портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Порошенко - најслабата алка на украинската внатрешна и надворешна политика
октомври 2015
Наталија
Алешкина Талевска
„Во текот на овај период повеќе од 8000 украинци, од кои 6000 цивили, загинале од терористи и окупатори на Донбас“. Реално на Донбас има многу повеќе жртви, меѓу кои околу 100 деца. И жителите на Донбас имаат премногу докази дека сите овие иљадници луѓе загинале од рацете на своите сограѓани кои добиле „благослов“ од самиот Порошенко.


На 29 Септември во Њу Јорк пред Генералната асамблеја на ООН настапија сите светски лидери.  Се уште светските познати медиуми продолжуваат да ги анализираат изјавите кои беа дадени во текот на асамблејата, однесувањето на светските лидери, резултатите и последиците....

Скоро сите лидери својот говор го започнаа со споменување на Втората светска војна. Секој политичар се потсети на улогата на својата земја во Втората светска војна но, понатака нивните заклучоци беа различни.

Римскиот Папа Франциск се изјасни против нуклеарното оружје и напомена дека човечкиот  живот е највредното нешто. Францускиот председател Франсоа Оланд говорот го  започна со загриженост околу климата, потоа продолжи со загриженост околу проблемот со мигрантите нарекувајќи го сирискиот председател Башар Асад диктатор и спомнувајќи дека мигрантите не бегаат само од терористите од Исламската Држава туку и од режимот на владата. Председателот на Кина  Си Ѓинпинг најмногу зборуваше за соработката помеѓу државите и рамноправноста на народите во светот. Генералниот секретар Бан Ки Мун ги повика Русија, САД, Саудиска Арабија, Иран и Турција да го решат проблемот во Сирија, председателот на САД Барак Обама гестикулирајќи говореше за демократија, а председателот на Украина, Петр Порошенко пак се обидуваше да го сврти вниманието од Сирија кон Украина.

Говорот на Порошенко беше истиот театар на апсурдот што го гледаме во украинската политика по државниот пресврт во февруари 2014 година. Председателот на кој рацете до лактот му се во крв од своите сограѓани, кој дозволи својата држава да се управува однадвор повторно говореше за „агресивна Русија“.

Својот говор господинот Порошенко го започна со зборовите: „Се гордеам со тоа што зборувам од името на еден од членовите-основачи на ООН. Држава која во 1945 година активно учествувала во конференцијата во Сан-Франциско која придонесе во основањето на ООН и ги постави основите за нејзината дејност. Држава која придонесе многу во Сан-Франциско и ја формира срцевината на Статутот на ООН - Цели и Принципи на Организацијата“.

Чекајте, господине Порошенко, работата за созавањето на ООН започнала со предлозите кои ги давале Велика Британија, Кина, Советскиот Сојуз и САД во Думбартон-Оукс во Август- Октомври 1944 година. Во моментот на формирањето Украина била една од републиките во составот на  Советскиот Сојуз.

„Јас треба да напоменам дека мојата држава стана објект на надворешна агресија. Сега агресорот е Русија“. Изгледа дека Порошенко не забележува дека Русија најмногу се залагала и се залага околу решавањето на конфликтот во Донбас. Пример, Минскиот договор, кој е составен лично од Путин, единствен договор кој барем малку ја смири војната во Донбас. И обратно, самото доаѓањето на власт на Порошенко е нарушување на статутот на Украина без да станува збор за воени операции против сопствениот народ. 

„Во февруари 2015 година Русија спроведе отворена... агресија .... окупирајќи го Крим“. Колку што знаеме Автономна Република Крим се соедини со Русија во февруари 2014 година. И во текот на „окупацијата“ на полуостровот немаше ни еден руски војник.

Потоа, председателот на Украина изјави дека неговите луѓе храбро се борат со платените војници од Русија. Ама потоа кажа: „Враќајќи се кон ситуацијата во Донбас, мора да се каже дека ние сме принудени да се справиме со тешко вооружени воени единици на вооружените сили на Руската Федерација“.

Господинот Порошенко или тој кој му го подготви текстот, треба да се одлучат кој се бори, дали руските наемници или сепак официјални воени сили на Русија и доколку навистина во конфликтот би учествувале руски војници, Порошенко сега не ќе можеше да се врати во Киев и ќе останеше да служи на својот господар во Њу Јорк.

 „Во текот на овај период повеќе одосум илјади украинци, од кои шест илјади цивили, загинале од терористи и окупатори на Донбас». Реално на Донбас има многу повеќе жртви, меѓу кои околу сто деца. И жителите на Донбас имаат премногу докази дека сите овие иљадници луѓе загинале од рацете на своите сограѓани кои добиле „благослов“ од самиот Порошенко. 

„Украина се стреми кон буквите и духот на Минскиот договор“. Како? Со нецелосно исполнување на една од 15 точки во договорот и тоа поради притисоците на Порошенко од страна на лидерите на Германија и Франција?

На темата Сирија Порошенко повторувајќи ја приказна за агресија на Русија во Сирија заборави да ги спомне ИГИЛ и Ал-Каеда. Потоа тој сепак ги спомна овие терористички организации осудувајќи ги државите кои го поддржуваат тероризмот и сигурно тој не мислеше на САД кој ја создаде и Ал Каеда во Авганистан која се преформира во ИГИЛ. А требаше.

И посебно мене ме зачуди тоа што Порошенко зборуваше на англиски јазик и украинската телевизија го преведуваше говорот. Тоа е многу добро што украинскиот председател го знае англискиот и знае дека украинскиот јазик не е официјален јазик на ООН (за разлика од рускиот јазик) но  сепак Порошенко се обраќаше главно кон украинскиот народ, а народот има право да го слуша својот председател без превод, како што направиа казахскиот председател Нурсултан Назарбаев и францускиот председател Франсуа Оланд.



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива