портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Децентрализација на власта – интеграција или дезинтеграција на општеството
декември 2012
Линда
Шакири
Дали припадниците на Албанската етничка заедница осознаа дека со стекнување на повеќе права се стекнуваат и повеќе обврски кон државата и поголемото учество во институциите на системот носи и поголема одговорност за одлуките кои се носат на државно ниво.? Од друга страна, пак дали, Македонската заедница осозна дека со тоа што се унапредија правата на заедниците таа не е обесправена, бидејќи ,интегрирањето на помалите заедници во општеството ќе значи дека тие  ги делат со Македонците и  обврските кои ги наметнува заедничката држава.






Крајот на годината вообичаено е време кога се прави ретроспектива на збиднувањата во годината која ја испракаме, достигнувањата кои сме ги постигнале, но и лошите резултати кои сме ги имале.Така е тоа насекаде во светот, во државите но и во семејствата, домаќинствата. Целта на тоа сумирање на резултатите сигурно е една, во годината која следи да се продолжат со исто темпо да се спроведува добро сработеното од оваа година и да се корегираат погрешните потези, ако може да не се повторат  за да следнтата година биде поуспешна од минатата. Најдобро е при тоа да ги извадиме розовите наочари и на работите да гледаме реално и критички, нели за да можеме со вистинско име да ги ословиме позитивните и негативните работи.

Еве, ние, во Македонија,освен што за некој ден ќе ја испратиме старата 2012, за некој месец ќе се најдеме и пред почетокот на кампањата за локалните избори во Република Македонија.Па така, сигурно е време да се позабавиме со тоа што во овие два циклуса од 2005 до сега, ни донесе децентрализацијата на власта,дали зголемувањата на надлежностите на локално ниво  им го поедностави животот на граѓаните и пред се дали денес после скоро осум години од територијалната поделба на државата и повеќе од десет години од потпишувањето на фамозниот Охридски договор, живееме во етничка толеранција,  едни со други  или пак  едни покрај други, граѓани на Македонија од различни етничка и верска исповест.  

Иако, процесот на децентрализација обезбеди еден вид на рамка која делегира поголем број надлежности на локалната власт, и со тоа го зголемува нивниот авторитет, т.е можност поедини општини да имаат  поголемо влијание врз локалните политики, сепак процесот на децентрализација е  доживуван како  еден од најболните проекти, кои произлегуваа од рамковниот договор и неговото спроведување некогаш е оценувано како  најголема закана за стабилноста на државата после конфликтот во 2001 година. И наместо децентрализацијата да се гледа како европска вредност која ќе ја доближи власта до граѓаните, а со тоа ќе им го зголеми квалитетот на животот на гражаните, за жал децентрализацијата и ден денес се сваќа само како нужност.Факт е дека во трката по бројки , за да се задоволат критериумите кои ги налага правичната застапеност во локалната самоуправа, како еден од принципите на Охридскиот договор, се заборава на тоа дека успешна децентрализација значи , да им се обезбеди на општините непречено да функционираат, за тие да  можат да ја обавуваат својата главна улога а тоа е да бидат сервис за граѓаните. Денес, во осмата година од почетокот на децентрализацијата, во многу општини останаа некои проблеми кои се провлекуваат уште од почетокот на децентрализацијата, а тоа е распределбата на финансиите и делегирање на поголема моќ на локалната власт.

Во една вака  осиромашена и по секој основ поделена држава,освојувањето на власта на локално ниво, во најголем број случаеви, најнапред значи задоволување на желбите на  партиски војници на власта, со вработување во општинската администрација, се разбира под изговор за  задоволување на критериумот  на правичната застапеност,  без при тоа да се запазува оној друг важен критериум за квалитетна локална власт,  а тоа е компетентноста на општинската администрација. Одттука, може да се извлече заклучок за тоа колкава е свеста и желбата на политичкото водство во државата за квалитетна и успешна децентрализација на власта.

Сметајќи на тоа  дека локалната самоуправа треба да им  нуди на  своите граѓаните еднаков квалитет на услуги како што централната власт ги нуди на централно ниво, односно да се намали обврската на ѓраѓаните да се упатуваат во централните државни служби за да може да ја завршат својата работа, тогаш станува нејасно зошто пренесувањето на ингеренциите од централно на локално ниво, особено во сфера на финансиите, како и оспособувањето на локалната администрациоја да може да се справи со сите предизвици кои и се поставуваат на патот на нашата држава кон Европската Унија, оди така тешко.  

Исто така заеднички проблеми за сите граѓани секако преставува локалната инфраструктура, локалната администарција,проблемите со водоводите и канализацијата, квалитетот на животната средина. Тоа воглавном се проблеми кои помалку зависат од етничката толеранција и демографската сртуктура на населението во една општина, а многу повеќе зависат од способноста на избраните градоначалчници да се справат со сите предизвици на локалната самоуправа, а и од релацијата централна вис-а ви локална власт. Впрочем и еден од главните предизвици на децентрализацијата е како да се менаџира соработката меѓу централната и локалната власт. 

Иако зголемените надлежности на општините се однесуваат на повеќе области: локален економски развој, урбано планирање, јавни услуги, финансии, образование, социјала и здраство, култура, заштита на животна средина,локалната власт се уште има голема зависност од централната власт. Со други зборови , централната власт, понесена од стравот на губење на својата моќ, а притисната од потребата за непречено спроведување на децентрализацијата, за висината на средствата кои ги префрла на локалната самоуправа, не ретко се раковододи од тоа за која општина се тие средства наменети , а понекогаш, што е уште пострашно, и на која политичка опција припаѓа градоначалникот на општината која треба да ги добие парите. Со тоа свесно или несвесно, власта им ја зголемува моќта на градоначалниците кои припаѓаат на политичката партија што е на власт, а од друга страна ги држи во еден вид „политичко заложништво“ градоначалниците кои се од некоја друга политичка партија или пак се независни кандидати. Но, притоа се заборава на тоа дека всушност цената на политичките игри и пресметки меѓу централната и локалната власт ја плаќаат граѓаните, како директи консументи на сервисот што треба да го обезбеди секоја општина за да го покачи квалитетот на живот на нејзините жители. Според градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи , големите политички партии кога доаѓаат на власт со мешани коалиции , забораваат на она што би требало да биде автономна власт на општините, независно дали се работи за општина со мнозинско Македонско или мнозинско Албанско население. Тој истакнува дека кај владите недостасува воља да делегираат на локално ниво, поголема моќ и битни извори на финансирање, како што се распределба на ДДВ и персоналниот данок. На ова може да се надоврзе и фактот кој исто така го споменува Османи, а тоа е дека при распределба на средстава за капитални инвестиции од централно ниво, за жал, се прави  дискриминација по повеќе нивоа и тоа освен етничка и територијална, така и по партиска основа.

Поделеноста на општеството по сите основи и продлабочувањето на разликите помеѓу најголемата македонска и албанска партија во централната власт доведе до тоа да општините со мешано население по етничка основа, особено општините кои во 2005 се доживуваа себеси како „обесправени“ или „жртви кои ја губат својата територија“ (заради тоа што на  предходно мнозинска Македонска општина се припоија општини со мнозинско население од албанска заедница , и со тоа помалата заедница на централно ниво, стана мнозинска заедница на локално ниво  како што е примерот со  Струга, Тетово, Гостивар, Чаир ), се уште преставуваат фрагилни места  кои лесно може да потпаднат под провокацијата на екстремистите од било која националност и да иницираат раздор на и онака кревката меѓуетничка толеранција.  Впрочем ,тепачките кои се случуваа во изминативе години, а особено беа актуелни во почетокот на 2012 година помеѓу, ученици Македонци и Албанци, во училиштата во Струга, Куманово, Скопје и други општини  со мешано население, укажува на фактот дека  меѓуетничкиот соживот во нашата држава ,одамна излезе  од  контрола.

Во последно време, градските автобуси во главниот град на државата постанаа опасно превозно средство, поради секојдневните провокации и тепачки меѓу учениците Македонци и Албанци.Искричењата кои се случуваат помеѓу македонската и албанската заедница на централно ниво, неминовно е да се пренесат и на локално ниво, а пак  зголемената нетрпеливост особено помеѓу младата популација се должи на тоа што тие преставуваат плодна почва на која може лесно да се посее семето на националоизмот.  Тие , најмладите најчесто  го артикулираат ставот на возрасните кон одредени горливи прашања во општеството, како што се етничката толеранција и соживот. Впрочем , во овој контекст останува тезата дека политиката е таа која може да ги предизвика , но исто така и да ги спречи тензиите и инцидентите во зависност од актуелниот политички момнтум.Анализирајќи ги случувањата во меѓуетничките односи Македонија во последниве некоплку години , политичките елити не може докрај да дадат одговор на прашањето дали имплементацијата на Охридскиот рамковен Договор на централно и локално ниво навистина ја зголеми довербата помеѓу најголемата етничка заедница во државата и другите помали етнички  заедници, особено албанската и колкав е доприносот на децентрализацијата  во поглед на градењето на македонското мултикултурно општество.

Доста често во дебатите за степенот и успехот на децентрализација кај нас се доаѓа до заклучокот дека сега, повеќе од било кога етничките заедници живеат едни покрај  други, наместо едни со други. Исто така и случувањата во последно време укажуваат на нарушување на процесот на градење на мултикултурализмот. Имено, чекорите кои се преземаат од страна на централните и локалните власти укажуваат на тоа да наместо процесот на децентрализација  да  значи огромна придобивка и европска вредност за нашата држава, тој доведува до тоа да “секоја заедница одлучува за своите“.  На пример,секојдневните политички настани даваат една слика во која може да се каже дека Министрите Албанци, се чуствуваат „покомотно“ кога се во посета на општините каде што има градоначалници од Албанската етничка заедница, исто како што Министрите Македонци повеќе милуваат да шетаат по улиците на општините со градоначалници од македонската заедница. Тоа во јавноста оддава слика на привиден компромис во стилот „ сакаме да го гаиме и унапредуваме соживотот и меѓуетничката толеранција, но сепак поудобно ни е да се движиме во својот етнички двор“, што на подолг временски период , никако не може да биде одржливо решение за мултиетничка држава со балкански менталите, ниту пак се совпаѓа со принципите на Охридскиот Рамкиовен Договор. Исто како што воведувањето на етничките смени во основните и средните училишта во општините со етнички мешано население како што се Струга или Чаир  или пак одбиивањето на првачињата албанци да го изучуваат  македонскиот јазик, можеби преставува некој вид превенција од пораст на нетрпеливоста меѓу учениците, но никако не значи чекор напред во осознавањето  на културата на другата етничка заедница, што преставува еден од столбовите на заедничкиот соживот во државата. Поделеноста на учениците по етничка основа во одредени општини со мешан етнички состав на населението, не е оправдана и од страна на поранешниот преставник на Европската Унија во Македонија, г-динот Ерван Фуере, кој во една прилика изјави дека „ доколку создадете разделеност на ниво на училиште, можете да замислите какво влијание ќе има ова за општеството во целина. Според Европреставникот,  клучно е системот на образобвание да е одраз на мултиетничкиот карактер на Македонија.  Тоа треба да се постигне со активно учество на чинителите на локалната и централната власт, но и на наставниците и родителите, за да се надмине недовербата и да се одстранат  предрасудите.  Кога говориме за предрасудите, табуата и непознавањето на културите, помеѓу етничките заедници, не е лошо да го споменеме и фактот за склучени мешани бракови во попстрамковна Република Македонија.

Имено,една од придобивките на децентрализацијата во 2005 година требаше да биде и зголемување на меѓуетничката толеранција, со тоа што ќе се делегираат поголеми права на заедниците , но и ќе се зголеми почитта кон нив со примената на правичната застапеност на помалите етнички заедници во единиците на локалната самоуправа. Зголемувањето на популацијата на одредени општини , доведе до поголемо мешање на граѓани од различна етничка припадност и неминовност тие повеќе да се запознаваат едни со други, да ги осознаваат културите и обичаите на своите сограѓани со друга верска и етничка припадност, да соработуваат меѓусебе, да се дружат , а понекогаш и да се вљубуваат. Статистиката покажува дека од 2007 година бројот на мешани бракови расте , но таа слика не ја отсликува автенично ситуацијата во стварноста бидејќи се работи за бракови помеѓу Македонец од руралните средини и Албанка , донесена невеста од Албанија.

Според проф. Ацевски, доближувањето на склучени мешани бракови во државата до 5%, покажува дека до некаде толеранцијата се движи во позитивна насока. Но, нашето општество сè уште не стигнало до таа бројка од 5%. На крај, професорот заклучува дека мешаните верско-етнички бракови се крајна дистанца на надминувањето на бариерите меѓу различните етнички заедници.

Овие податоци покажуваат дека Македонците и Албанците се уште живеат едни покрај други и не можат да ги надминат бариерите и стереотипите едни за други. Тоа донекаде не наведува да размислуваме дека политичарите, во борбата за својот политички престиж, го користат процесот на децентрализација и делегирањето на власта на локално ниво

како поле за пазарење и  добивање на  сопствени политички поени, а при тоа забораваат дека ги загрозуваат меѓуетничките односи, што од друга страна може да преставува закана за безбедноста во државата.

За жал, понекогаш, се добива впечаток дека Договорот  преставува основа за политичко пазарење меѓу политичките елити за решевање на некои прашања: како што се употреба на јазикот и симболите  на заедниците или  статусот на борците на ОНА, амнестија на учесниците во конфликтот во 2001 година , кои развија жестоки дебати во јавноста. После ова се наметнува прашањето дали после 11 години од неговото потпишување Рамковниот Договор , освен бројки кои треба да бидат задоволени , заради задоволување на правичната застапеност, донесе навистина унапредување на меѓуетничката толеранција на овие простори или пак уште повеќе ги продлабочи разликите.

Дали припадниците на Албанската етничка заедница осознаа дека со стекнување на повеќе права се стекнуваат и повеќе обврски кон државата и поголемото учество во институциите на системот носи и поголема одговорност за одлуките кои се носат на државно ниво.? Од друга страна, пак дали, Македонската заедница осозна дека со тоа што се унапредија правата на заедниците таа не е обесправена, бидејќи ,интегрирањето на помалите заедници во општеството ќе значи дека тие  ги делат со Македонците и  обврските кои ги наметнува заедничката држава. Имено , за да може некој да ја чуствува државата како свој дом, тој треба да биде потполно интегриран во неа , а никако да не се чуствува маргинализиран (на што повеќето Албанци се жалеа во годините пред потпишувањето на договорот).

Случувањата кои се актуелни во изминативе неколку години, а особено последниве неколку месеци , не ми даваат за право да помислам дека со потпишувањето на договорот сме го апсловирале прашањето на соживот и меѓуетничка толеранција и дека навистина ги релаксиравме меѓуетничките односи. Впрочем ова што се случува, денес , очигледно е дека е кулминација на тензиите кои се поттикнувани и подхранувани во подолг временски период од страна на најодговорните за спроведување на Рамковниот Договор како гаранција за стабилни меѓуетнички односи, а тоа се политичките елити на централно од  најголемите етнички заедници во државата. на централно и локално ниво. 

Поделбата на општеството по етничка линија, што го констатира „Европската Комисија за борба против расизам и нетолеранција при Советот на Европа- ЕКРИ“, не води кон здружување на  двете најголеми етнички  заедници во државата. Особено е загрижувачка поделбата во образовниот ситсем , каде со посета на учениците на различни паралелки , наместо мешани, и изучување на настава само на мајчин јазик , не може да не доведе до успешен соживот.

И како за крај , сигурно нема да кажеме ништо ново ако се сложиме со тоа дека за да живееме заедно, треба да се осознаеме и да не се плашиме од разликите на другиот. Тоа се постигнува само со тоа што во образивниот систем ќе се обидеме , ненаметливо да вментеме програми кои освен за сопствената култура , ќе изучуваат и теми од културата на нашите сограѓани. Освен тоа и изучувањето на јазикот на малцинствата од страна на македонските деца и на македонскиот јазик уште во прво одделение кај учениците од заедниците , како основна алатка за меѓусебно разбирање треба да се разбере  богатсво ,  а не како табу тема. Со тоа ќе докажат дека примената на ОРД на локално ниво не преставува само задоволување на критериумот на фамозните 20%, туку навистина дава можност да се работи на подобрување на соживотот во општината со тоа што ќе се почитуваат подеднакво сите жители, без обзир на колкав процент од граѓаните припаѓаат. Ова треба да биде пример и за сите авторитети од власта кои при промовирање на политиките се упатуваат само кај „ своите“. Зарем министрите Албанци се министри само на Албанците ,па со задоволство ги посетуваат само општините со мнзинско албанско население, а министрите Македонци се министри само на Македонското население.  Се прашувам на пр. исто така дали градоначалникот на Аеродром размислувал некогаш за тоа локалниот весник кој се печати од парите на сите жители на општината , без разлика на етничката припадност,   да го испечати освен на македонски и на албански , српски или турски јазик. Обратно, зарем присуството на 3,91% Македонци во општина Сарај наспроти 91,5% Албанци , не му дава за право на советот на Сарај да донесе одлука  да се печати локален  весник и на Македонски јазик и со тоа да им покаже на Македонците кои живеат во општина Сарај дека иако се помалку застапена етничка заедница, сепак  се свои на своето. Еве тоа,чисто како еден допринос за поголема меѓуетничка толеранција од нивна страна , а не како исполнување на некој член од законот за децентрализација на власта или од фамозниот Охридски Рамковен Договор. Затоа што, нели  процесот на децентрализција е движечки процес кој треба постојано да се надоградува и од ден на ден да обезбедува поквалитетен живот на граѓаните, а тоа донекаде значи и промена на односот на чинителите на власта кон тоа како да го извлечат најдоброто од овој процес и да доприносат истиот да преставува европска вредност за Македонија.

 

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива