портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Дали Русија формира „Лига на словенски земји“ без Македонија!?!
февруари 2013
Мишко
Иванов
Можно е создавање на славјанска унија во која би членувале Русија, Белорусија, Украина, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Лужатија, Бугарија, Црна Гора, Полска, Чешка и Словачка. Така би се основала “Лига на Словенските Земји”. Според Игор Мураџан, аналитичар во ерменскиот весник “Еркрамас”, од оваа пролет се прават обиди да се најде заеднички јазик меѓу Србија и Бугарија и да се поврзат нивните заеднички интереси. На тие состаноци меѓу другото се разговарало и за унија меѓу Србија, Бугарија и Грција, во која подоцна би се придружиле Македонија, Црна Гора и Кипар.


Серијата проекти, но и понуди со силен финансиски импакт ја разнишаа американската доминација на Балканот. Го превзема ли Русија влијанието врз Балканскиот полуостров.

Јужен Поток, неодоливата понуда на Русите за грчките државни компании кои се приватизираат, страотниот пробив во Србија, одличните односи со Турција само ќе ја зецементираат позицијата на Руската федерација на Балканот. Сепак кај експертската јавност постои поделеност по однос на можната руска влијателност на Балканот.

Стево Пендаровски: Руско влијание на Балканот повеќе е мит, отколку реалност

Наспроти прилично раширениот мит, политичката димензија е маргинална во однос на рускиот влез на Балканот. Во изминативе 20 години Москва никогаш на балканските држави не им понудила некоја од евроазиските регионални организации каде таа е член  како алтернатива за ЕУ и НАТО, смета Стево Пендаровски, поранешен советник во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски и универзитетскиот професор.

„Единствената преостаната компонента на глобалната руска моќ – енергијата, во целост го одредува и профилот на најзиниот надворешен настап. На пример, проектот Јужен Поток нема за цел да ре-позиционира некоја од балканските држави во руската сфера на интерес, туку да го поткопа европскиот проект Набуко како можна алтернатива на руските енергетски коридори кон Европа. Евентуалниот влез во грчката гасна компанија, исто така, нема политичка конотација, како што беше и при влезот на Кинезите во еден дел од пристаништето во Пиреја пред три години. Можноста од руски влез во Хрватска апсолутно не може да го сврти Загреб кон истокот, затоа што е веќе сигурен член на западот“, вели Пендаровски и додава дека Русија единствено со купувањето на НИС во Србија ја “наплати” својата поддршка за Косово во Советот за безбедност на ОН, но, експертите велат дека Москва со тоа не сака да направи од Србија нова руска провинција, туку преку Косово да ја задржи глобалната релевантност, објаснува Пендаровски.

„Патем, во ЕУ денес најзависни од рускиот гас се Германија и Италија, но никој не ги обвинува Берлин и Рим за политичко свртување кон истокот.

Од аспект на енергијата и инвестициите Македонија е небитен пазар за Русија, што не значи дека треба да сме пасивни. Напротив, Гаспром е единствената опција за гасификација на Македонија“, вели за Фактор, Пендаровски.

Мирче Адамчевски: Путин промовираше нова политика за Балканот

Во својата колумна објавена во Фактор, поранешниот дописник од Москва за Македонија, Мирче Адамчевски истакна дека Русија доследно ја спроведува политиката, промовирана од претседателот Владимир Путин во неговиот прв мандат, во поглед на Балканот. Култура и економија. Владимир Путин кога прв пат дојде на власт беше помирен со фактот дека Русија ја изгуби политичката битка за Балканот и ја промовираше својата нова политика. Резултатите од неа се гледаат денес. Во сите земји има некоја форма на руски културни домови, а Словенија е и претседавач на асоцијалцијата на славјанските земји, напиша Адамчевски.

„Нашата земја со години се прави како да не гледа каде одат работите. Поточно, каде отидоа. Извоз во Русија од неколку десетина милиони долари е катастрофа, наспроти увоз од стотици милиони долари. Изминатиот период е полно со пропуштени можностиод наша страна. Во меѓувреме руски капитал влезе во земјава во енергетиката, металургијата и рударствто(Лукоил, ТЕ-ТО, Топилницата во Скопје, Југохром и САСА). Нашите политичари наместо да учат од Словенија, се криеја пред руските иницијативи и сметаа дека ништо страшно не се случува. Кога видоа дека работите не одат во посакувана насока почнаа нешто да работат..Но еве и сега не се знае дали се оперативни средствата од клириншкиот долг на Русија кон Македонија. Колку и дали е нешто искористено од нив. Гасификацијата малку тргна напред и гасоводот почна да повлекува повеќе гас, но се уште е далеку максималниот капацитет, а со тоа и намалувањето на цените“, напиша меѓудругото во колумната за Фактор, Мирче Адамчевски, поранешен дописник од Москва за Македонија.

Руски поход во Грција

Двете необврзувачки понуди од Русите на тендерот за приватизација на националната гасна компанија Депа и за националниот оператор со гас Десфа, ги покажуваа намерите на Русија да ја прикаже Грција како нов партнер во Југоисточна Европа. За двете компании заедно се предвидуваат 2,7 милијарди евра, што е показател за силниот интерес од страна на Москва, пишуваше грчкиот весник „Етнос“.

Геополитичкиот интерес на Русите се покажува преку учеството во процедурата за приватизација на сериозни руски компании. Тие се враќаат шест години по првата рака на соработка, дополнета со меѓудржавно разбирање за изградба на нафтоводот Бургас-Александропулос, и по меморандумот за гасоводот Јужен поток – јужниот коридор за транспортирање на гас (Бугарија-Грција-Италија). На крајот, овие проекти не постигнаа успех заради погрешните дејствувања на претходните влади, анализира весникот кој открива дека освен во учеството во приватизацијата на Депа и Десфа, Русите покажуваат интерес и за железничката компанија Траиносе – компанија ќерка на грчкиот национален железнички превозник Осе.

Извадокот е превземен од:

www.faktor.mk

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива