портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Мајка Русија или Вавилонска грешница?
октомври 2014
Наталија
Ивчева
Русија практично ги затвори сите приоди кои можеа да ја нарушат безбедноста и стабилноста на нејзината целовитост. Русија доби посилна економија од било кога претходно, стана предводник во пропагандната војна, стана пример за водење дипломатија.


,,Скокни, па кажи оп“ - рекол народот. 

Во случајов со европолитиката кон Русија, како што покажува времето , Европските моќници не скокнаа туку се затрчаа и треснаа во ѕид. И наместо ,,ОП“ сега имаме ,,ОФ“. 

Политиката на Америка , била и ќе остане иста , позната одамна (подла, кобна, иритирачка, арогантна, нецивилизирана), но, како лидерите на Европа, подлегнаа и влегоа во оваа игра навистина треба да се запрашаме и е потребна подлабока анализа,а богами стои и голема позадина. 

Европа или делови од неа се вечен и неостварен сон за Америка. Постојано се водело и се води политика Европа да биде зависна од САД  , а одалечена од Русија. И конечно успеа со почетокот на својот план. Европа воведе санкции кон Русија, наводно заштитувајќи ја една своја држава наречена Украина. А само за потсетување да прашаме , каде беше заштитата на Европа кон земјите од Балканот и кон многу други останати држави? Но, да се разбереме Русија не е Балканот, па да може некој да си експериментира  и да им продава демократија, човекови права и слободи. Американската хегемонистичка идеја наиде на тврд орев, дотолку кажано и очекувано.    

Замислете Европа под закрила на САД онаа која промовира демократија,слобода на избор и ги гарантира универзалните човекови права на самоопределување во немањето доволен политички капацитет да ја придобие Украина и нејзините ресурси во склоп на својата Алијанса а поучена од САД, прибегна кон злоупотреба на своето геополитичко и стратешко место и ја употреби најдолната од сите политички методи, уцената. Колку за потсетување кризата во Украина не започна од Крим ниту од било какви руски провокации од страна на Русија на украинска територија, не заврши во Одеса со палењето на живи луѓе, ниту ескалираше во отворен воен конфликт, благодарение на руските амбиции кон Украина. Напротив, Украина западна во длабока општествено политичка и социоекономска криза, благодарение на уцените на Европската алијанса и параванот на САД кој пропагира демократија со употреба на милитантни, диктаторски методи, со цел репресија на еден народ и насилно менување на актуелната власт во една држава и поставување на политички марионети кој ќе знаат да играат на кантри музика.

Да се навратиме на коренот на проблемот. Иран и Сирија.

Во борбата за превласт над светските енергетски ресурси, САД тргна кон освојување на нови трофеи, заборавајќи дека токму овие трофеи веќе се во рацете на својот најлут ,,непријател“. Најверојатно заборавајќи дека повеќе нивните марионети во ликот на Горбачов и Јелцин повеќе не се на сцена, тие релативно лефтерно ја сватија нивната последна мисија за спроведување на демократија во арапските земји. Иако Иран веќе 700 години не учествувал во никаков вооружен конфликт, и иако Сирија на чело со наследникот Башар Ал Асат, беше земја со најголем економски раст, највисок степен на демократија и  изолација од сите воени конфликти кои се случуваа во околината на Сирија, САД реши својата хегемонистичка идеја да ја спроведе во овие земји, секако неоправдано. Во моментот пред наметнатиот конфликт лидерот на сирискиот народ Башер Ал Асад уживаше доверба од граѓаните од речиси 80 %. Доволно јасно и недвосмислено бројките укажуваа дека Сирија немаше недостиг на демократија. 

Но, бидна што бидна....САД ја доби битката со оружје, но ја изгуби дипломатската битка, потклекна пред новиот лидер на источниот блок ,претседателот на РФ Владимир Путин.

Во немоќта да се спротивствават на блискиот и среден исток , хегемонистите од западниот дел на светот решија ,,демократијата“ да ја донесат пред портите на Русија.А како, ако не преку спроведување на веќе видено сценарио во поранешна СРЈ, по речиси идентично сценарио кога беше сменет Милошевиќ, по истото сценарио од 2001 за кое за жал бевме и ние сведоци тука во Македонија. 

Продолжената рака на САД- ЕУ бескурпулозно спротивно на сите сопствени принципи постави уцена дури не употребувајќи дипломатски речник или со Русија или со нас. Однсоно,доколку се одлучите за Русија , Украина ќе пропадне во криза и така се случи. Па се постави сценарио се најдоа актерите и почна претставата наречена Евромаидан. Сведоци бевме на невидени акти на насилство кои требаше да ни укажат на слободата на искажувањето на слободната волја преку плановите на бароницата Кетрин Ештон и познатиот американски доставувач на сендвичи помошник државен секретар на САД Викторија Нуланд, која без трошка совест се појавуваше на протестите и им даваше сендвичи на кутрите  полицајци изморени од тепањето на невиниот  украинскиот народ. Да не се заборави дека бароницата и доставувачот на сендвичи планираа и извршуваа мрачни сценарија,  со цел спроведување на една банална стратегија и нов тип на пропагандна војна ангажирајќи снајперисти-платеници секако од познатата американска компанија  за обезбедување Блек Вотер, да убиваат демонстранти со една и единствена цел , демонизирање на Путин. За жал, или за среќа, беа претекнати во пропагандната војна па во јавноста беа обезличени напорите на режисерите, со емитување на снимените телефонски разговири на Нулан и Ештон, каде ги договрааат овие сценарија.

Откако и ова не  успеа, Путин доби огромна дипломатска предност и простор за маневрирање, па несомнено и најотворено ја поддржа и ја спроведе анексијата на Крим и ја додаде кон целовитоста на Руската Федерација. 

Западниот свет се најде пред уште еден колосален пораз и мораше да смисли  изговор за да ја продолжи својата пропагандна војна и демонизирањето на Путин, и решија од Украинското небо  да соборат патнички авион со 400 невини жртви, само и само за својата морбидна пропагандна војна. Со авионот се сруши и овој план, откако пропагандната машинерија на САД и нејзините служби паднаа пред испитот кој што така безгрешно го спроведе во 1999 и 2001 кај нас. За нивна несреќа, денес живееме во ера на информациии, па грешките со прикачувањето на наводните аудио снимки на руските сепеаратисти во Доњецк и Луганск, цели 4 часа пред да биде соборен авионот , беа само уште еден доказ на немилосрдната политика на Западот. Па следеа актуелни смени на директорката на националната безбедносна агенција на САД како и на раководството на Си ен ен.

Помина како што помина, пропагандата беше доволна да ги убеди граѓаните на западно европските земји дека следните активности, кои ќе бидат превземени против Русија ќе бидат оправдани. ЕУ слепо и како послушно прваче почна со спроведувањето на автодеструктивниот план. Под присила спроведоа економски санкции против Русија. Притоа пресметано или не, не ја  земаа во предвид цената која тие ќе треба да ја платат. Најголемиот пазар на ЕУ и прв стратешки пазар на истата, Руската Федерација, наеднаш дури и неочекувано за унијата донесе контрамерки кои што за момент ја клекнаа европската економија на колена. При тоа истите мерки кои беа превземени против Русија наместо да го имаа ефектот на ослабнување на руската економија се случи спротивното. Руската влада донесе низа мерки за осовременување и зголемување на капацитетот на домашното производство примарно на храна, а со тоа елиминирајќи ја зависноста на Русија, од европскиот пазар. Руската дипломатија во последните девет месеци направи огромни исчекори во обезбедувањето на алтернативни пазари, поставувањето на основите на БРИКС, удирањето на темелите на Евроазиската екононмски сојуз, ја обнови руската автомобилска индустрија до тој степен што легендарниот АУТО ВАЗ, планирано или не, лансираше автомобилски продукти на кои што може да позавиди дури и германската авто индустрија. Русија најави и долгорочна стратегија за експлоатација на огромните природни ресурси, првенствено природен гас, нафта, злато, метални суровини итн...и со тоа обезбедувајќи ја иднината и елиминирајќи ја економската, политичката и останата зависност од западните пазари.

Дотолку повеќе, Русија за евентуално изгубениот пазар на гас потпиша и историски договор со НР Кина со кој се гарантира откупот на целиот непотрошен гас наменет за земјите од Европа. Од другата страна пак бумерангот кој го фрлија западните земји на чело со САД се врати со многу посилен интензитет и најверојатно истиот тој интензитет пропорционално ќе се зголемува по почнувањето на здружената битка која Русија, Кина и останатите земји на БРИКС ја започнаа против доларот и еврото.

На улиците на Европа денес гледаме истурени домати, фрлено млеко, запалени европски знамиња, гневни земјоделци, непослушни директори, нелојални лидери на индустрии, и општа паника и хаос во европскиот политички врв.Гледаме џихадисти на улиците на Хамбург, закани од ИСИС во Данска, готови планови за бомбашки напади во Париз и Лондон и  сето тоа на сметка и врз грбот на европските граѓани. САД останува релативно недопрена и барем на краток рок, економско-политички и  безбедносно стабилна. Како и секогаш користејќи маша за да си поигрува со врели жарчиња од кои опекотините не остануваат на нивните раце. 

Да резимираме. Западот предводен од САД ја изгуби битката уште пред да почне. Европа остана без Украина, САД без својот ракетен штит во предворјето на Русија. Европа остане без најголемиот пазар, САД ќе остане без Европа, а веќе го изгуби Блискиот и Среден исток. 

Своите пулени во ликот на најморбидната досега териристичка креација почна да ги врти нишаните кон својот создател. Русија го доби Крим, Доњецк, Луганск, Одеса и Мариопол. Русија практично ги затвори сите приоди кои можеа да ја нарушат безбедноста и стабилноста на нејзината целовитост. Русија доби посилна економија ОД БИЛО КОГА ПРЕДХОДНО, СТАНА ПРЕДВОДНИК ВО ПРОПАГАНДНАТА ВОЈНА, СТАНА ПРИМЕР ЗА ВОДЕЊЕ ДИПЛОМАТИЈА.

Русија стана обединувачката точка на светот од Далечниот Исток преку Централна и Источна Европа до Дивиот запад. 

Затоа сметам дека воопшто не треба да се поставува прашање кој добива, кој губи, тоа е повеќе од јасно!!!

(авторот е политиколог)

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива