портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Политичките лидерите итно да најдат излез од кризата
април 2015

Усвоените заклучоци, како што беше и најавено, се однесуваат пред сѐ на политичката криза во земјава предизвикана од прекинатиот меѓупартиски дијалог и сѐ потензичната ситуација по отворањето на аферите „Пуч“ и „Прислушување“.



Длабока загриженост поради влошената ситуација во Македонија и очекување дека политичките лидери итно ќе пристапат кон решавање на проблемите изразија министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија во рамките на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ вчера на средбата во Луксембург. Усвоените заклучоци, како што беше и најавено, се однесуваат пред сѐ на политичката криза во земјава предизвикана од прекинатиот меѓупартиски дијалог и сѐ потензичната ситуација по отворањето на аферите „Пуч“ и „Прислушување“.

- Повикувајќи се на посветеноста на ЕУ во рамките на Солунската агенда, на заклучоците на советот од 16 декември 2014 година и на кандидатскиот статус на Поранешната југословенска Република Македонија, советот ја изразува својата длабока загриженост во врска со влошената ситуација во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите, кои се јадро на демократските вредности во срцето на ЕУ и на нејзината политика на проширување. Во интерес на граѓаните, демократијата, владеењето на правото и на политичката стабилност, советот ги повикува политичките лидери брзо да пристапат кон решавање на овие проблеми - се вели, меѓу другото, во заклучоците.

Понатаму, советот ги повикува сите страни да ги преземат своите одговорности и да пристапат кон итни мерки за одржливо решение, конструктивно да се вклучат во рестартирање на политичкиот дијалог и враќање на довербата во институциите со соодветни политички чекори. Сите тврдења, според шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ, треба да се испитаат од страна на надлежните органи, вклучувајќи ги и наводите за потенцијални злоупотреби, и сето тоа треба да се прави јавно, со целосно почитување на законските процедури и на принципите на независност и на пресумцијата на невиност.

Советот ја поздрави олеснувачката мисија на членовите на Европскиот парламент во разговорите меѓу главните владини и опозициски партии и ги повика сите страни да покажат воздржаност и да се фокусираат на решавање на тековната политичка криза што е можно поскоро.

Потврдувајќи дека ќе продолжи ангажманот на ЕУ, вклучувајќи го и редовното известување од страна на комисијата за ситуацијата во земјата и за напредокот на земјата во европска интеграција, а во согласност со заклучоците усвоени на 16 декември 2014 година, советот најави дека на ова прашање ќе се наврати во текот на следните месеци.   

Автор: Д.М.М.

Превземено од:

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=42215102197&id=9&prilog=0&setIzdanie=23450
Коментари
Нема коментари.
 
Архива