портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Вашингтон и Брисел сакаат стабилна Македонија а не надзор врз нејзините институции
декември 2015
проф. д-р Димитар
Мирчев
Денес, крај на 2015 г.?  Длабока „политичка криза“? Во која, меѓународната заедница треба да воспостави „внатрешна контрола и треба да воспостави „протекторат“ како и контрола врз суверените институции и органи на државата? Напр. врз Претседателот, Собранието, Владата, судството, администрацијата па дури и - локалната самоуправа?  Тоа би биле чисти неумности и апсурди. Не знам чии идеи се тие, но тоа веќе би било крај на суверена и независна Македонија, барем на ова „парче“ што остана од Македонија.


Чисто „професорски“ речено, во науката за меѓународни односи и надворешна политика, не постои таква категорија како „меѓународна контрола врз внатрешни политички состојби“ на некоја земја. Суверенитетот е основниот принцип, вклучен и во Повелбата и во Универзалната декларација на ОН, чија 70-годишнина годинава ја одбележуваме. Суверенитетот на државите не бил никојпат одречен како принцип во меѓународното право и поредок; макар што имало примери, и денес ги има, кога заради тешки повреди на другите принципи на ОН, како што се човековите права, апартхејдот, етничката омраза и геноцид, ОН или некои регионални организации па и големи сили- морале да интервенираат. Некаде воено и заштитно, некаде и советодавно или „контролно“. Примерите со Ирак и Кувајт, Авганистан и Сирија а во нашето соседство и со БИХ, Косово и др. се типични примери за тоа. Некаде е воспоставена вистина и ефективна „меѓународна контрола“ од политички карактер. Не е најсуштествено дали е преку регионални сојузи и асоцијации како Европската Унија, НАТО, или големи сили како САД и Руската федерација или други. Терминолошки, во такви случаи се употребува поимот „протекторат“.

Но, во Македонија, воопшто не е тоа случајот. Уште од јануари 1992 г., со прогласувањето на независноста и суверенитетот, со Извештајот на ткн. Бадентерова комисија, со веднаш признаениот таков статус на Македонија од голем број земји, па и од Унијата, од соседите, во 1993 г. од Обединетите нации, денес од речиси 140 земји членки на ОН, под уставното име на РМ, нема никаква правна или друга основа за „меѓународна контрола“ на внатрешните политички состојби. Се разбира, имаше „кризи“, како оние во 1992-4 г. со грчките блокади, во 1999 г. со бегалската криза од Косово, во 2001 г. со терористичките напади врз Македонија. Меѓународната заедница во тие прилики, напр. Унијата, НАТО, САД итн. помагаше за смирување и нормализирање на состојбите; има додуша и индиции дека се мешала и во „причините“ за тие состојби. Сведоштвата на мнозина, па и на покојниот генерал Панде Петровски зборуваат за тоа. Но, сигурно е дека не се мешала во внатрешните политички прилики, освен во постигнувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД), кој е досега целосно вклучен во Уставот на РМ и реализиран.

Денес, крај на 2015 г.?  Длабока „политичка криза“? Во која, меѓународната заедница треба да воспостави „внатрешна контрола и треба да воспостави „протекторат“ како и контрола врз суверените институции и органи на државата? Напр. врз Претседателот, Собранието, Владата, судството, администрацијата па дури и - локалната самоуправа?  Тоа би биле чисти неумности и апсурди. Не знам чии идеи се тие, но тоа веќе би било крај на суверена и независна Македонија, барем на ова „парче“ што остана од Македонија.

Не ми е јасно која „политичка криза“, кога општеството напредува, особено економски, но и културно и социјално? Никојпат повеќе театри, изданија, филмови, фестивали, никојпат повеќе грижа за земјоделците и производството, никојпат повеќе инвестиции во инфраструктурата, патиштата, но и во пензиите и платите. Скопје? Сите го критикуваат центарот и спомениците и фасадите. Можеби и мене не ми е по вкус. Не ги гледаат стотиците километри булевари, канализација, водоводи, паркови, стотиците нови градби и европски објекти. Која политичка криза а со неа, природно и економска и социјална? Според последниот Извештај на Европската комисија, заедно со „условната препорака“ за преговорите за влез во Унијата, нашата економија е нефункционална пазарна економија. Повторно- неумности. Како може една економија да биде нефункционална а да произведува подобри резултати од сите членки на Унијата или- во споредба со соседите? Напр. во сферата на инфлацијата, растот на бруто-производот, извозот, смалувањето на невработеноста, странските инвестиции и воопшто инвестициите, па девизните резерви итн.?

И така доаѓаме до основното прашање- Меѓународна контрола на внатрешниот суверенитет и дејствувањето на институциите. Дефинитивно- Не!  Не се знае ниту зошто и со каква намера, особено пак- на кој начин? Вистина е дека имаме внатрешни политички неприлики, не пак некоја „криза“. И повторно, со учество на ткн. меѓународен фактор?  Во разрешувањето на внатрешните политички неприлики, односно во посредувањето меѓу власта и опозицијата вистина е дека посредува Унијата. И тоа е во рамките на правната обврска според Спогодбата за асоцијација и стабилизација, со Македонија, потпишана уште во далечната 2001 г., но и според прифатениот заклучок за кандидатурата на Македонија за влез во Унијата од Даблин, во ноември/декември 2006 г. Отогаш до денес, Македонија доби седум позитивни извештаи за напредокот за влез во Унијата, заедно со препораки за почеток на преговорите. Досега не беа прифаќани, наводно заради ткн. вето од Грција. Таа прифати, како супститут на почетокот на преговорите и политички дијалог на „високо ниво“, колку да не ја разочара Македонија. Тој вистина се одржува но без некои резултати. Нема преговори, Но Пасаран! 

Внатрешните политички неприлики во Македонија оваа година, или година и половина. Вистина се вистински. Не се воопшто „виртуелни“ или пак измислени. Ткн. бомби вистина сведочат дека имало тешки нарушувања во демократскиот политички процес, макар што малку кој ќе поверува дека значително ќе влијаеле на определувањето на изборното тело за оваа власт. Малку некој ќе одрече дека „бомбите“ не се автентични, надвор од прашањето дали прислушкувањето било незаконско или не; ова пак е исто така- легитимно и правно прашање. Политичкото прашање е- Дали тоа се било вистинска причина за опозицијата да нема друга причина и можност за да не го постави тоа прашање во Собранието а да ја активира сета меѓународна заедница во реагирањето, вклучувајќи ја Унијата, НАТО, Европскиот парламент итн. Одговорот е – Не!

Конечно, со многу штети за државата, процесот тргна поволно, се дојде до некој компромис; процесот сеуште трае, меѓународните претставници сеуште поволно посредуваа, мнозина, и од Унијата и од парламентот, и Ноланд од САД, и Хан два-три пати директно, да не зборуваме за Јункер, Туск, Кери- индиректно. Чисто прашање е за нас, зошто сето тоа беше потребно? Сите тие контроверзи и внатрешни спротивности можеа да се дебатираат и разрешат во собранието или другите институции? Балкански инат, борба да се остане во власта или неизборно да се дојде до власта?  До тука сме. Нема индикации дека до тука договореното со „меѓународниот фактор“ нема да се почитува и дека наредните, априлски избори, 2016 г. нема да бидат контролирани и „демократски“. Па сепак, политичката борба и контрасти продолжуваат.

Нема никакви други сигнали и индиции дека врз Македонија и нејзините суверенитетни институции и органи може да се воведе некаква меѓународна контрола, надзор, насочување или сл. Кој, на која основа, со кои надлежности? Да го надзираат Претседателот или Премиерот, Владата, Претседателот на Собранието, Уставниот суд, Врховниот суд? Смешки со опашки. Деновиве па и месециве имавме во нашето соседство многу примери на сериозно дејствување на националните внатрешни органи против корупцијата, политичките и партиски па и лични неприлики на највисоки органи на власта и државата, да не зборуваме за примери како во Италија, Франција, Словакија итн. Тука беа случаите со Јанша во Словенија, со Санадер во Хрватска, со Понта во Романија итн.  Сите се разрешуваат внатрешно правно. Никому кај нас ниту кај нив не му „текна“ дека е потребна меѓународна контрола или надзор. Сепак, во интерес на државата е да е водиме „сметка“. Со меѓународното право, ова нема врска.  Има многу врска со граѓаните на оваа земја.

Се се чини дека  нема никаква веројатност оти Унијата или Вашингтон сакаат политички надзор или пак користење на таков надзор врз Македонија. Претпоставка е дека Вашингтон сака стабилизација и демократија во сиот овој регион па и во Македонија. Истото тоа го сака и Брисел, но осакатен помалку и од своите внатрешни контрасти и сеуште од „ветата“ на Грција. Која Грција, која меѓународна контрола на македонските институции?  Барем внатре кај нас ќе се рече- Но пасаран!





 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива