портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Странците во потрага по сирачиња – Русија го пресече каналот
април 2013
Менче
Атанасова Точи
Дали странските државјани лесно доаѓаат до дете во Македонија. Како успеваат да го остварат тоа право кога се знае дека има семејства од Македонија  што со години чекаат да добијат дете на посвојување и веројатно треба да имаат приоритет. За последната трагедија што се случи со дете посвоено од Русија се дозна на 18 февруари годинава. Максим Кузмин-Шато беше убиен на крајот на јануари. Според истрагата, детето било претепано од страна на мајка му. Минатата година во Америка беа посвоени 962 руски деца. Кон крајот на 2012 година Русија одлучи да стави крај и да ги забрани посвојувањата во САД.

 


Повеќето држави во Европа и во светот забрануваат посвојување на деца од кај нив во странство. Од  Македонија, секоја година десетина деца заминуваат на посвојување во други држави. Русија е трета земја во светот после Кина и Етиопија која посвојувала сирачиња во САД. Минатата година Русија посвои 962 деца во Америка, а кон  крајот годината одлучи да стави крај и да ги забрани посвојувањата.

Единаесет деца од Македонија заминале  на посвојување во странство од почетокот на минатата година до сега. Некои од нив биле посвоени од македонски државјани што живеат таму, но има деца кои им се дадени на странци.  Официјалните податоци од министертво за труд и социјала говорат дека во моментот едно дете од Македонија се наоѓа на адаптација за посвојување во семејство на странски посвоители во Германија. Во тек е постапка две братчиња да заминат во САД кај македонски посвоители и едно дете во семејство од кои едниот посвоител е македонски,а другиот американски државјанин.      

Минатата година двајца швајцарски држајани успеле да посвојат дете од Македонија, две сестри биле посвоени во македонско семејство во Италија, а едно дете заминало во Англија.

Секоја година од државата на посвојување во странство заминуваат најмалку десетина деца. Најзаинтересирани за посвојување деца се семејства од Словенија, Италија, Германија, Австрија, Швајцарија, а во последно време и од САД..

Така е во последните неколку години. Што се случувало во претходниот период  никој од надлежните не знае да каже.

Овие податоци го отвараат прашањето дали странските државјани лесно доаѓаат до дете во Македонија? Како успеваат да го остварат тоа право кога се знае дека има семејства од Македонија  што со години чекаат да добијат дете на посвојување и веројатно треба да имаат приоритет? Дали се следи состојбата со овие деца понатаму или  засекогаш им се губи трагата ?

Илија С. е добро ситуиран, лекар по професија. Заедно со неговата сопруга која има приватен бизнис повеќе од десетина години чекаат да им биде доделено дете на посвојување. Сега веќе изгубија надеж бидејќи и двајцата длабоко газат во петтата деценија од животот.

- Незнам што се случува но, ние не успевме да посвоиме дете. Странците очигледно имаат приоритет во нашата држава вели со горчина во гласот Илија.

Во министертвото за труд и социјала освен бројот на посвоени деца во странство за минатата година не добивме никакви податоци. Не се знае колку семејства чекаат деца, колку сирачиња чекаат да добијат родители. Она што се знае е дека процедурите за посвојување сеуште одат бавно иако пред извесно време беше најавено дека процедурата е забрзана. Пред две години многу се зборуваше на оваа тема.    

- Кога станува збор за деца посвоени во земјава, следењето на подобноста на семејството трае од четири до шест месеци.  Кај странците, пак, е невозможно да се следи семејството, туку се бара од нив комплетна документација, која потоа се доставува до центрите за социјална работа во земјава. Во зависност од тоа дали има деца за посвојување, кои одговараат на бараниот профил, постапката може многу брзо да заврши објаснуваат во ресорното министерство. Од таму  потенцираат:

„За странците бараме извештај од нивниот надлежен центар за подобноста, мотивите за посвојување и согласност од државата дали може да посвојат деца од странство. Во некоја од земјите согласноста ја дава судот, а во други, пак, центрите за социјална работа“ 

Пред две години надлежните во ова министерство одлучија изборот за  најподобните родители за посвојување на дете да се прави компјутерски, што значи, машина да одлучува кој има право да стане родител. Тие објаснија дека на ваков потег се одлучиле поради сомнежите за корупција и злоупотреби од страна на вработени во службите. Тогашниот министер Џелал Бајрами фрли сомнеж на посвојувањата во странство.

- Се надевам дека еднаш засекогаш  ќе се стави ред во овој дел, кој беше најмногу озборуван за корупција. Очекувам дека нема да има злоупотреби. Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница. За мене беше чудно како е можно за тие деца да има интерес токму од странците. Добро би било да се вклучат истражните органи и да проверат каква е фактичката состојба на оние странски државјани што посвоиле деца. Токму тука можеби лежи можноста за злоупотреби од некои службеници. На пример, некое дете да било здраво и право, а да се запише дека тоа има карактеристики на дете со посебни потреби. А кога ќе заврши посвојувањето, за нас тоа е затворен случај изјави тогаш Бајрами.

МВР требаше да ги проверува посвојувањата на деца во странство за да се утврди нивната судбина по заминувањето од земјава и една година претходно.  Под лупа требаше да се најдат семејства од Италија, кои претходните години посвоиле деца од Македонија. За полицијата беше индикативно тоа што странските семејства биле заинтересирани за посвојување деца со хендикеп или такви што боледуваат од тешки болести.За да се испита состојбата МВР најави дека помош ќе побараат од италијанската полиција.

„Полицијата ќе ги проверува семејствата што ги посвоиле децата, каде се наоѓаат и каква е нивната судбина,  за да  се утврди дали постојат можни злоупотреби и дали некои деца место во топол дом и семејство завршиле во канџите на криминални групи најавија тогаш во Секторот за трговија со луѓе во МВР. 

Како заврши целата работа не е познато, јавноста не дозна детали, ниту пак, дали воопшто се одвивала некаква акцијата. Прашање е дали сето ова можеби беше дел од политички маркетинг или навистина нешто е направено во тој сегмент.  Кога побаравме одговор од МВР не упатија во Министерството за труд и социјала. Во кабинетот на министерот Спиро Ристовски  пак, ни одговорија дека не се запознаени со такво нешто.

Повеќето држави во Европа и во светот забрануваат посвојување на деца од кај нив во други држави. Русија е трета земја во светот после Кина и Етиопија која посвојува деца во САД.

Минатата година во Америка беа посвоени 962 руски деца. Кон крајот на 2012 година Русија одлучи да стави крај и да ги забрани посвојувањата во САД.  Во тоа време кога политичарите се препукуваа околу новиот закон,  околу 1.000 американски семејства веќе ја беа започнале процедурата за посвојување. Новиот закон го доби името според Дима Јаковлев, дете што почина од топлотен удар во Вирџинија, откако неговиот потатко го оставил неколку часа заклучен во автомобил. Официјалните податоци говорат дека повеќе од 60.000 американски двојки имаат посвоено сирачиња од Русија,  19 од посвоените деца починаа, дел од нив од рацете на сопствените родители посвојувачи.

Еден од главните аргументи на авторите на Законот за забрана за посвојување беше дека е невозможно да се набљудуваат или да се контролираат руските сирачиња откако ќе заминат во САД.  Кога во 2010 година Рускиот конзул посетил еден ранч во Монтана, сопственичката Џојси Стеркел во него чувала 30 деца, меѓу кои и 10 руски сирачиња. Таа имала профитабилен бизнис, а субвенциите  од државата за секое дете месечно и носеле заработувачка од дополнителни 120 000 американски долари. Откако бил откриен скандалот некои деца се вратиле дома, некои заминале во затвор, а неколку завршиле во психијатриски клиники.

За последната трагедија што се случи со дете посвоено од Русија се дозна на 18 февруари годинава. Максим Кузмин-Шато беше убиен на крајот на јануари. Според истрагата, детето било претепано од страна на мајка му. Згора на тоа, долго пред инцидентот таа постојано му давала психотропни препарати.

Максим починал пред да дојде брзата помош. Медицинската експертиза потврдила дека на телото на детето има многубројни повреди.

„Нас официјално никој не не информираше за загинувањето на дете посвоено од Русија, иако американските власти се должни да го направат тоа. За трагедијата се дозна благодарение на некрологот, кој бил објавен во весник во државата Луизијана, а потоа информацијата дошла до амбасадата на Руската Федерација во САД, по што ние се приклучивме во истрагата“, изјави соработник на генералниот конзулат на Руската Федерација во Хјустон.

Висок руски дипломат во Вашингтон за еден од руските весници потврди дека, иако во САД официјално се регистрирани 19 случаи на насилна смрт на посвоени деца од Русија, најверојатно тоа е само мал дел од приказната, зашто практично сите познати инциденти се откриени случајно благодарение на кратките соопштенија во локалниот печат.

-Никој не зема сирачиња од Франција, или од Норвешка или од Швајцарија. Ниту една европска земја не ги дава своите деца на посвојување во Америка вели  Павел Астахов еден од најголемите поборници за укинување на посвојувањата во странство.  Овој 47 годишен  човек со контроверзна мисија, одлучи еднаш засекогаш да стави крај на посвојувањето деца од Русија во Америка. Во интервју со Ана Немцова, тој вели дека сака да стави крај на посвојувањето во странство воопшто. Пред три години, откако тој беше назначен за правобранител за правата на децата, изјави дека посвојувањето во странство е „срам“ за Русија. На почетокот на февруари, Астахов беше назначен за советник на претседателот.

Што се однесува до Македонија овој сегмент не е доволно истражуван и никој посеризно не се занимавал со оваа проблематика. Не се знае ниту каква е судбината на децата кои заминале надвор со аманет на државата. Особено со фактот  што најголем дел од посвојувањата во земјава и во странство се потполни. Ова значи дека потполното посвојување не може да се раскине, со него се создаваат услови како со раѓање, биолошките родители се бришат од изводот на родените и таму се впишува името на посвоителите.

Сето ова, приказните со руските, а пред тоа и со романските деца кои масовно беа посвојувани во САД, го отвара и прашањето колку се почитуваат правата на децата кои се регулирани на меѓународно ниво со Конвенциите на ООН, како што е Конвенцијата за правата на децата од 1818 година на пример. САД, Судан и Сомалија је немаат потпишано оваа Конвенција. Владата на САД  ја има потпишано Хашката Конвенција од 1993 година за заштита на децата, како и Меѓународната спогодба во сферата на посвојувањата. Сепак, добро упатените во оваа проблематика велат дека со самиот факт што една година по посвојувањето на деца во САД од странство, тие им даваат американско државјанство,  ги кршат меѓународните спогодби што самите ги имаат потпишано.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива