портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Група Македонски Манифест
октомври 2013
Георги
Барбаровски
И кога сме немале држава, ние сме биле поврзани со Името. Тој пакт не прави посолидарни, а некои од нас ги осудува. Кога сме имале држава, таа ја преземала улогата на пазач. Но, врската што ја направил тој своевиден  „премолчан договор“ никогаш не се раскинала и таа била она по што сме знаеле кои сме, каде сме, од каде доаѓаме, кај сме се упатиле. Името е тоа што сите нас не држи за тој непостоечки договор.

Неформалната група писатели, музички уметници и универзитетски професори, обединети под мотото „Името е нашата татковина“, свесни дека се ближи конечното обезличување на македонскиот народ и негово разнебитување преку прекрстување на Македонија, што е најнов вид геноцид со јасна и недвосмислена цел, потпишувајќи го Македонскиот манифест почна засилена активност - објавува текстови во медиумите, одржува јавни трибини, упатува писма до меѓународни организации, лидери на држави, влијателни интелектуалци во светот – со цел да ја разбуди свесноста на македонскиот народ и цврсто да застане во исконот на својот идентитет, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за Името и да им каже НЕ на сите што прават сметка во крчма без него. Според нас, Името е архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет. Изместувањето на само една буква, или лепење на придавка претставува негова деструкција, изместување на народот од неговото историско, цивилизациско, антрополошко и културно лежиште.

И кога сме немале држава, ние сме биле поврзани со Името. Тој пакт не прави посолидарни, а некои од нас ги осудува. Кога сме имале држава, таа ја преземала улогата на пазач. Но, врската што ја направил тој своевиден  „премолчан договор“ никогаш не се раскинала и таа била она по што сме знаеле кои сме, каде сме, од каде доаѓаме, кај сме се упатиле. Името е тоа што сите нас не држи за тој непостоечки договор.

Нашата грижа и немир се реални бидејќи решение за наметнатиот спор не е можен, со оглед дека целта е бришење на Македонците како посебен народ. Географска определница пред Името Македонија, за севкупна употреба, на што инсистира Грција, значи неизбежно губење на македонскиот идентитет, култура, традиција и јазик.

Историјата не е разумна, но разумот мора да биде историски. По две децении медијација во ООН, и посредникот Метју Нимиц призна дека нема напоредок во разговорите за разликите околу името. Тој процес, од исцрпувачки - стана бесмислен. Таков е затоа што е базиран на нелегални барања од Грција. На повидок е нов, софистициран вид холокауст врз Македонците. Во жестоките обиди да се откажеме од сопствениот идентитет, нè уверуваат дека во спротивно ќе ја загубиме државата, не знаејќи колку столетија не сме имале држава, но сме имале идентитет, сме стоеле исконски во Името и во неговите духовни и историски вредности.

Ние бараме Собранието да се покрене иницијатива за прекинување на тие разговори и да се побара враќање на уставното Име на државата во ООН, што и беше нелегално оспорено во 1993 година. 

Легитимни се и неспорни аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Меѓутоа, тоа во никој случај не смее да се реализира со виткање на ‘рбетот и со губење на достоинството. Нема цена која може да го натера народот да потклекне и да се самоукине.

Затоа инсистираме на натпартиско единство во земјава за одбрана на името.

Од македонските политичари бараме да не се тргува со името и со идентитетот. Меѓутоа, се чини дека уставната заштита за нив не е доволна, па бараме со уставен закон никој да нема право, по ниедна цена, да преговара за Името. Одењето на референдум во овој случај нема да биде израз на слободна волја, затоа што ќе мора да гласаме за Име кое и Грција го прифатила. Вакво клучно и судбинско прашање не се става на референдум. Тоа е несериозно. Името не ни е добиено на референдум за да се решава на референдум.

Ниту оваа, ниту која било генерација нема право сама да одлучува, ниту во име на своите дедовци и прадедовци, ниту во име на идните генерации. Никој не може да копа по гробовите на познатите и непознатите херои кои ги положиле животите за оваа земја.

Од политичките лидери, на претседателот, на премиерот и на водачите на опозицијата во Македонија побаравме, без завиткан политички јазик, да кажат на какви позиции стојат: дали веќе го прифатија обезличувањето или се спремни да застанат во одбрана на името? Сакаме да знаеме дали за нив е прифатлив предлогот Горна Република Македонија, ставен на маса, без да ни се каже што се нуди под маса? Дали веќе се подготвуваат и се печатат листовите за референдум на кој треба да се стави она што за нас е свето и вековно, затоа што овој молк фрустрира и измачува! Ќе може ли конечно македонскиот народ да го дознае тоа од нашите политички лидери или со нашите чувства ќе си играат европските бирократи? Ќе чуеме ли што крие во пакетот Горна Република Македонија или ќе не стават пред свршен чин - на референдум - кога партиско-политичката машинерија ќе биде спремна да одработи, како со референдумот од 2004 година за територијалната поделба?

Свесни дека денес моќниците не ги решаваат проблемите со инструментите на правото и правдата, туку со макијавелистички инструменти на политичката волја која најчесто, за жал, подразбира притисок, уценување и сила, од влијателни интелектуалци во светот побаравме да ја поддржат Македонија во нејзината борба да си го сочува изворното, вековно име, и да не се поништи нејзиниот автентичен идентитет и историската меморија на нејзиниот народ. Тоа што бескруполозно од нас го бара Грција, за жал, го поддржуваат и САД и ЕУ. Нивната уцена се сведува на ова: Македонија, иако ги исполнува условите, не може да биде примена во ЕУ и во НАТО се додека не си го промени името и на тој начин да се откажеме од сопствениот идентитет.

Таквото барање е крајно понижувачко за човековото достоинство, е без преседан во историјата на цивилизациите и дотолку е пошокантно бидејќи се случува во 21 век, во кој би требало многу повисоко да се унапредени демократијата и принципите на правдата и хуманоста.

Ценејќи го високиот етички и морален дигнитет на светските интелектуалци, имајќи ги предвид нивните широки хуманистички хоризонти и чувството за правда, ги замоливме јавно да ја поддржат Македонија на нејзиниот пат да ги оствари своите легитимни и меѓународно гарантирани права.

Членови на групата Македонски манифест:

Ефтим Клетников, поет, Запро Запров, композитор, диригент, универзитетски професор, Георги Барбаровски, поет, Стојан Стојков, композитор, универзитетски професор, Стефан Влахов-Мицов, историчар, Слободан Пренџов, универзитетски професор, Васил Атанасов, музичар, Александар Русјаков, писател.
Коментари
Нема коментари.
 
Архива