портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Македонија во идниот период, регионот, интеграциите
октомври 2012
проф. д-р Димитар
Мирчев
Не верувам дека спорот за името со Грција и може рационално да се разреши. Вештачките проблеми, кога имаат меѓудржавна димензија, можат релативно лесно да се разрешат. Но, тоа се и ткн. и идентитени прашања, прашања напр. на нашиот национален идентитет. А овие прашања пак - тешко се решаваат. Многу долговремено.


Има кај нас оценки дека по неколкугодишните позитивни извештаи на Европската комисија и препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ, што Европскиот совет ги одбива, по НАТО самитот во Чикаго, кога поканата за членство е повторно одложена и по Меморандумот на Аврамопулос, македонската надворешна позиција е крајно заблокирана а надворешната политика се наоѓа во ќорсокак. Мојата лична оцена не е таква. Имено, оценувам дека нашата позиција станува поповолна, политиката проактивна и поуспешна и дека дава резултати.

Во изминатата година, сме имале исклучително динамични надворешно-политички контакти и комуникации, сме стекнале значително повеќе меѓународна подршка и сме го прошириле кругот на партнери и пријатели. Во меѓувреме дојде и пресудата на Хашкиот трибунал, која инаку нема правно-задолжително дејство, но и даде исклучително алиби и моќ на македонската позиција и политика. Меморандумот на Аврамопулос е едно бледо извлекување од пресудата и образложението на Хашкиот трибунал, далеку под нивото на Привремената спогодба од 1995 г., но исто така и значително поублажен пристап од фамозните „Осум точки“ на Папандреу од 2009 г. кои беа всушност - ултиматум.

Мислам дека е многу добро што министерот Попоски главно позитвно реагираше на тој предлог-меморандум и дека ние и формално треба позитивно да одговориме, се разбира со наши предлози, контра-оценки и барања итн. Се согласувам со оценката на Претседателот дека веќе ја имаме Привремената спогодба од 1995 г. и дека секој натамошен документ треба да биде барем еден мал чекор понапред од таа спогодба.

Во секој случај, позицијата во регионот и пошироко ни е зацврсната и посилна. Веројатно е дека тоа ќе се одрази во Извештајот и препораките на Европската комисија за прогресот на Македонија во акцесијата, во нејзините оценки за внатрешните реформи и препорака за преговори, но и во заклучоците на Европскиот совет, во декември. Во однос на НАТО, исклучително значајно е што во мај, во Чикаго, за Македонија се- разговараше и тоа поостро и подолго. И што, се смета дека до наредниот самит- за проширување, ќе се донесат некои одлуки. Инаку, интерес е и на НАТО, да го заокружи процесот на проширување и на Западниот Балкан а Македонија да се вклучи во колективниот систем на европска безбедност. Но, и со овој статус што сега го имаме, имено- со стратешко партнерство со САД и Турција, како и со ангажманот во Ирак, со смалувањето на тензиите и пацификацијата на Балканот, нашиот безбедносен амбиент е доста олеснет и зајакнат.

Оценувам дека другите земји на Западен Балкан имаат слични или и потешки пречки од Македонија во интеграциските или акцесиски процеси. Вистина е дека Црна Гора треба да ги започне преговорите, но исто така дека ќе и траат доста долго, бидејќи претпристапниот и реформски период и беше релативно краток. Хрватска веќе влегува во Унијата, но соседските прашања не и се сеуште разрешени а има и значителни економски тешкотии, корупциски афери итн. Се разбира, наш интерес е тие две земји што побрзо да влезат во Унијата и треба да им се честита на досегашните безпоговорни резултати, но притоа, потребен е и реализам во оцеката на резултатите.

На БиХ, Србија и Косово, разбирливо им е неопходно соочување со внатрешните и меѓусебни прашања, на Албанија- со засега европски неверификуваните реформи и постигнувања. Но, треба да се каже дека внатрешната состојба во Македонија е значително поповолна. Поредокот е стабилен, без разлика на повремените меѓу-етнички и меѓу-партиски тензии или инциденти. Битно е тие да се разрешуваат во рамките на правниот поредок, не во форма на политички компромиси надвор од правниот поредок или наспроти него.

Па сепак, тоа функционира. Економски, позицијата на Македонија, имајќи ја во вид европската финансиска и должничка криза и рецесија, е поволна. Ова и дава и моќ и кредибилитет на надворешната политика на државата. Најмалку два пати сме помалку задолжена земја од најмногу од соседите. Освен Турција чиј ОБП е висок, општествениот бруто производ на Македонија најмалку опаѓа и во услови на рецесијата а странските директни инвестиции- растат. Нивниот ефект дури кон крајот на годинава и догодина треба да се почувствува и тоа во форма на зголемено вработување, извоз итн.

Одговорот на предизвиците на кризата и рецесијата не е низ мерки на рестрикции и ускратување на социјалните права: напр. смалувањето на обемот на државната управа и администрација, смалување на плати, редукции во јавниот сектор, смалување на пензиите и зголемување на пензискиот стаж, зголемување на ДДВ, запирање на државните инвестиции и сл., а ова се познатите „витамински инекции“ што нашето соседство вообичаено ги користи за инфузија. Макар што резерви за штедење, освен буџетските рестрикции, постојат. Влегуваме полека во неколку значајни инфраструктурни проекти во регионот: коридорите 8 и 10 како и подобрувањето на патната инфраструктура, гасификацијата и користењето на алтернативната енергија, зелената економија итн. Некои од овие проекти се македонска иницијатива а имаат исклучително значење за целиот регион.

Не очекуваме значи некои посебни економски тешкотии во наредниоит период, напротив - подобрување на развојните перформанси, посебно во вработеноста, извозот, зголемувањето на стандардот, образовното ниво, квалитетот на здравствената заштита. Монетарниот систем и банкарството се релативно стабилни, инфлацијата се контролира на ниво на европските процеси, девизните резерви и денарските заштеди и натаму се зголемуваат, што обично не е случај во состојби на криза и рецесија, социјалните трансфери исто така. За некоја година би требало да се почувствуваат и ефектите од зголемените вложувања во земјоделието, образованието и здравствената заштита. Севкупно, регионот и Унијата може да сметаат на тоа дека Македонија полека станува еден респектабилен партнер и стабилизирачки фактор.

Се покажавме способни успешно да менаџираме европски и регионални процеси на мир и соработка. Успешно претседававме со Министерскиот совет на Советот на Европа, сега ефикасно претседаваме со Процесот на соработка во Југо-источна Европа, со глобалната конференција за дијалог на религиите и цивилизациите па и со други регионални и општи иницијативи. Претседателот има неколку иницијативи во надворешната политика што веќе се чувствуваат како продуктивни: насоката- Отворени кон сите, развојната насока- Пакс Еуропеана, која евро-интеграциите треба да ги конотира пред се како договор за мир и страбилност на континентот, подршката на ОН декларацијата за почитување на меѓународното право и правниот поредок итн.

Ова се - се суштински димензии на нашата надворешна позиција и политика. Проблемите пак на нашите односи со соседите и во регионот, се повеќе или помалку- вештачки создадени проблеми и второ проблеми создадени не од нас туку од соседите и тоа главно заради нивни внатрешни тешкотии и потреби за хомогенизација на внатрешната подршка на нивните политики. Ова го вклучува и вештачкиот спор за името на Македонија.

Или, да го споменеме прашањето на статусот на црквата. Или пак - за јазикот. Замислете во време во кое еден јазик, од бившата федерација, денес се именува како - српски, хрватски, бошњачки и црногорски, ние да полемизираме за тоа дали македонскиот бил западен дијалект на бугарскиот јазик. Итн.

Вештачките проблеми, кога имаат меѓудржавна димензија, можат релативно лесно да се разрешат. Но, тоа се и ткн. и идентитени прашања, прашања напр. на нашиот национален идентитет. А овие прашања пак- тешко се решаваат. Многу долговремено. Не верувам дека спорот за името со Грција и може рационално да се разреши.

Значи, проблемот е суштината на спорот да се остави на времето и на некои идни генерации, во ова време да се игнорира, а во меѓувреме - разумно да се менаџира со тој спор. Во таков случај, може да се дојде до некој прифатлив компромис, не на сметка на идентитетот. Сметам дека  тоа може да се постигне во блиска иднина. Карактерот на проблемите што ги имаат на пр. во БиХ, или Србија и Косово, се слични.

Сега, работата е во тоа дали Унијата и натаму ќе притиска за таквите многу долготрајни проблеми, да се разрешат докрај - пред преговорите за влез, или пак ќе допушти тие држави да влезат, а потоа, постепено да се решаваат во Унијата и според принципите на Унијата.

Веројатно е дека опцијата што ја предложи Македонија, а ја подржуваат многу членки на Унијата, имено паралелно да се одвиваат преговорите за влез во Унијата и разговорите за надминување на спорот за името, станува пореална од порано.

Впрочем, без разлика на преокупираноста со должничката криза и извесниот замор на европската јавност од проширувањето, тоа би била пореална опција и за Унијата.



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива