портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО
февруари 2019
Зоран
Иванов
Нема каде, ќе си се испоразбудат сите. Од најромaнтичарните сонувачи до најтврдокорните националисти. Од најстудениот и најрационалниот родољуб до најзапалениот и најбунтовниот патриот.

Сонот заврши. Ни остана јавето. Би било умесно од овој компромис да го извдоиме нашето парче победа.





Насловот на овој текст е позајмен  од една многу слушана, популарна и многу поучна емисија на брановите на Радио Скопје од времето на шеесеттите години на минатиот век. Нараторска емисија за возрасни и деца. „Меѓу сонот и јавето“ беа приказни за можното во неможното, за стварното во нестварното, за фактите и легендите, за  објективното и мистичното, за реалното и митот.

„Меѓу сонот и јавето“ беа радио приказни нешто како за сегашнава мкедонска стварност - за убавината на сонот и за суровоста на јавето. Нека е и само субјективно, но асоцијацијата на оваа радио емисија упатува на нашава постуставна имагинација или реалност, фикција или ставарност, сон или јаве. И, врз овие релации на општетвената сцена пак македонски поделености. И пак реалисти и сонувачи. Плурално опоштетсво,  прлурални емтотивни состојби.

Актуелна Македонија е меѓу сонот и јавето. Се будиме со фактот дека со уставните промени земјава доби ново руво. Дека почнува нова историска етапа и дека е на нов пат. Ова е крај на една досегашната државна институција Поранешна Југословенска Република Македонија. Будењето до ова сознание ќе потрае уште некое време. За едните потрезвено веднаш, за другите помамурно побавно. Но кај и да е, Република Северна  Македонија е веќе меѓународен факт. За некого посакуван, за некого не, сега е неважно. И за едните и за другите е неповратна објективна ставрност. Се друго е политичарење, матење вода. Бедна манипулација за попрофитно партиско и изборно позиционирање.

Бранувањата околу преспанскиот бргу ќе стишаат. Актерите во овој процес ќе ги пребројуваат политичките поени, ќарот и зијанот по сопствениот рејтинг. Но без оглед на нивната политичка судбина, на крајот државата и нејзините граѓани ќе се добитниците од овој вонредно успешен историски исчекор. Можеше и порано, многу порано ако се имаше објективно согледување на проблемот за името и ако се имаше визија и храброст и секако околности и исто толку силна меѓународна подршка. Но, ете, тие лончиња дури сега се поклопија едно со друго. Со прагматични потези и со помош на реалната македонска јавност, актуелната политичка гранитура, и покрај сите непринципиелни отпори, успешно го истуркаа овој сложен и болен процес.

Идентичен амбиент и кај јужниот сосед. И таму реалните грчки политичари и будната грчка јавност го сторија истото и ќе го дозавршат за некој ден или недела, можеби месец. И таму и ваму романтичарите и сонувачите, кај и да е, ќе го доотсонуваат сонот за своите „милениумски “ држави и народи. И за едните и за другите јавето е неизбежно. И овде на македонскиот македонски север  и таму на македонскиот грчки  југ се ќе си дојде како што е нужно, како што во овој век е единствено можно. Нема каде, ќе си се испоразбудат сите. Од најромaнтичарните сонувачи до најтврдокорните националисти. Од најстудениот и најрационалниот родољуб до најзапалениот и најбунтовниот патриот. И никому ништо страшно не ќе му се случи. Двете соседни општества ќе си го продолжат патот како и досега, ское со своите маки и убавини. Отсега и едната и другата држава со по едно гајле помалку.

И таму и овде забревтаа преспанските тапани на будноста. Компромисот праведен, неправеден, симетричен, асиметричен, ги подели луѓето. И двете опоштества, македонското и грчкото, уште се меѓу јавето и сонот. Во вакуумот меѓу романтичарската возбуда и прагматичната реалност. Меѓу „Македонија е само грчка“ и „Македонија е само наша“. Факт е дека со преспанскиот грчките сонувачи националисти, романтичари, емотивни приврзеници на нивната историја, си ја добија антиката, ама ја загубија Македонија. Нашите сонувачи, националисти, романтичари, емотивни приврзеници на нашата историја, ја загубија антиката, ама ја добија Македонија. И таму и овде губитници се сонувачите. И таму и овде добитници се реалистите. Но во тоа болно губење - добивање практично нема победници, нема поразени. Нема ниту соништа веќе. Само јаве. Само сурова политичка прагма која нуди реалност и која и за нив и за нас деблокира патишта и обезбедува развојни движења.

Впрочем, кога набрзо тапаните ќе стивнат, сите ќе согледаат дека ниту државата го загубила името ниту нацијата го загубила идентитетот. Ниту државата ќе ни остане без името Македонија, ниту нацијата без изворниот етнички атрибут Македонци. И со  додавката „северна“, и со таа објективна географска одредница, идентитетски се прецизира територијата на која е формирана Асномска Македонија. Идентитетски, нашава земја е едниствената во светот која во своето име ја има Македонија, а ние Македонците остануваме единствената нација во светот чиј уникатен јазик се нарекува македонски. Овие два клучни факти го бетонираат нашиот идентитет и на меѓународен план. Сега тоа ќе е неповратно запишани во тетратаката на ООН. Во тамошниот регистер државата Македонија и македонскиот јазик ќе се нашата клучна меѓународна идентитетска гаранција.

Компромисите се тешки, неправедни, отрезнувачки. Договорот од Преспа е предизвик и за историчарите. За нашите и за тие во земјите околу нас. Со истата смелост со каква е постигнат договорот во Преспа, со иста енергија и посветеност, без предрасуди и романтизми, со факти, а без фалсификати, нашите и сите балкански ерудити за минатото да се ослободат од политичките стеги. Да ги проветрат своите досегашни вистини, да ги преоценат, да ги преутврдат, да ги компарираат и да ги соочат меѓусебе и особено на широкото интернационално научно поле. Да ги разобличат соништата кои продуцираат митови, антагонизми, нациоанлизми. Со преспанскиот договор е направен историски балкански исчекор. Нарушени се некои соништа, срушен е уште еден мит за мали, а големи нации, за големи држави и е отворена потрезвена перспектива за нас и за целиот регион.

Балканските историски вистини и уште повеќе балканските историски митови во служби на дневните политики, веќе доволно ги хипнотизираа и ги уназадуваа балканските народи.

Од премногу соништа и од премногу јаве си ја уназадивме татковината. Ја вкотвивме на последните скалила на европските егзистенцијални и културолошки вредности.

Сонот заврши. Ни остана јавето. Би било умесно од овој компромис да го издвоиме нашето парче победа.

Сурово, реално ама наше.





 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива