портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
СО ПРЕТСЕДАТЕЛ А БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛ
февруари 2019
Зоран
Иванов
Својот прв човек државава да го востоличува едноставно, безболно, беспари, без кампањи и партиски галами и особено без сеење пизма меѓу граѓаните. На оваа тема нека си чукаат глава партиите во нивните централи и партениците во парламентот.

Политиката на делби се форсира и за престојниве избори па многу извесно е земјава пак да добие претседтел, а да не добие претседател легитимен за сите.


Пред да го затворат уствот што го отворија за да го имплементираат обврските од Преспанскиот, политичарите испуштија добра можност да го преиначат и членот 80 и другите поврзани со претседетелот на државата. Откај граѓаните како што е сега, изборот пак да им се поттури на пратениците.

Оп првиот македонски претседател Киро Глигоров, од неговиот прв мандат добиен со многу политички турболенции па сепак од првиот плурален парламент па наваму, сите свои претседатели земјава ги добиваше на непосредни избори. Во двокружниот систем се редеа: Прво пак политичарот Глигоров.  Во 1994 година тој како независен кандидат, но всушност „членската книшка на СДСМ број 1“, уште во првиот круг со неверојатни повеќе од половина милион гласови го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ режисерот Љубиша Георгиевски.

Кампањата беше партиски организирана. Во двата изборни штаба се слеваа и се трошеа многу црни пари. Се организираа митинзи во сите општини. Се продуцираа спотови, се промовираа вредности за својот кандидат и се подментнуваа обвинувања за противникот. Партиски битки со гладијаторски примеси во стилот или тие  или ние. Поларизацијата допираше до секој сегмент во животот. Од плоштатдите и улиците до работните места и домовите. Дека и да имаше втор круг гласање Љубиша Георгиевски немаше да го победи Киро Глигоров, тоа сигурно. Но дека имаше нерегуларности, евидентно беше и тоа. Следуваа реакции, протести, непризнавања, обвинувања за изборни кражби. ВМРО-ДПМНЕ не го признаваше Глогоров за прв човек на државата. Македонија беше со претседтел, а без претседател легитимен за сите.

Ете така македонските политички елити ја започнаа одисејата шефот на државата, со многу непотребни галами и помпи, да го избираат граѓаните. Оттогаш, во не многу различни околности, во идентични партиски кампањи, со многу црни пари, со војнички мобилизациии на партиските членства, со грандиозни митинзи, билборди, плакати, спотови, со естрадни пејачи и со вулгаризација на политичкиот амбиент, со поделби на граѓаните во навивачки табори, цели двеипол декади се тркалаат македонските претседателски избори. Но со овој, нели најдемократски модел, ниту ја унапредивме демократијата ниту пак избиравме преседател за сите граѓани. Тие, мандатот главно си го туркаа според нотите на своите партиски промотори. Во идентични изборни амбиенти со многи црни пари, со скапи кампањи со навреди, обвинувања, оцрнувања, се редеа Трајковски, Црвенковски, Иванов во два мандата. 

Во 1999-та година дотогаш малку познатиот политичар, актуелен заменик министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Трајковски, вториот претседател на независна Македонија, во вториот круг го победи кандидатот на СДСМ Тито Петковски. Во првиот Петковски водеше со дури сто и нешто илјада гласови. Но во вториот, во драматичен пресврт моделиран главно од влијателни странски фактори поради тогашни актуелни глобални и регионални интереси, Трајковски како кандидатот на власта го победи Петковски. Дека имаше кржби на гласови, беше евидентно. Но дека Трајковски тогаш мораше да победи, исто така, беше сосема јасно. Реакциите од СДСМ беа протести, непризнавања, обвинувања за фалсификати и изборни кражби. Граѓаните поделени. Едните радосни и еуфорични, другите извисени и депримирани. Овојпат СДСМ не го признават Трајковски. Македонија пак со претседтел, а без претседател легитимен за сите.

Трагедијата со авинската несреќа во која загина Трајковски, прдизвика шок, национална траума но и национално единство. Но сето траеше кратко. Политиката вози натаму и партиите бргу се престроија за избор на нов претседател. Конкуренти харизматичните, премиерот Бранко Црвенковски, тогаш неприкосновен лидер на СДСМ и Сашко Кедев лекар, млад но веќе афирмиран кардиолог кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Со слободен избор на граѓаните и по нешто на сила, Црвенковски победува во првиот круг. И овојпат веќе традиционалниот постизборен амбиент. Поделени и партиите и  граѓаните. Сега  ВМРО-ДПМНЕ не го признава претседателот. Обвинува за фалсификати со излезноста, со цензусот. И повторно  Македонија со претседател, а без претседател со легитимитет за сите.

По пет години нови избори. Драстичниот пад на довербата ги принудува партиите на нова тактика. На промоција на непартиски кандидати па сепак блиски до нивните политички доктрини. ВМРО-ДПМНЕ излегува со Георге Иванов, СДСМ со Љубомир Фрчковски. Двајцата професор по парвни науки. Првиот, кандидатот на власта, победува во вториот изборен круг. Во атмосвера на целосна поделеност на општеството, очекувањата од новиот претседател се големи. Набргу меѓутоа, разочарувањата од него се уште поголеми. Наместо претседателска политика на единство, тој форсира агенда на антагонизми. Се потврди дека Иванов е само извршител на директивите од партиската централа. Опозицијата не го признава и не го прифаќа. Македонија пак со претседтел, а без претседател легитимен за сите.

Во 2012-та, нови избори. Овојпат Георге Иванов пак кандидат на ВМРО-ДПМНЕ против непартискиот кандидат на СДСМ и во широката јавност се популарниот професор Стево Пендаровски. Во услови на тоталитарно владеење на неговата промотор партија Иванов повторно победува. Неавторитетниот и веќе со имиџ на националист, својот втори  мандат го почнува со оспорувања од опозицискта СДСМ. Со обвинувања за незапамтен изборен грабеж. Додадтно, овојпат него не го признава ниту ДУИ коалицискиот партнер на власта. И повторно Македонија со претседтел, а без претседател легитимен за сите.

Ете, некако таква е нашата претседателкска изборна историја. Па, ако веќе се испушти уставната шанса од пред некоја недела, би било умесно на првата наредна изборот на шеф на државата да се вгнезди назад во собранието. Овој модел одамна го имаат испробано и успешно го практикуваат голем број развиени западни парламенртарни демокртатии. Својот прв човек државава да го востоличува едноставно, безболно, беспари, без кампањи и партиски галами и особено без сеење пизма меѓу граѓаните. На оваа тема нека си чукаат глава партиите во нивните централи и партениците во парламентот.

Политиката на делби се форсира и за престојниве избори па многу извесно е земјава пак да добие претседтел, а да не добие претседател легитимен за сите.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива