портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Правата на малцинствата-табу тема за членките на Европската Унија
јануари 2014
Слободанка
Јовановска
Сите што потемелно ги следат активностите на ЕУ знаат дека кога ЕУ зборува за основни човекови права и кога именува комесар да води грижа за нив, воопшто не мисли на малцинските и етнички права, и воопшто не на колективен начин, туку само како права на индивидуи.

Еден од отровите со кои се храни евроскептицизмот во Македонија е неправдата, поточно разгорувањето на уверувањата дека Европската унија има двојни аршини околу почитувањето на човековите права, дека не ги притиска еднакво Македонија и соседите за да се  решат споровите околу името и други прашања и дека свесно ги затвора очите пред кршењето на правата на напите малцинства во своите земји членки, а пред се на нашите малцинства во  Бугарија и Грција.

Во фокусот на тие обвинувања е  молкот на ЕУ околу непризнавањето на нашите малцинства  пред се кај јужниот сосед, па и повеќе од тоа, именувањето на Гркот Ставрос Ламбринидис  за прв комесар за човекови права, иако Грција нема кредибилитет да се занимава со ова прашање. За неколку месеци, поточно во јуни мандатот на Ламбринидис ќе истече, а до нас не стигна воопшто информација што тој сработи и како го трошеше кредитот што му го даде ЕУ околу човековите права во Унијата.

Ламбринидис, всушност, стана бајата вест уште првиот ден он неговата „инагурација“ на функцијата, бидејќи веднаш стана јасно дека фундаменталните човекови права права со кои треба тој да се занимава немаат ништо заедничко со начинот на кој тие  се сфаќаат во Македонија.

Колку и да изгледа слаба, пристрасна или немоќна Европската унија околу ова прашање, дел од нејзината внатрешна политика е да не се занимава со прашањата врзани со малцинствата, бидејќи тоа не го сака ниту една земја членка. Иако од македонска перспектива Европската унија се гледа како супердржава со супер ингеренции, реалноста е дека таа е во подредена улога на земјите членки кои и делегираат некои од своите надлежности, но никогаш не го прават тоа со суптилните прашања за кои имаа крупни национални интереси. Па, така, сите што ги следат активностите на ЕУ потемелно знаат дека кога ЕУ зборува за основни човекови права и кога именува комесар да води грижа за нив, не мисли воопшто на малцинските и етнички права, и воопшто не на колективен начин, туку само како права на индивидуи.

Во документите на ЕУ тоа е напишано најбуквално, иако генерално почитувањето на правата на припадниците на етнички и национални малцинства е една од вредностите на ЕУ. „Европската комисија нема генерална надлежност во однос на малцинствата, а особено нема надлежност околу признавањето на нивниот статус, околу нивното право на самоопределување и на автономија и околу начинот како ќе  се користат регионалните и локални јазици. Земјите членки на ЕУ ја имаат генералната ингеренција  да носат одлуки околу малцинствата. Тие мора да ги користат сите легални инструменти  за да  гарантираат дека нивните фундаментални права се  ефективно заштитени  во согласност со Уставот и со обрските од меѓународното право“, стои во документите на ЕУ.

Преведено на поедноставен јазик, ЕУ воопшто нема глас, т.е. политика околу правата на Баските за автономија во Шпанија, околу правата на Велшаните и на Шкотите  за автономија во Велика Британија, па ни околу  статусот на Косово ако тоа не беше прашање чие решавање  влијае на политичката и територијалната рамка во која се водат преговорите за членство на Србија и со оваа нова држава.

Со оглед на нашите искуства околу советите на ЕУ, па и повеќе од тоа, за Рамковниот договор и за решавањето на проблемот со употребата на албанскиот јазик и статусот на ова малцинство во Македонија, лесно може да се дојде до заклучок дека нашата земја повторно е исклучок од овие правила и дека кај нас, пак, се во игра двојните стандарди на Брисел, како тие околу условите за прием (читај дополнителен услов за името) и бегањето од атрибутот „македонски“. Односно дека Македонија трпи непринципиелен притисок  околу прашања што не се надлежност на ЕУ, додека истото тоа изостанува во однос на земјите членки Грција и Бугарија, пред се во однос на малцинствата и приознавањето на македонскиот јазик. Во Брисел одамна се свесни дека ваквите дилеми им го рушат кредибилитетот и дека доаѓа време кога земјите членки треба да применуваат исти стандарди за себе како за тие што бараат прием во Унијата, не проблематизирајќи го сепак принципот на консензуално носење на одлуките и потребата спорови да не се внесуваат внатре во ЕУ.

Една од тие најсилно заштитени сфери и натаму се човековите права, но полека се отвораат со ставањето потпис од страна на Брисел на Повелбата за човекови права, иако да се стигне до  до малцинствата и етничките права ќе биде чекор од илјада милји за Европската унија. Вака како што се поставени сега, човековите права во ЕУ се сведуваат на се, само не на она како ги сфаќаме ние во нашата држава, а првиот и единствениот извештај на Унијата досега кој навлезе во етничката сфера, заврпи на темата дискриминација и расизам врз Ромите и имигрантите со потекло од Африка. Правата на жените, на геј заедницата, на имигрантите, расизмот, ксенофобијата, дискриминација на работното место според полот, потеклото или хендикепот, правата на обвинетите за тероризам особено по Гвантанамо, правата за заштита на податоците на интернет - се човековите права со кои се занимава Ламбринидис во моментов.   



 
Коментари
 
Архива