Европската комисија побара работата на гасоводот Јужен Тек да биде суспендирана се додека бугарската влада не даде јасни одговори на загриженоста на ЕУ поради монополската положба на руската компанија Газпром.
„Нашиот став е јасен: Јужен поток не е во согласност со Третиот енергетски пакет и со европските правила за конкуренција, внатрешниот пазар и јавните набавки“, изјави Сабина Бергер, портпаролка на комесарот за енергија Гинтер Етингер во Брисел.
Од Комисијата е најавено дека од Бугарија формално е побарана информација за почетокот на изградбата на гасоводот во Црното море, што е прв чекор кон поднесување на пријава на Европскиот суд во Стразбур.
Бугарија пак тврди дека со тоа не ги нарушува правилата на ЕУ, бидејќи работите се извршуваат во меѓународни води, но Комисијата завземала спротивен став.
Но, Европската комисија (ЕK) почна кривична процедура против Бугарија поради прекршување на правилата за спроведување на постапката за избор на изведувач на бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. ЕK не само што почна кривична постапка против Бугарија поради гасоводот што ќе го гради со руската компанија „Газпром“, туку сака и да се прекине спроведувањето на проектот.
Писмото од генералниот директорат за внатрешен пазар и услуги е испратено до бугарските власти, кои имаат еден месец да одговорат. Ако тоа не се случи, ЕK може да покрене постапка пред Европскиот суд, кој може да ~ изрече глоба на Бугарија.
„Разбираме дека бугарската влада одлучила приоритетно да ја почне изградбата на „Јужен тек“. Но, ЕK веќе изрази загриженост дали проектот е компатибилен со европското енергетско законодавство. Имаме причина да веруваме дека и други правила на внатрешниот пазар, особено тие за јавни набавки, биле прекршени во овој случај“, изјави Шантал Хјуз, портпаролка на директоратот за внатрешен пазар и услуги на Европската комисија.
Почетокот на работите во Бугарија беше најавен за овој месец, но веројатно ќе биде одложен. Министерот за енергетика на Бугарија смета дека земјите низ кои треба да минува Јужен тек не треба да се заложник на кризата меѓу Украина и Русија.
Превземено од:
http://faktor.mk/archives/109096