портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Премиерот се откажа од Русија
октомври 2015
Извор: Фазан.мк

Тој единственото свое политичко преживување го гледа во гласачите, во нивната се уште нагласена верба спрема него како за човек водач кој е посветен на грижата за нив, на подобрувањето на животот на таканаречените обични луѓе без врски, без стабилни приходи, невработени, земјоделци, социјалци, инвалиди, пензионери ...




Груевски засега го „преживеа“ американскиот притисок за воведување санкции спрема Руската федерација, а во врска со украинските настани, но за возврат ја „предаде“ Русија со јавната и осбно нагласена изјава дека „Републиа Македонија припаѓа на семејството на Европската Унија и на семејството на НАТО и од тие причини се приклонува кон европскиот став за напуштање на идејата за гасоводот „Јужен поток“ од кој подоцна од таа траса се откажа и смата Русија.

Но Груевски сега е под друг вид многу силен притисок од кој што тешко дека политички ќе може да преживее. Фактот што преку содржините на прислушуваните телефонски разговори неговите западни пријатели сега го игнорираат како нивен сојузник укажува дека тие со него го завршија политичкото братство. Груевски во моментов е „политички сам“. Тој единственото свое политичко преживување го гледа во гласачите, во нивната се уште нагласена верба спрема него како за човек водач кој е посветен на грижата за нив, на подобрувањето на животот на таканаречените обични луѓе без врски, без стабилни приходи, невработени, земјоделци, социјалци, инвалиди, пензионери ....

Во отсуство на средниот социјален слој селение, тоа се мнозинството македонски гласачи. Тие беа експонентите на изборните победи на Груевски и на неговата партија од 2008-ма година наваму и во содејство со нагласената медиумска подршка во која инвестираше доста буџетски пари како и со тендерските привилегии за нивните сопствениции и сето во содејство со  централизираната „воена“ поставеност на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, ги доби сите наредни избори.

Сега, со директната инволвираност на САД и на ЕУ во „македонските работи“, преку извештајот на Прибе и изборот на специјалниот јавен обвинител, со фактот дека ќе го отстапи министерството за внатрешни работи и со напуштањето на премиерскта позиција на 1-ви јануари, останувајќи без имунитет, без премиерскиот печат и потпис, потпирајќи се исклучиво на партијата и на „страите врски“ по државните институции, на „своите“ телевизи и на се` уште своите кадри во многу други државни институции, и особено на нагласената изборна кампања со неброени мали и поголеми проекти за „подобрување на животот“ на обичните луѓе, значи „за грижата за нив“, Груевски објективно очекува на закажаните избори на 24-ти април 2016-та, пак од страна на претседателот на Република Македонијада ја добие премиерската палка макар со минимум глсови повеќе од политичкиот конкурент. Значи Груевски само тука ја гледа единствената шанса политички да преживее и правно да биде амнестиран од било какви обвиненија за злоупотреба на функцијата или за корупција и криминал.

Меѓутоа, овој негов план е многу, многу тешко остварил освен ако поради некои евентуални радикални надворешни случувања (бегалска криза и сл.) и нивни импикации во Р М, не настанат вонредни околности кои ќе го анулираат или барем одложат „планот на ЕУ и САД од Пржино“ за избори во април 2016-та. Во спротивно е мошне реално, преку активностите на Специјалниот јавен обвинител, Груевски воопшто и да не биде учеснк на закажаниѕе парламентарни избори.

Коментари
Нема коментари.
 
Архива