портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
ИЗБОРИ НЕМА - ВО ВЛАДА СИТЕ
февруари 2017

Можен епилог, втемелен врз меѓупартиски договор без ВМРО-ДПМНЕ, сепак би можел да биде „самореконституирање“ на собранието. Пратеницте самоиницијативно да свикаат седница, да изберат претседател, Заев да собере најмалку 61 потписи на пратенци за формирање мнозинство за нова влада во која под „притисок“ , односно како добра воља на Ахмети за неопходните потписи на неговите пратеници, негов услов би бил во таа широка влада да влезе и ДПМНЕ со што елегантно би му го обелел образот на Груевски. Таквата влада за година, две би требало да подготви нови избори.

Мошне е можно ДУИ да излезе со условена подршка за СДСМ да формира влада која заедно со ВМРО-ДПМНЕ со своите 61 глас можат да ја оборат во секој момент кога за тоа ќе проценат се уште актуелните коалоциски партнери.


Логичен политички епилог:

извор: Фазан

Проекции за епилогот на парламентарните избори „декември 2016-та“ не се остварија за еден пратеник на контото на опозициската партија. Наместо 50:50, крајниот исход е 51 за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ. Така, наместо во стартот со таков резултат да се формира т.н. „широка коалиција“ и лутите партиски конкуренти да седнат во заедничка влада, сега кабинетското сценарио се остварува преку други патишта. Тој лост за широка коалиција, за „сите во влада“, оди преку се уште највлијателната партија на македонските Албанци, ДУИ.

Претседателот и врвот на ДУИ мошне вешто го реализираат зададеното сценарио креирајќи дополнителна „временска“ криза со неприфаќањето на понудата на ДПМНЕ да влезе во коалиција и со 61 пратеник да создадат парламентарно мнозинство и со тоа и старо нова влада и со неиницијативноста за коалицирање со СДСМ.

Планот секако е скроен однапред, уште пред изборите. Во играта се вклучија и премиерите на Албанија и на Косово, верните извршители на администрацијата на САД со создсавањето на т.н. „Албанска платформа“  поткрепена со потписите на сите партии на Албанците во Македонија со исклучок на ДПА, но ова поради хирот и лошиот резултата на разочараниот Мендух Тачи, а не поради негово несогласување со темите во платформата.

Барањата во неа главно се неостварливи, барем не во овие околности и не во оваа историска етапа за Македонија. Но, тие се добра планирана причина за маневри кои и ДПМНЕ и СДСМ ќе ги принудат на согласност на заедничка влада во која еден од компромисите ќе биде влада во која персонално нема да бидат ниту Груевски, ниту Заев (Ахмети и така никогаш не пројавувал интерес да биде во извршната власт) и во која албанската платформа ќе се релативизира засега само на прашањето за употребата на албанскиот јазик и на неопходната парламентарна мнозинска согласност за натамошна поткрепа на Спцијалното јавно обвинителство, теми за кои не е нужна подршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Секако, патот до нова влада ќе биде комплициран, у ќе потрае ште малку но работите ќе се движат во таа насока – „политичка влада од технички карактер“ за еднаипол до две години која ќе му дава инфузија на СЈО и која под засилен меѓународен мониторинг ќе департизира институции односно ќе ја релативизира нивната партиска моќ бидејќи институционалните обврски повеќе нема да бидат концентрирани во ДПМНЕ и ДУИ туку тој колач сега ќе го делат и уште две до три партии (Алијансата, Беса, ДПА). Згора, со директно неучество на ДПМНЕ и на СДСМ во извршната власт, тој процес на релативизирање на партиските влијанија врз институциите, ќе се сведат на минимум. Се разбира, таквата влада ќе биде одржувана на сила до нов амбиент за нови парламентарни избори. Во меѓувреме, странците инволвирани во македонските кризни состојби ќе си ја туркаат агендата со СЈО и судстводо за нужната декриминализација на општеството. Притоа, мошне можна е и варијантата влада без ДПМНЕ. Но на „креаторот“ на  „сите во влада“ тоа би му ја отежнало координацијата во остварувањето политички амбиент во кој ќе нема противник и од тие причини ќе стори се и ДПМНЕ да ја стави во улога на соучесник во нтамошните „македонски работи“. 

