портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Анкета на “ФАЗАН“
ноември 2013

Сметате ли дека активностите на албанскиот фактор во насока на решавање на проблемот со името го загрозуваат македонскиот национален идентитет?





Катерина Синадиновска, уредник во магазинот „Капитал“ – Две тези паралелно се презентираат во јавноста, едната од ВМРО – ДПМНЕ, а другата од ДУИ, кога се во прашање активностите на албанскиот политички фактор. Едната е дека Албанците сакаат да ни го продадат името, а другата дека спорот е исклучиво македонска мака, која не ги задира Албанците и кои поради овој за ним туѓ проблем не успеваат да се интегрираат во ЕУ и во НАТО. Значи тие се жртви, на таму некакви си „строго македонски емоции“ па оттука ќе си бараат чаре со албански пасоши. И двете се подеднакво опасни и неверојатно е со колкава политичка несериозност и неодговорност се пласираат. Од друга страна, дијаметрално спротивни се ставовите на коалиционите партнери во македонската Влада во однос на самата фаза во која се наоѓа спорот со Грција. Блиску ли сме до решение? Каков предлог е ставен на маса? Само за името ли се преговара? Ако ги прашате ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ ќе добиете различен одговор. Ова и тоа како е проблем. Зборуваме за најкрупното политичко прашање (од кое зависи не само политичката, туку и економска иднина на земјата, ако се знае дека спорот е главната пречка за македонските интеграции). „Караниците“ во владиниот двор кои се честопати се користеа за внатрешно -политички потреби, можеби замаскираа една суштинска тема – како македонската Влада реално функционира (во пар), кога едниот коалиционен партнер вели – „не знаеме, можеби другиот знае повеќе, ние такви информации немаме“. Што кажува оваа реченица? Па кој прво би требало да (до)знае ако има нешто ново? Нели Ахмети отишол на средбите низ Европа со „амин“ од премиерот? Нели наместо да дава интервјуа во кои најавува компликации требало со него да седне и да разговара? Кое е нивото на меѓусебна комуникација, доверба и заедничка одговорност што мора да ја делат кога станува збор за вакви теми? Ова прашање не смее да се користи за никакви цели дома... На јавноста (и домашната, ама и на грчката и на целата меѓународна) ние мора да и демонстрираме едно силно единство! Македонија мора да добие обединета и единствена политичка сцена кога се работи за стратешките државни прашања. Како да се очекува дека со другите политички партии би се усогласил единствен став, кога секојдневно ни се презентира впечаток дека ни во самата Влада не се знае кој што мисли, прави, поседува како информација... Ахмети вели - „треба да се затвориме во една соба и се додека не најдеме решение да не излеземе од таму“. Како ја замислува Ахмети таа соба? Како да не му е јасно на Ахмети, дека пред да се затвориме со Грците, македонските политичари мора да се затворат сами со себе... Па потоа, кога ќе излезат, да пратат една заедничка порака! Што нема да се менува согласно тековните партиско – политички интереси на поединци и групи...





Горан Момировски, уредник во ТВ Канал 5 - Македонскиот идентитет не може да го загрози никој па ниту средбите што ги имаат претставниците на ДУИ во Атина или на било кое друго место а кои се однесуваат на името. Единствениот проблем што јас го гледам во овие средби е тоа што тие не се координирани на ниво на влада, и пред се што ДУИ покажа дека нема соодветни информации и анализа за плановите на јужниот сосед како на пример во случајот на „стретегијата на Александрос Маљас“ објевена еден ден по последните избори во Македонија во која прецизно се наведува дека Атиан треба да игра со албанците во Македонија за да ги оствари своите цели. Нема дилема дека различните тонови што стигаат од различни фактори во Македонија прават штета на позициите на земјата во преговорите но никој не може да го загрози макеоднскиот идентитет затоа што тој не е изграден со , изјава, преговори , декрет или одлука и согалсно тоа не може на истиот начин да биде загрозен.





Боби Христов, уредник во ТВ 24 Вести - Не. тешко е да се извлече таков заклучок. многу повеќе се доказ за еден паралелизам во функционирањето на институциите, кој постои во сите сегменти, па се преслика и во доменот на наворешната политика. од друга страна, праксата на официјална Атина за официјални средби со функционери на ДУИ - без оглед дали се владини министри или е лидерот на ДУИ лично - може да се смета како некаков сигнал кон македонскиот дел од Владата, особено како инструмент на грчката пропаганда за непопустливоста на Скопје, како што тие велат. но, само толку. на крајот од денот, во комплексниот мозаик за решавање на спорот за иемто, Ахмети со своите дипломатски излети е само актер со споредна улога.





Мухамед Зекири, главен уредник на ТВ Алсат
– Апсолутно не. Ако Албанците од Македонија се ангажираат да се реши побрзо овој спор, тоа не значи дека имаат задна намера да им наштетат на сограѓаните македонци. Албанцит не смеат да останат неми посматрачи на тоа што се случува во нивната земја, за такво битно прашање и треба ктивно да помогнат во наоѓање решение. Друг проблем е тоа што голем број македонци имаат предрасуди во однос на учеството на албанците во процесот. Македонците мора да се свесни дека единствено Албанците со ништо нема да им го загрозат идентитетот и не се заинтересирани за тоа. За разлика од другите соседни народи кои оспоруваат различни елементи од идентитетот на македонскиот народ.





Ацо Кабранов, главен уредник на порталот Либертас - не воопшто мислам дека дури и албанците доцнат со тоа што се држеа настрана со образложение дека тоа е проблем на македонците.Државата е заедничка па и името ние и ке ни биде заедничко.





Ивор Мицковски, новинар и колумнист - Прво тоа не се активности само на албанскиот политички фактор, туку и на коалициониот партнер на Никола Груевски. Второ, не може да кажеме дека тие активности го загрозуваат македонскиот идентитет, затоа што ние не знаеме ни за што се залагаат, за што се преговара, само знаеме кон што се насочени, а тоа е потребата од решавање на спорот за името? Целата приказна со загрозување на македонскиот идентитет, па некои измислени предлози како Славјанско-албанска Македонија, мислам дека се евтин владин спин, поточно конструкција која доаѓа од кујните на ДПМНЕ. Тоа ја одразува несериозноста на Груевски и ДПМНЕ реално да водат преговори и на овој начин наоѓаат алиби за бегање од своите политички и државнички одговорности. Тоа што треба навистина да не загрижува е дека за клучно прашање за РМ, коалиционите партнери имаат различни ставови, а и различно дејствуваат.





Зоран Фидановски, уредник во ТВ Алфа - Иако прашањето е суптилно, не верувам. Повеќе мислам дека е “отворање“ на лидерот на ДУИ пред јавноста со последните случувања поврзани со овој спор - во кој посредно од 2-3 рака успеавме да разбереме некако, што е во “игра“ и какво би можело да биде новото “кумство“ за нас. Истовремено, немам чувство дека дипломатската офанзива што е преземена ќе резултира со нешто конкретно. Од причина што во овој момент, не гледам реална волја да се затвори ова децениско прашање... Туку, повеќе може да подведе и како еден вид “отчет“пред сопствениот електорат, но и пред сопствената совест - дека се прави и се направило се што е во нивна моќ за да се променат состојбите... Што се однесува до идентитетот - тој според мене, не е предмет на преговори, иако, имам впечаток дека јужниот сосед не се има откажано и од наметнување на својот став како императивен и за ова прашање. Но, тоа се желбите, нека се и потајни на Атина, а сосема е друго што и како ние ќе се поставиме. Просто речено, не верувам дека постои некој во оваа земја што ќе одрече дека јазикот што го зборуваме не е македонски, а етничката припадност и фолклорните обележја не се македонски. И уште нешто - мислам дека идентитетот е нешто што секој го поседува и го носи со себе - преку своите претци, самиот себе и своите потомци... и никој и ништо не може да му го промени...





Бранко Тричковски, главен уредник на неделникот Глобус 
- Идентитетот е проблем на самиот себе! Нашиот идентитет е проблематичен не во смисла дали е тој историска и културна реалност или не е туку во тоа што поради историски и други причини во традиционалната димензија на која инсистира не е доволно неконсолидиран во актуелниот балкански амбиент ниту некогаш ќе биде, а од модерната димензија самиот бега зашто ја смета за помалку вредна или дури безвредна без дебелите историски наслаги што како легитимација главно ги измислува и на тој начин ги иритира околните идентитети кои своите прикаски ги измислиле пред нас. Малите народи какви што се сите балкански народи немаат своја историја, најмалку пак славна историја. Тие никогаш не биле субјекти на историските процеси туку биле објекти, низ нив течело времето и формирало одредени облици, ние сме последица на историјата, а не автори. Никој не го загрозува македонскиот идентитет повеќе од тие што го бранат. Ние сме си најголеми непријатели. Ова што денеска вмрото му го прави на македонскиот идентитет е пострашно од збирниот историски антимакедонски ефект на сите непријатели, окупатори или поробувачи! Албанскиот фактор може да го спаси македонскиот идентитет ако реши да му го скрати властодржечкиот мандат на вемерето! Тие не можат да го решат прашањето на името но можат да го решат статусот на своите коалициони партнери кои го произведоа, свесно, проблемот во овој формат. Ако тоа го направат тие ќе ги исполнат и обврските кон Албанците оти така ќе се отстрани проблемот над сите проблеми и во однос на евроатлантските интеграции и во однос на се: ВМРО!





Јадранка Костовска, главен уредник на неделникот Фокус - Не разбирам зошто активност на една партија која е дел од Владата да биде „загрозување на македонскиот идентитет“!!! Подобро активност отколку пасивност! На крајот, нели, одлуката за било каков компромис нема да ја донесе албанскиот политички фактор туку владејачкото мнозинство, а уште подобро доколку постои консензус со опозициските партии. А и сите се согласија за референдум, односно одговорноста да ја префрлат на народот. Патем, убедена сум дека за оваа активност на ДУИ постои амин од Премиерот, Тезата или ставот дека „активностите на албанскиот политички фактор, за спорот за името со Грција значат загрозување на македонскиот идентитет“ ги сметам само како дел од арсеналот на производство на непријатели. Покрај домашните и надворешните, излегува дека и во Владата имаме еден непријател- ДУИ! Ама тоа не е пречка и натаму е дел од власта!? Застапниците на ваков еден став, имам впечаток дека сугерираат вакви активности за спорот за името да се само екслузивност на Македонците, и тоа не сите туку само оние од ВМРО-ДПМНЕ!Јадранка Костовска, главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“ - Не разбирам зошто активност на една партија која е дел од Владата да биде „загрозување на македонскиот идентитет“!!! Подобро активност отколку пасивност! На крајот, нели, одлуката за било каков компромис нема да ја донесе албанскиот политички фактор туку владејачкото мнозинство, а уште подобро доколку постои консензус со опозициските партии. А и сите се согласија за референдум, односно одговорноста да ја префрлат на народот. Патем, убедена сум дека за оваа активност на ДУИ постои амин од Премиерот, Тезата или ставот дека „активностите на албанскиот политички фактор, за спорот за името со Грција значат загрозување на македонскиот идентитет“ ги сметам само како дел од арсеналот на производство на непријатели. Покрај домашните и надворешните, излегува дека и во Владата имаме еден непријател- ДУИ! Ама тоа не е пречка и натаму е дел од власта!? Застапниците на ваков еден став, имам впечаток дека сугерираат вакви активности за спорот за името да се само екслузивност на Македонците, и тоа не сите туку само оние од ВМРО-ДПМНЕ!





Миодраг Мишолиќ, новинар - Апсолутно не мислам дека активностите на ДУИ во спорот за името значат загрозување на македонскиот етнички идентитет, бидејќи тој (македонскиот етнички иднентитет) има многу подлабоки корени и поголема цврстина отколку што е било каква политичка, односно дипломатка иницијатива. Но, ако зборуваме за идентитетот, тогаш е време да почнеме сериозно со градење државен македонски идентитет, односно секој граѓанин да се чувствува како Македонец, со сите права и обврски што произлегуваат од тоа. Значи, да нема друга држава која му е подрага од Македонија, и да може да зборува и решава за било кое прашање, вклучивајќи ги и тие што на прв поглед засегаат само некоја од другите етнички заедници во земјата.





Атанас Кировски, новинар – Активностите на албанскиот политички фактор околу спорот со името, сами по себе не значат загрозување на македонскиот идентитет. Али Ахмети и ДУИ во повеќе наврати изјавиле дека знаат колку се чувствителни идентитетските прашања и дека се залагаат за решение кое нема да го загрози македонскиот идентитет. Оттука нивниот напор го ценам како искрен и добредојден.









 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива