портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Ги влечат црвените линии
октомври 2012
K. Нешкова
М. Трајковска
Во екот на воениот конфликт во 2001 година поранешните припадници на ОНА првично од меѓународните претставници беа нарекувани „терористи“, што недвосмислено упатуваше на тоа дека се работи за агресија врз државата. Подоцна странците омекнаа во односот кон „терористите“, па тие станаа „бунтовници“ што во нивното подоцнежно рехабилитирање може да повлече одреден социјален статус. На крајот завршија како борци за човекови права.

Никола Груевски и Али Ахмети по шест години во владина коалиција дека во меѓусебните односи не им течe мед и млеко и дека комуникацијата им е сведена на пратеничко и на техничко ниво, особено во однос на законот за бранителите. Што е тоа што ги натера двајцата лидери првпат јавно да говорат за отежнатата комуникација иако и досега се случувало такво нешто? Според достапните од двата штаба, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со ова јавно исцртуваат „црвени линии“ меѓу себе и всушност им се обраќаат на своите гласачи навестувајќи предвремени парламентарни избори.

Пораките ги испратија лидерите од Собранието, каде што и најмногу се чувствува напнатоста. Ахмети тоа го направи завчера, а Груевски на седницата за гласање доверба на Владата пред десетина дена.

Аналитичарите даваат две објаснувања зошто тие отворено проговорија за проблемите во функционирањето на коалицијата. Првото е дека и Груевски и Ахмети ги исцрпеле сите начини на меѓусебна комуникација, па се обидуваат своите преговарачки позиции да ги подобрат преку јавен притисок на другата страна. Втората опција е дека се подготвуваат за избори. И едното и другото во крајна линија водат кон тоа дека и Груевски и Ахмети со отворениот настап си го билдаат рејтингот и лидерството.

- Не се работи за притисок што дополнително преку јавно застанување на позициите би го вршел Ахмети врз Груевски, туку на тоа гледам како на нова стратегија за настап и тоа однапред договорена. Ако досега молчеа за проблемите и откако ќе се постигне компромис тоа го изведуваа преку пониските ешалони, сега отворено говорат за своите проблеми зашто тоа едноставно им оди во прилог на рејтинзите. С` повеќе личи на договорени брзи избори, па сега се држат до договореното - секој да се обраќа од своите позиции: ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за бранители, ДУИ за статусот на борците на ОНА – вели аналитичарот Едмонд Адеми.

Отворање на картите

Според правилата и роковите во Уставот и во Изборниот законик, јасно е дека предвремени избори до Нова година нема да има. Впрочем, и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ најавија дека ако изборите се решение за владината криза тие би биле најрано паралелно со локалните избори в година во март. Според Ахмети засега меѓу партнерите не била отворена таа опција.

Отворениот говор на лидерот на ДУИ во неговата партија го сметаат едноставно како јавен повик до коалицискиот партнер дека има место за договор и за законот за бранители. Притоа упатуваат дека со дијалог и компромис, на кои експлицитно повика и Ахмети, го надминале и првичното несогласување за поставувањето споменик на Хасан Приштина.

- Тоа што ИК на ВМРО-ДПМНЕ веднаш потоа реши да го забрза законот за бранители е затоа што им требаше друга централна вест за внатрепартиска употреба – вели висок партиски функционер од ДУИ.

Оттаму очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да отстапи, односно законот да биде повлечен, а потоа да се предложи закон што ќе ги третира двете страни од конфликтот.

Од партијата на Груевски нема одговор што би значело ваквото „отворање на картите“ од страна на Ахмети. ВМРО-ДПМНЕ стои на позициите дека законот за бранителите треба да се донесе и дека последниот маневар тој да биде донесен по скратена постапка е само поради блокирањето од страна на ДУИ.

Не откриваат што ќе преземат по најавата на ДУИ дека ќе ги блокираат бранителите со повеќе од 5.000 амандмани, но неофицијално не исклучуваат дека новите избори може да бидат расплет на целата ситуација.

Молчењето заменето со говор

- Не верувам дека се подготвуваат избори, но јасно е дека ваквиот отворен говор за меѓусебните проблеми е нов и единствено оди во насока на одмерување на силите особено затоа што статусот на бранителите и борците на ОНА е осетливо прашање кое е битно за голема група граѓани што би биле клучни во некои наредни избори. Мислам дека повеќе станува збор за стратегија партиите да си упатат пораки еден на друг во стилот „ако треба ќе се скараме, ама не отстапуваме од своето“. Едноставно, повеќе си го мерат лидерството, отколку што коалциијата навистина е во толкава криза – коментира професор Ѓорѓи Тоновски.

Досега јавноста беше сведок на еден поинаков настап на двајцата партиски челници во однос на нивното меѓусебно функцинирање. Експертите за комуникации одамна предупредуваа дека Ахмети и Груевски најдобро функционираат кога молчат. За сите отворени прашања што се јавуваа тимови од партиски функционери на различно ниво постигнуваа компромис за кој се дознаваше многу подоцна иако односите меѓу Груевски и Ахмети во тој момент биле реално затегнати. Реченицата што тогаш ја употребуваа исклучиво функционери на пратеничко ниво беше „коалицијата функционира, за отворените прашања се разговара“. Потоа преку партиските органи и преку институциите се спроведуваше конкретниот компромис. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ молчешкум без изјави на лидерите ги решија „мајскиот договор“ од 2007 година, законот за употреба на јазиците на етничките заедници, законот за употреба на знамето и симболите на етничките заедници, црквата на плоштадот и Бурмали џамијата, амнестијата за хашките случаи...

Од бранители и терористи до жртви

Во екот на воениот конфликт во 2001 година поранешните припадници на ОНА првично од меѓународните претставници беа нарекувани „терористи“, што недвосмислено упатуваше на тоа дека се работи за агресија врз државата. Подоцна странците омекнаа во односот кон „терористите“, па тие станаа „бунтовници“ што во нивното подоцнежно рехабилитирање може да повлече одреден социјален статус. На крајот завршија како борци за човекови права.

Партиите на Албанците, пак, во неколку обиди бараа законски да се реши нивниот статус. За тоа „да помине“ во македонскиот политички блок поранешните припадници на ОНА беа именувани како учесници во конфликт.

Последната формулација на ДУИ за таа категорија граѓани, а која произлезе откако ВМРО-ДПМНЕ го поднесе законот за бранителите, е „жртви од конфликтот од 2001 година“. Нејасно е дали под жртви се подразбираат само цивилите настрадани во овој конфликт или, пак, и унифирмираните припадници. Слична квалификација има и во последниот извештај на ЕK за Македонија каде што се бара владејачките партии да ги надминат недоразбирањата преку заедничко законско решение за жртвите во конфликтот од 2001.



Извадокот е превземен од:

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=7B2568FC1216234AA410A8357251D02B
Коментари
Нема коментари.
 
Архива