портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
САД го финансираат проектот Голема Албанија
јануари 2013

Соединетите Американски Држави (САД) веќе со години го подготвуваат проектот за создавање Голема Албанија која според некои најави би можел да биде заокружен оваа година, пишува “Сплитска Далмација“ и напоменува дека југоисточниот дел на Европа е најкраткиот транзитен пат меѓу западна Европа и подрачјата на средна Азија кои се богати со нафта и гас.


Весникот потсетува на изјавата на директорот на Институтот за регионална прогноза и советник на тројца албански премиер Кочо Данај кој рекол дека оваа година по мирен пат би требало да биде формирана нова албанска држава која би ги обединила сите албански територии.

Потсетување и на неодамнешната изјава на албанскиот премиер Сали Бериша дека обединувањето на сите албански територии е незапирливо, “Слободна Далмација“ истакнува дека додека некои аналитичари тврдат дека новата албанска држава е реален проект.

“Американскиот проект на создавање на Голема Албанија со дипломатски и воени средства се реализира веќе неколку години. Постои историја на американското ангажирање во регионот, но кога станува збор за овој проект, треба да се потенцираат неколку клучни точки. Тоа е бомбардирањето на НАТО врз Србија во 1999 година, по што НАТО на Косово распоредило 50.000 добро оружени војници“, пишува весникот.

Тука е, се додава и, Охридскиот договор, проект на САД, со кој беше започнат процес на реформирање на Македонија преку уставни измени и усвојување на низа нови закони со кои им се осигурале поголеми права на Албанците во Македoнија.

Трета клучна точка, според весникот, е американската поддршка за независност на Црна Гора и Косово со што е ослабена Србија, извршена е нејзината декомпозиција и со тоа е воспоставена регионална рамнотежа.

“Американската политика со овој воено-политички ангажман го подготвувала проектот Голема Албанија“, изјавила Јадранка Половиќ, политиколог.



Извор: Slobodna dalmacija 31.01.2013


Коментари
Нема коментари.
 
Архива