Можеби Груевски очекува новата американска админстрација во оваа македонска криза јавно и директно да застане на негова страна. Многу ставови како оние за Сорос им се совпаѓаат. Се појавија и очигледно нарачаните и платени текстови и лобирања во влијателни американски весници за „непринципиелното мешање на американскиот амбасадор Белји во внатрешните работи на земјава“.  Груевски очигледно смета и на смената на американската администрација и на инволвираните во македонските состојби како на пример потсекретарот Викторија Нуланд во која тој немаше сојузник.  Па сепак, покрај во моментов толку сложените внатрешни амеркански постизборни состојби, тешко е да се очекува дека новата американска администрација брзо и отворено да застане на негова страна наспроти својот амбасадор во Скопје кој очигледно, и не само преку „бомбите“, в рака има уште грст  аргументи за коруптивни дејанија на претседателот на ДПМНЕ и на него ви блиски соработници.

Можен епилог втемелен врз меѓупартиски договор и без ВМРО-ДПМНЕ, сепак би можел да биде и „самореконституирање“ на собранието. Пратеницте самоиницијативно да свикаат седница, да изберат претседател, Заев да собере најмалку 61 потписи на пратенци за формирање мнозинство за нова влада во која под „притисок“ , односно како добра воља на Ахмети за неопходните потписи на неговите пратеници, негов услов би бил во таа широка влада да влезе и ДПМНЕ со што елегантно би му го обелел образот на Груевски. Таквата влада за година, две би требало да подготви нови избори.

Значи, избори во услови на владеење врз институциите од страна на ДПМНЕ како што сега бара Груевски, ниту брзи ниту бавни, нема да има. Тоа е сигурно. А во други поинакви околности, на департизирани контролни центри, условите за нови избори би биле уште понеповолни за него. Опозицијата потпомогната од Брисел и Вашингтон секако претходно ќе бара целосно развластување на ДПМНЕ. Партијата на власт прво да ги отстапи сите ресурси, сите министерства, сите државни претпријатија и установи како клучна претпоставка за нови парламентарни избори. Во такви околнисти за Груевски е беспредметно да бара нови избори од проста причина што рејтингот на партијата и натаму се намалува, а би останал и без коруптивните изборни алатки. Избори не му одговараат и на Ахмети. Албанците нема да му заборават што деновиве тој не ја испочитува нивната порака и не ја искористи можноста целосно да му заврти грб на Груевски и да формира влада со СДСМ и со другите партии на македонските Албанци.

Во случај пак Груевски да одбие коалициска понуда, тогаш и на Ахмети во однос на Груевски, совеста би му била „чиста“ зашто сторил колку можел за својот доскорешен коалициски партнер. Па доколку и не прифати, како што вели Брисел, „најширока“ коалиција и  ДПМНЕ сепак отиде во опозиција, тогашј Груевски тешко ќе може да се надева дека со некакви протести на своето членство би испровоцирал нова криза и нови брзи избори. Во предизборие без негова директна контрола врз институциите, без ресурсите со кои и сега уште располага, а како набљудувач однадвор, таквите протести би биле млаки и неефектни.

Се разбира, во амбиент на секаква неможност на било каков директен договор за било што меѓу СДСМ и ДПМНЕ, поточно меѓу Груевски и Заев, Али Ахмето и ДУИ со своите малку па сепак клучна бројка пратеници во услови на актуелниот постизборен распоред, се главниот фактор и единствениот услов од чија воља зависи конституирањето на новата влада оттука и услов за амбиент за политичка стабилност на Републка Македонија.

Но, политички аматеризам би било ако ДУИ и Ахмети не ја искористат, а несомнено како ги влечкаат работите тоа и ќе го сторат, оваа своја актуеклна позиција за своевидна уцена спрема Заев и СДСМ а во своја и на ДУИ и во корист и на Никола Груевски и ДПМНЕ.

Мошне е можно ДУИ да излезе со условена подршка за СДСМ да формира влада која заедно со ВМРО-ДПМНЕ со своите 61 глас можат да ја оборат во секој момент кога за тоа ќе проценат се уште актуелните коалоциски партнери. На тој начин Ахмети во оваа фаза ќе ги задоволи барањата и на Брисел и Вашингтон од една и ќе ја има во секој миг новата влада предводена од СДСМ како влада заложник од друга страна.

Таквата влада, со таква неискрена подршка, би била класичен модел на малцинска влада со недефинирани денови на живот и со недефинирани овластувања. 

Се на се`, логичениот епилог во сите варијанти би бил : избори нема -  во влада сите.



(Фазан, февруари, 2017)

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива