портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Надеж за македонски пресврт
декември 2012
доц. д-р Тони
Науновски
Занесени од пропагандистичкото искривување на реалноста, што функционира единствено меѓу медиумско-политичкиот дискурс на Македонците, некои луѓе не можат да го препознаат специфичниот и сензитивен актуелен миг на Балканот, во кој многу брзо и едноставно може да ни се случи дури да останеме и без држава.

По секојдневното и се поинтензивно пропаѓање на ВМРО-ДПМНЕ во антимакедонскиот вртлог кој им го направија нивните „коалициски партнери“ од ДУИ, како и со ирационалното продолжување на нивното анти–ВМРО политичко однесување, кое има ужасни последици врз (не)одржливоста на македонскиот национален дух, преостанува надежта дека можеби кај СДСМ конечно ќе се случи македонскиот пресврт. Први знаци за тивкото, но толку потребно внатрепартиско реформирање во однос на двете големи теми/прашања (задржување на името Македонија и односот кон малцинствата) даваат постапките на две личности од раководството на оваа партија. Kонсеквентно, нивните одлуки и изјави можат да се анализираат и третираат како партиска политичка одлука, односно како израз на самоспознанието на СДСМ дека во овој историски момент е неопходен поинаков пристап кон големите проблеми на Македонија. Имено, станува збор за г. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Kарпош и висок партиски функционер во СДСМ (претседател на Скопската градска организација на партијата), кој храбро ги издржа нелегалните барања за отворање некакви паралелки на кои ќе се учи на малцински јазик во училишта на територијата на таа општина (инаку, позната тактика за „колонизација“ и „обележување“ на нова територија), и за г-ѓа Цветанка Иванова, пратеник и претседател на Kомисијата за труд и социјална политика во Собранието на РМ. Токму со принципиелното однесување на г-ѓа Иванова, доколку се идентификува, односно претставува израз на новата политика на СДСМ за овој комплекс на прашања, се појавува (во некоја смисла) легитимната супституција за веќе загубениот мит на ВМРО како единствен заштитник на Македонските национални и државни интереси.

Редицата грешки што ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги прави веќе четири години поради политичката „покорност“ кон ДУИ, овие денови доживува нова транспонирана кулминација со нивното ирационално поднесување предлози за нови закони и одлуки на комисијата во Собранието на РМ – која мора да биде блокирана за сите нови предлози се додека не се изгласа законот за македонските бранители. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да го примени тој метод секаде и на сите места во институциите на системот со кои (барем формално) се уште раководи, се до мигот додека не сфати дека мора веднаш да распише нови предвремени парламентарни избори, нивни претставници ја обвинуваат и ја критикуваат принципиелната одлука на г-ѓа Иванова (и, да се надеваме, на СДСМ). А таа одлука е вистинската – дека се додека не се изгласа точката за предлог-законот за бранителите, друго нешто за расправа на дневниот ред на Kомисијата таа нема да постави! Ете, и тоа го дочекавме ние, Македонците, од ВМРО-ДПМНЕ! Наместо да го прекинат проклетството на раздор и детски караници со сонародниците во овој најтежок историски момент на современата македонска држава, претставници на светото име ВМРО дополнително акумулираат негативна политичка енергија кај македонскиот народ. Непоучени од темната страна на македонската историја која, за жал, изобилува со примери на (и буквално) братоубиствена борба, наместо да имаат сензибилитет за најдлабоките барања на оние што ги претставуваат (Македонците!), некои личности од оваа партија ја критикуваат апсолутно легитимната и историски нужна одлука на СДСМ. Занесени од пропагандистичкото искривување на реалноста, што функционира единствено меѓу медиумско-политичкиот дискурс на Македонците, некои луѓе не можат да го препознаат специфичниот и сензитивен актуелен миг на Балканот, во кој многу брзо и едноставно може да ни се случи дури да останеме и без држава. Иако структурно (па дури и уставно) нефункционална, државата Македонија е реалност, но трансисториски гаранции за државноста, како што знаеме од мачната историја која ја живееле нашите предци, просто – нема! А токму примерот на г-ѓа Иванова се вклопува во парадигмата за упорноста и легалните начини за реализација на најсуштински концепти – во случајов, закон што ќе ги унапреди правата на хероите на Македонија (бранителите на македонскиот народ и граѓани од терористичките напади во 2001 г.), меѓутоа, и ќе ги артикулира најважните рационално-емотивни слоеви кај Македонците.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ дополнително да го инструментализира методот-одлуката на СДСМ, како легален начин за битен и во суштина прв изблик на македонската супстанција во контекст на поразите што ги претрпе од „коалицискиот“ партнер, пред очите на сите нас, поразените и напатени Македонци, истата го прави можеби и најголемиот свој историски и политички грев (симболички изразено). Одговорноста за досегашните пропуштени шанси за воспоставување нов однос меѓу партиите, што сепак поради фактот дека ВМРО-ДПМНЕ веќе шест години го добива изборниот легитимитет објективно може да се лоцира кај нив, денес ја доживува дури и својата пародија.



Извадокот е превземен од:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9DF40899266CFF4EB30C6D38C315241C

Коментари
Нема коментари.
 
Архива