портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ПОЛИТИКАТА ДА НЕ СЕ ПРЕКРШУВА ВРЗ ГРБОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО
јуни 2019
Сотир
Гулабовски
Фето остава цивилизациски образовни траги и во македонското општество


Во Турција под водсво на Ердоган движењето „Ѓулен“ е окаректеризирано како радикално и е забрането.

Дури во таа земја го сметаат за терористичко па и со тврдење дека има влијание и во некои политички партии и во Македонија, а со тоа и во македонското општество. Од тие причини Турција од македонските власти пвремено бара да ги отвори очите во врска со активностите на  „Ѓулен“и во Република Северна Македонија.

Всушност многу е очигледно дека станува збор само за лично нетрпение меѓу двајцата турски авторити. Фетулах Ѓулен од една страна и Реџеп Таип Ердоган од друга. Инаку двајцата на времето беа блиски соработници но се разделија во врска со концептите за тоа како треба да изгледа и да биде уредена современа Турција.

Но како и да е, тоа е сепак на некој начин внатрешна работа на Турција и на одностите и релациите межу Ердоган и Ѓулен. Поентата е во тоа што несогласувањата на двете страни не ја загрозува Република Северна Македонија и особено не поради не утврдените обвинувања дека во земјава има антитурски елементи како што тврди официјална Анкара. Од Министерството за правда неодамна соопштија дека на барање на Турција e во тек постапка за екстрадиција во на десетина лица за екстрадиција во таа земја, но за тоа да се случи се чекаат мислења и од други надлежните институции кои треба да бидат убедени дека за нив постојат основани сомневања за незаконски дејствија.

За нашава мала земја е многиу важно да остане отврена и демократска за сит6е активности кои не се насочени против никого какошто е тоа во образовнјот систем со образовните институции со брендот „Јаха Кемал“ или во медиумите како што е весникот „Заман“, а за кои од Анкара повремено и,ма сигнали дека работат на штета на Турција.

Тоа навистина е тешко да се потврди особено поради фактот што образовната институција „Јаха Кемал“ во земјава има висок образовен рејтинг. Негови ученици редовно се добитници на бројни меѓународни награда по разни образовни предмети. Во овие училишта учат и деца на ,многу македонски политичари и други јавни личности. И весникот „Заман“ на пример, за кого интервју имаше и претседателот на собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, не е забележано дека нкогаш водел некаква политичка кампања против некого и воопшто и меѓу читателите во Македонија важи за објективен и респектибилен медиум. Впрочем ниту одредени политички субјекти во земјава не кријат дека имаат позитивни разбирања за активностите на Фето со оглед на карактерот на образовните и медиумските помагања за цивилизациски вредности.

Оттука, идентично како што во Македонија помагаат многу други меѓународни органозации во образованието и во медиумите особено како разни европски и америокански фондови или како Сорос, на пример, така и органзацијата Фето остава цивилизациски образовни траги и во македонското општество. Впрочем дека во активностите на Фета во Македонија нема ништо спорно и радикално зборува и фактот што ниту една политичка партија не се изјаснила протов ова движење. Напроптив, повеќе политички субјекти имаат искажано позитивни оценко во делот на активностите на Фета во образованието особено. Оваа органоцација е мошне присутна со свои образовни и медиумски актовности и во Албанија, на Косово и во други земји во регионов.

Оттука е малку неразбирливо зошто официјална Турција одвреме навреме знае да ги укори македонските власти за активностите на Фета во земјава. Очигледно станива збор зама за некакви хирови зашто македонија е мала земја и секоја помош особено во образованието и е добродојдена доклку секако при тоа нема други интереси а во случајов секако нема зашто во спротивни први би реагирале македонските институции. Затоа македонија очекува Турција да ја подржува земјава и натаму на сите полиња и особено сега за приемот на земјава во НАТО.

Впрочем, доколку Македонија преземе било кави активности протиф Фета, а при тоа не се утврдат некакви прекршувања на законите, тоа би значело дека земјава ги нема потребните демокраски капацитети за да стане рамноиправна членка на НАТО и тогаш би работела против своите стратегиски интереси. Тоа што Турција од македонските власи барта да бидат испорачани во Турција десетина таму обвинети граѓани кои се моментално во Македонија тоа е прашање за утврдување на факти од страна на институциите независно од добрите одности меѓу дбете пријателски држави.

За Република Северна Македонија затоа е посебно важни да остане отворена и демократска за сите процеси кои нудат напредок и интеграции вклучително и со пријателска Република Турција.

Инаку, во категоризациите на поимовите движењето Ѓулен (турски: Gülen hareketi) е опишано како „транснационално социјално движење засновано на морални вредности и залагање за универзален пристап до образование, граѓанско општество, толеранција и мир, инспирирано од религиозните учења на Фетулах Ѓулен, турски исламски проповедник кој од 1999 година живее во САД и му е забрането враќање во Турција како слободен граѓанин.

 Движењето, нема официјално име, се нарекува движење Ѓулен или Фето и често е споменато и како хизмет (турски: "служба") или хизмет харекети ("движење на услуги") или како суфизам инспириран ("општество", "заедница" или "собрание"). Ова движење во Турција е забраноето под изговор дека е радикално и дека не кореспондира со ставовите што се градат во Турција за тоа како треба да биде уредено турското општество.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива