портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Борбата против себе е најтешката на патот кон ЕУ
јуни 2014
м-р Митко
Јованов

Борбата да го европеизираме општетсвото е борба на самите со себе, против нашите предрасуди, табуа и митовите и бара жртви и губење симпатии во широката публика.




Денеска е тешко да се дебатира како да се испорачаат решенија кои државата ќе ја европеизираат во нејзиното секојдневие, пред се во духовна смисла што е предуслов за достигнување на европските стандарди и  во материјалната смисла. Навистина мисијата да се европеизира нашето општетсвото е тешка, таа бара многу жртви, губење симпатии кај широката публика. Тоа е борба на самите со себе, против нашите предрасуди, табуа, митови. Оваа борба е тешка особено поради неможноста вината да ја префрлиме на некој друг, надвор од нашиот двор.

Процесот на менување на општеството, сам од себе нема никогаш да се заврши, не може ниту некој друг да ни го заврши, тој зависи единствено од нас. Овој процес да се спроведе, потребни се многу политички, интелектуални и економски жртви. Имено, сеуште во Македонија погрешно, или не доволно ја разбираме ЕУ. Или пак ја разбираме како што нас ни одговара, за да ни биде полесно да си живееме и понатаму со проблемите.

Се определивме одамна да се интегрираме во ЕУ, но без притоа да ја разбереме оваа организација во нејзината суштина и со тоа да се припремиме да се менуваме.  Ќе започнам со најтешкото. Имено, денеска на патот кон интегрирање во ЕУ  ни се испорачуваат од нас барања, кои ни личат како директен атак врз нашето постоење, како што е притосокот да го промениме името на државата поради инсистирање на Грција. Тоа ни изгледа неморално, нечовечко, дополнително повеќе што сме народ кој има самостојна држава од 1991 година, и сеуште имаме чуство дека не сме се етаблирале цврсто како држава.

За мнозинството држави во ЕУ и пошироко, барањето на Грција да го смениме името на државата е апсурдно.  Истотака, според меѓународните  стандарди вклучително и тие на ЕУ, правдата е на наша страна. Но ЕУ, не функционира само на база на поставените критериуми, туку и според распоредот на силите во органите и телата на одлучување. Ваквото однесување е својствено за секоја организација во минатото, денеска, но и уште многу време во иднината ќе биде така. Ние мораме со таквата ситуација да се соочиме и да го пронајдиме нашиот оптимален пат кон целта. Во оваа смисла како прво и основно треба да знаеме за ЕУ дека таа е творба на компромиси. Нејзината главна мисија е да ги решава сите национални проблеми, да ги крши митовите, предрасудите на стариот континент.

 Сите знаеме дека во минатиот век на европско тло избувнаа и две големи војни во светски размери, со најголеми последици за човештвото до тогаш. Германија и Франција од најголеми непријатели кои во историјата повеќе денови војувале, него што биле во мир, денеска станаа стожери на ЕУ. Од таквиот исчекор денеска имаат полза Германците, Французите, но и останатите народи во Европа. Секако не им било лесно на овие две гордерливи нации да ги надминат историските недоразбирања, но до целта дошле преку бројни компромиси и откажувања. Народите во ЕУ извлекоа големи поуки од минатото за да не се прават истите грешки денеска и во иднина. Овој пример може да ни послужи да се огледаме и ние визави некои состојбите кои опстојуваат кај нас до денеска како рецидив од минатиот режим додека бевме дел од СФРЈ. Имено ние сеуште нашата перцепцијата кон нашите соседни народи е во основа негативна која  се спроведува преку образовниот процес, медиумите, културните настани и така натаму.

Конкретно, да го земиме нашиот однос кон Бугарија. Кон оваа соседна држава сеуеште гледаме како на историски непријатели, и единствено таа ни се преставува како држава која не окупирала во минатото и истото сеуште го посакува. Во оваа смисла не порекнувам дека Бугарија била окупатор во Македонија, но не е добро единствено преку таа призма да ги градиме односите кон овој сосед. За Бугарите сеуште опстојува кај нас потценувачката слика дека тие се племе „Татари“, од нивната историја знаеме само за некои шпиони, предавници и така натаму. Одвај да знаеме за некој нивни истакнати историски личности, уметници, писатели, за нивни филмови, а сме соседи. Истата состојба е и кон Грција.

За нашиот јужен сосед во историска смисла, знаеме дека ни одземала голем дел од нашата етничка територија, ги избркала нашите сонародници од родните места и води дискриминаторска политика кон нив и одбива да ги обештети за конфискуваните имоти. Така си лелакаме еве веќе 60 години а за нашите маки одвај некој во светот серизно да се заложил. Со Албанците кои живеат во Македонија, односно со кои живееме во иста држава, одвај да се познаваме. Експлицитен пример за илустрација, преставува поставено прашање во една од поранешната емисија-квизот „Милионер“. Прашањето гласеше, кој од четворицата добитници на Нобеловата награда за медицина е Алабенец од Македонија? Учесникот-Македонец не го погоди прашањето. Сепак не сакам да бидам сватен погрешно дека вината е во овој учесник во квизот. Но тоа го покажува дека наместо овој Нобеловец од Македонија, да биде нашата гордост како држава, ние одвај да знаеме дека таков човек се родил во Македонија.

Кон Србија односот ни е нешто различен од тој кон другите соседи што е резултат на живеењето во иста држава до 1990 г. Иако Србите низ историјата не биле помали непријатели и окупатори на Макодонија. Северниот сосед исто така не е помал негатор на нашето постоење споредено со Грција и Бугарија. Со Србија живеевме заедно 50 години во рамките на СФРЈ, и во таквите околности сме постигнале бројни компромиси од историски карактер.

Ова искуство може да ни користи да ги решаваме и сегашните проблеми што постојат во односите со останатите соседи а со кои треба да живееме заедно во ЕУ. Нашата позитивен однос, спремност за соработка преку бројни предлози и проекти во евроспкиот дух, се нашето најсилно оружје, како мала држава, тоа ни е нас судбина. Потребно е да се издигнеме на културно ниво кое ќе не претстави како народ кој е достоен на потребното европско ниво на кое почива ЕУ. На пример, можеме да собереме храброст да изразиме соодветна форма на позитивен однос кон Бугарија за фактот што овозможила во нејзините образовни институции да се школуваат дел од нашите дејци кои се бореле за слобода на Макеоднскиот народ, како Гоце Делчев и бројни други личности. Во тогашниот историски момент, кога сеуште сме немале основано држава, многу наши револуционери наоѓале прибижиште за своето образование и револуционерна дејност во тогашната бугарска држава како најблиска по јазик и менталитет. На овој начин можеме да се обидеме да ги бараме и истакнуваме позитивните историски моменти кои ќе не поврзуваат, а ги има, можеби во ист толкав број колку што се негативните, со кои сме бомбардирани изминатите 60 години. 

Треба ли да нагласуваме дека во нашите учебници по историја сеуште се постои терминологијата „клетите Турци“, наместо да ги потенцираме и некои позитивни моменти во петвековното турско владение во Макеоднија. На пример дека Османлинската империја дозволувала верски слободи, ретко се случувало да се рушат цркви и.т.н. Од нас се очекува овие процеси да ги отпочнеме што ќе значи дека сме почнале да го менуваме нашето општество во европски дух. Замислите денеска членките на ЕУ да почнат кавга на историски теми меѓу себе по теркот каква што се води на Балканот, дали ќе опстои ЕУ. Зарем можеме да се залажуваме дека со состојбите што постојат во нашето општеството денеска, ќе можеме да бидеме дел од ЕУ. Секако не, затоа ни престои многу тежок период. Проблемите кои се пред нас за да се интегрираме ЕУ, се важни за нас за да бидеме отворено и ослободено општестсво од бројните предрасуди.

(Авторот е  политиколог)



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива