портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Една од моите стари необјавени колумни....
декември 2015
Наталија Алешкин
Талевска



 На 7 Октомври рускиот председател Владимир Путин го прослави својот 63-ти Роденден. На овај ден рускиот народ и симпатизерите од целиот свет му испраќаа честитки со зборовите: «Путин – тоа е вера во преродбата на рускиот мир, вера во победата», «Владимир Путин- тоа е гордоста на Русија», «Путин е председател од Господ» и т.н.

Точноста на овие пофалби рускиот председател ја потврди и на 29 Септември во Њу Јорк на Генералната асамблеја на ООН пред една недела пред својот роденден.

Со својот говор Путин уште еднаш потврди дека изолацијата на Руската Федерација е само мит во реалноста со кој пробува да го убеди светот непријател. Лидерот на Русија даде конкретни предлози за уништување на ИСИС. Тој покажа дека ситуацијата во светот во споредба со ситуацијата пред 20 години се смена во обратна насока. Денес Путин звучи како главен солист, а Обама како негов придружувач. Медиумите низ целиот свет пишуваа како да се договорија претходно: «Обама зборува, Путин дејствува». Пример, во америчкиот Њу Јорк Пост американците прочитаа: «Конечно, неспорниот светски лидер представува вистинска супериорност на Блискиот Исток воопшто, и во рамките на сириската криза. И за жал на Америка, овај лидер е рускиот председател Владимир Путин, а не Барак Обама». Разликата помеѓу говорот на Путин и Обама беше голема. Обама скоро еден сат со дидактички тон ги учеше присутните што е тоа демократија, Путин за дваесеттина минути кажа за светскиот проблем и наведе начин за негово решавање. Америчкиот лидер гестикулирајќи многу мафташе со рацете, рускиот лидер беше сигурен во себеси, смирен и ладен.

Лидерот на Руската Федерација без да ги наведува имињата изјави дека државите кои се присутни на било каков начин во Сирија ги следат другите цели, а не се борат против тероразмот. Тој строго запраша: «Дали сте свесни што направивте?» Се знаеше дека тој се обраќа кон западните лидери, лидерите на САД и Турција, кои ја поддржуваа «Арапската пролет» и ИСИС и сега гледаат на негативни за самите нив последици како мигрантите во европа, неконтролирањето на нивното детиште ИСИС. Путин ги повика виновните држави да ги признаат нивните грешки и да ја поддржат денешната влада на Сирија, затоа што неефикасноста на борбата со ИСИС од една страна и борбата против Башар Асад кој е единствена сила која се бори со терористите е очигледна.

Според Путин, сите се наоѓаат пред избор помеѓу Б.Асад и крвавиот ИСИС, а каков треба да биде избор е јасно. Поради тоа што ако ќе се одбери втора варијанта можно е дека Сирија ќе биде уништена како Ирак и Либија, а загрозени од ИСИС ќе бидат веќе западните земји. После асамблејата на ООН стана јасно дека се што ќе се случи во Сирија зависи само од Русија која ја поддржува сириската влада и реално сака да го уништи ИСИС и САД кој го создаде ИСИС како оружје против владите кои не му одговараат и на било каков начин пробуваа да го тргнат Асад.

После говорот на Путин стана јасно дека Русија е спремна да се обедини со било која држава за да ја победи ИСИС и да има мир во светот, а САД обратно за цел има да ги разединува државите низ целиот свет следејќи ги принципите «Раздели па владеј».

Не наведувајќи име рускиот председател констатира дека после завршувањето на Ладната Војна се формира единствен центар на доминација и овај центар не ги почитува правилата на ООН. Но според тоа на Путин му стана јасно дека повеќе Русија нема да трпи ваков светски ред.

Не помалку интересно беше и интервјуто на Владимир Путин кое тој го даде на америчкиот новинар Чарли Роуд за телевизијата CBS и PBS пред неговиот настап во ООН. На рускиот лидер му аплаудираше скоро цела Русија. Оцценете сами:

Ч.Роуз: «Како што знаете, некои од коалициските партнери сакаат прво Асад да се откаже од власта и само тогаш тие ќе бидат подготвени да ја поддржат владата (против ИСИС)»

В.Путин: «Јас би ги советувал или би им препорачал да го упатат барањето до сирискиот народ, а не до Асад. Само сирискиот народ во земјата има право да одлучи кој и како и под кои принципи треба да владее во земјата».

Ч.Роуз: «Вие го поддржувате Башар Асад. А дали го поддржувате тоа што тој го прави со народот во Сирија...?»

В.Путин: «А Вие сметате дека правилно постапуваат тие што ја поддржуват опозицијата...терористите..само да го тргнат од власт Асад?»

Ч.Роуз: «Но вие сте една од водечките земји, бидејќи имате нуклеарно оружје. Вие сте на сила која треба да се почитува.»

В.Путин: «Се надевам инаку зошто би го имале?»

Ч.Роуз:«Како мислете, Обама смета дека Русија и САД се еднакви? Дали тој смета дека вие сте еднаков со него?»

В.Путин: «Така и прашајте го него. Тој е вашиот председател.»

Ч.Роуз: «Во САД многу зборуваат за Вас»

В.Путин: «Немаат друга работа?»

Ч.Роуз: «Вие сметате дека САД участвуваше во уривањето на владата на Виктор Јанукович што потоа тој бил принуден да избега во Русија?»

В.Путин: «Јас го знам тоа точно»

Ч.Роуз: «Многумина велат дека руската воена сила е присустна на границите на Украина, а некои други тврдат дека руската воена сила се наоѓа на територијата на соседната земја.»

В.Путин: «А дали вие (САД) имате воено присутство во Европа?»

Ч.Роуз: «Да»

В.Путин: «Во Европа се наоѓа тактичко нуклеарно оружје на САД, да не го забораваме тоа. Ова значи дека вие ја окупиравте Германија или не ја напуштивте окупацијата на Германија по Втората светска војна, туку само ги трансформиравте окупациските сили во силите на НАТО? Можете всушност, и така да ја видете ситуацијата. Ние не зборуваме за тоа. Иако ние ги држиме своите војници на наша територија, на границата со некоја држава, мислите ли дека тоа е криминал?»

Ч.Роуз: «Вие ќе поминете со санкции?»

В.Путин: «Секако. Не се сомневам, дури и не треба да зборуваме околу тоа. Во ова има и позотивно. Пример,.... порано ние купувавме некои производи за долари, така ни било полесно, ама сега поради тоа што нема каде да ги купиме, моравме да започнеме сопствено производство.»

После асамблејата на ООН В.Путин се сретна со Б.Обама. Конкретно за што се договорија двата лидери не е познато. Русија продолжи да «дејствува» бомбардирајќи ја ИСИС, а САД продолжи да «зборува». Исто така во медиумите се појавиа информации дека неофицијално рускиот председател изјавил дека иако војната ќе стигне до Москва тој нема да го предаде Б.Асад.

Сирија на чело со Башар Асад е држава во Југозападна Азија. Сирија без разлика што не е граничи со Руската Федерација во 2013 година изјави дека сака да биде член во Царинската унија ЕврАзЕс (на која основачи се Русија, Белорусија, Казахстан, Киргизија и Ерменија) и да влези во единствена царинска територија. Во 2014 година рускиот јазик го воведоа во сириските основни училишта како задолжителен. Исто така во Сирија се наоѓаат две руски воени бази ВМФ и ВВС. Сите последнни години сириски председател Асад ја покажуваше преданоста на дружбата со Руската Федерација. Ја покажуваше неговата определба помеѓу двете светски сили а не двојна игра. А како што велат во Русија: «Ако трчаш по два зајаци ни еден нема да фатиш».

Сирија слободно можи да послужи како пример за Македонија. Поради тоа што и Македонија може да се најди во слична ситуација. Само наместо Либија и Ирак ќе биде Косово, само наместо Б.Асад ќе биде Н.Груевски, а наместо сирискиот народ ќе биде македонскиот. Ги повикувам сите македонци да не трчаат по двата зајаци....

(извор:  ФБ статус на авторката)

                                                                                  

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива