освен обезбедувањето во 90-тите Борисов имал удели и во низа други фирми со различна дејност. Во некои од нив, како што се тврди, имал соработката и со луѓе од бугарското подземје, како Румен Николов-Пашата и Младен Михалев-Маџо, но самиот Борисов, пред да се врати на голема врата во МВР како главен секретар во 2001 година, одрекува дека имал било какви врски со мафијата.

Борец против криминалот

На раководното место во МВР, Борисов е назначен со указ на тогашниот претседател Петар Стојанов и веднаш е унапреден во чин полковник. Веднаш по стапување на должност почнува сериозна борба со криминалот, кој во тие години е широко распространет во Бугарија. Страдаат многумина поврзани со трговија со луѓе, дрога, незаконски печатници за пари и кредитни картички, насилство… Истовремено Борисов решава да се откаже од платата и парите да ги насочи кон семјствата на своите колеги што ги губат животите при извршување на задачите.

Неговата работа не останува незабележана, па уште тогаш станува јасно дека новата ѕвезда е родена! Потоа се оди како на филмска лента. Во 2002 е унапреден во генерал-мајор, а во 2004 во генерал-потполковник. Со честото присуство во медиумите поради успешните акции, станува вистинки миленик на јавноста.

Политичар

 Ова се разбира е веднаш препознато од неговиот долгогодишен познаник Симеон Саксобургготски, кој во тие години е премиер, па Борисов во 2005 година е ставен на листата на Националното движење Симеон Втори за Парламентарните избори. Избран е за пратеник, но Симеон доживува пораз, па Борисов одлучува да се откаже од пратеничкиот мандат и да остане во МВР. Но, и таму не издржува многу. Брзо влегува во конфликт со новиот министер Румен Петков од БСП, и по втор пат ги напушта безбедносните сили.

Но, за разлика од првиот пат, решава да оди во политика. Во октомври истата 2005 година се кандидира како независен за градоначалник на Софија и на криљата на својата популарност победува со убедливи 68,5% од гласовите!

ГЕРБ

Како градоначалник, Борисов, и понатаму го зголемува својот рејтинг, па веднаш станува јасно дека тој нема да остане „локален“ играч. Веќе идната 2006 година неколкумина негови блиски соработници и бизнисмени го формираат движењето, а веднаш потоа и партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) во која Борисов не членува поради законски пречки, но е нејзин неформален лидер.

Партијата расте многу брзо и веќе на изборите во 2009 година влегува како главен противкандидат на тогашната владејачка БСП, на чело со премиерот Сергеј Станишев. ГЕРБ успева да победи, и покрај тоа што за време на Станишев (во 2007 година) Бугарија станува член на ЕУ, и Борисов со огромно мнозинство е избран за прв човек на бугарската Влада.

Оставка

Во годините потоа тој релативно стабилно владее се до скоро, и покрај рецисијата во која се најде Бугарија, поради светската економска криза. Но, пред неколку недели покачените сметки за струја веќе ја прелеаа чашата со незадоволство кај Бугарите. Прво почнаа мали протести, но тие брзо прераснаа  во големи митинзи од кои се бараше оставка на Борисов. Како што е познато, пред неколку дена дојде и до судири на протестантите со полицијата, по кои Бојко реши да ги послуша барањата и да се повлече на 4 месеци пред истекот на неговиот мандат.

Извадокот е превземен од:

www.faktor.mk

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива