портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Емисарите на ЕУ и САД – окупатори или ослободители
ноември 2015
Извор: Фазан.мк
Од самиот страт на купување и на инсталирањето на израелската опрема за прислушквање во Управата за државна безбедност, на нарачателите, на партискиот врв на власта, би требало да им биде јасно дека таа од стартот на нејзиното активирање е под контрола на моќна странска служба.



Внатешно-политичката ситуација во РМ наспроти политиките на Москва и Вашингтон:

Па веќе секому би требало да му е јасно дека Република Македонија не ги поседува атрибутите на држава во смисла самата да ги уредува и менаџира своите внатрешн сотојби. Ова е период во која т.н. меѓународна заедница може да се доживее од едни како „окупатори“, од други како „ослободители“.

Сосема е јасно дека т.н. „бомби“ на опозицијата се снимани овде но „увезени“ од надвор. Од самиот страт на купување и на инсталирањето на израелската опрема за прислушквање во Управата за државна безбедност, на нарачателите, на партискиот врв на власта, би требало да им биде јасно дека таа од стартот на нејзиното активирање е под контрола на моќна странска служба. Македонските нарачатели на оваа опрема, набавена пред се`со мотив да го контролира политичкиот противник, наивно упадна во сопствената стапица.

Опозицијата нема капацитет на власта да и приреди вакво „бомбашко“ изненадување и да ја измести до тој степен од својата неприкосновено цврста позиција и сега да ја доведе практично во подредена ситуација подготвена за секаов компромис. Сега, затоа, луѓето испратени како медијатори од ЕУ и САД, а не опозицијата, практично ја водат играта против власта.

Премиерот и неговиот прв ешелеон, потпрени врз хиерархијата на својата партија, врз институциите кои ги ставија целосни под своја контрола и врз силната континуирана кампања преку контролираните медиуми, сега потклекнува пред силината на притисокот и уцените од страна на ЕУ и САД.

Целата надеж за политички спас сега премиерот ги гледа во уште високиот рејтинг и победа, макар само со еден пратеник повеќе, на изборите во април 2016-та. Нему му остана самао таа карта за спас зашто земјава е сега под таква странска контрола што практично се неможни било какви други сценарија за изместување на овој запиочнат процес на демисионирање на власта како на пример оној од Куманово со упадот и стационирање на „терористите“ во центарот на градот.

На сите сегашни процеси кои ЕУ и САД успеваат да ги „институционализираат“ , Москва „одговара“ молчешкум од проста причина што оваа „територија“ во џентлменски договор меѓу Москва и Вашингтон е под „јурисдикција“ на САД а како „компензација“ за нагласените интереси на Москва во други региони во светот.

Оттука, ако би морало да се извлече некаков заклучок за тоа каде ЕУ и САД ја водат Македонија по изборите во април 2016-та година, би можело да се заклучи дека многу индикации упатуваат на тоа дека изборите ќе заврчат со „нерешен“ резултат меѓу власта и опозицијата, со голема коалиција на двете партии зачинет со микс на албанскиот политички фактор во власта и тоа се` за период од две години по кои би следувале нови избори организирани во „нормален политичко правен амбиент“.

Во тој меѓуизборен временски период во кој партиите меѓусебно би се контролирале во владеењето, Република Македонија би требало барем елементарно да ги оспособи своите институции за самостојно уставно дејствување независно од тоа која партиска структура ќе раководи со владата. Во оваа насока би можело и да се дефинира и сегашното инволвирање на ЕУ и САД во актуелните македонски политички збиднувања.

Што се однесува до Москва, таа, колку и да не и се „допага“ пренагласеното присуство на европските и на аамериканските „емисари“ во земјата,  примарно ќе продолжи да го негува своето економско влијание и во Републка Македониа како „фер однос“ спрема западот во „глобалната поделба“ со него на територијалните свери на влијание.

 


 


Коментари
Нема коментари.
 
Архива