портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ООН и децата во светот-големите сили, институции, правни алатки, политика, ефекти...
декември 2013
доц. д-р Билјана
Чавкоска
САД се една од државите кои не ја ратификуваа Конвенцијата во раната фаза на нејзиното донесување заедно со Сомалија и Јужен Судан (која скоро стана независна држава). САД поднесе извештаи за ратификацијата на опциониот протокол но без  ратификација на Конвенцијата нема обврска за известување за примена на Конвенцијата.





Најголемиот исчекор во заштитата на правата на детето на меѓународната сцена се случи кога Обединетите нации во 1989 година ја усвоија Конвенцијата за правата на детето. Конвенцијата содржи 54 одредби во кои се стипулирани правата на детето, одредби за заштита на правата и можноста за учество на детето во сите активности (provision, protection, participation).

Се работи за сложен документ, меѓународно обврзувачки со најголем број ратификации од државите со што се демонстрираше решеноста да се подобрат правата на детето ширум светот. Усвојувањето на Конвенцијата значеше воведување минимум стандарди за образование, здравствена заштита, социјална заштита на децата. Дополнително се усвоија два протокола кон конвенцијата за вклученост на децата во воените сили и за забрана на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија.

Но каква е реалната слика со почитување на правата на детето? Конвенцијата помина низ серија проблеми при ратификацијата од државите потписнички. Голем дел од државите одбиваа да ја ратификуваат конвенцијата поради обврската да известуваат за нејзината примена. Прашањето е колку големите сили како САД, Кина и Русија ги почитуваат правата на децата содржани во Конвенцијата? САД се една од државите кои не ја ратификуваа Конвенцијата во раната фаза на нејзиното донесување заедно со Сомалија и Јужен Судан (која скоро стана независна држава). САД ја потпишаа конвенцијата во 1995 година но ратификацијата не помина поради квалификуваното мнозинство во Сенатот. Во една прилика американскиот претседател Барак Обама ќе изјави дека нератификувањето на Конвенцијата за правата на детето од САД е засрамувачка за државата. Неговата изјава беше дадена за време на кампањата во 2008 година... Важно е што Соединетите американски држави ја зацврстија позицијата на лидер и промотор во почитувањето на човековите права... ќе се потрудам САД да ја задржат глобалната водечка позиција....но оттаму е многу контрадикторно како најголемата велесила во светот бара од другите држави да ги почитуваат правата на детето во услови кога самите не ја ратификуваат Конвенцијата. Интересно е што САД сепак го ратификува опциониот протокол кон Конвенцијата за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија. Слабата страна на Конвенцијата е што остава простор за резерви. Пример, Ирак, Кувајт, Јордан и други држави ставија резерва на одредбата од Конвенцијата дека децата имаат право на религиско убедување

Секоја држава што ја ратификува Конвенцијата се обврзува да известува до Комитетот за правата на детето во рамките на Обединетите нации во Женева секои пет години (претходи иницијалниот извештај). САД поднесе извештаи за ратификацијата на опциониот протокол но без  ратификација на Конвенцијата нема обврска за известување за примена на Конвенцијата. Кина од друга страна како членка на Советот на безбедност и држава со најголем број деца во светот (310 милиони под 18 годишна возраст) го поднесе третиот и четвртиот извештај за примена на конвенцијата и извести иницијално за опциониот протокол за учество на детето во вооружен конфликт.

Иако Кина направи реформи во националното право за почитување на правата на детето сепак остануваат препораки за периодот кој следува особено за правото на религиско убедување на детето и резервите кон членот 6. Комитетот беше јасен во своите забелешки и препораки за елиминирање на сите форми на дискриминација на децата со пречки во развој, зајакнување на програмите и политиките за подобро образование, вклучувајќи ги децата кои бараат азил и децата на мигрантските работници како ранлива категорија. Русија пак иако ја ратификуваше Kонвенцијата и дополнителниот протокол се соочува со проблеми во нивната примена.

Донесувањето на нови законодавни акти не ја подобри ситуацијата со злоупотреба на децата. Неопходно е да се превземат мерки за примена на законите, како и нови форми за заштита на деца без родителска грижа, заштита на жртвите за време на кривичните постапки како и поголеми фондови за подобрување на условите за раст и развој на децата. И покрај залагањето на меѓународната заедница и невладиниот сектор, Русија нема развиен правен механизам за заштита на правата на детето.  Поднесувањето извештаи до Комитетот за правата на детето се силен инструмент за притисок кон државите за подобрување на правата на децата. Забелешките на експертите на Комитетот може да послужат како основа за други акции во рамките на ООН и да извршат притисок на државите. Овие извештаи покажуваат дека различни држави се соочуваат со различни проблеми во имплементирање на Конвенцијата и нејзините протоколи и дека е значајно да се применуваат забелешките.

Кофи Анан во една прилика ќе изјави... нема поважна одговорност од обврската за почитување на правата на детето, заштита на нивната добросостојба и овозможување безбеден детски раст во мир и без страв. Тоа треба да биде најважната задача на државите без исклучок. Но, засега останува само идеал кон кој меѓународното право се стреми. Останува да се види колку во иднина државите ќе покажат волја за подобрување на правата на децата и дали и кога САД конечно ќе ја ратификуваат Конвенцијата.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива