портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
„Еуромакс ресурсис“ обезбеди 215 милиони долари за проектот „Иловица“
мај 2015

Рудникот за бакар и за злато во Иловица ќе добие кредит од 215 милиони долари од Сосиете женерал, Уникредит банк А.Г. и Уникредит банк Австрија.



Од компанијата соопштија дека германскиот гарантен фонд УФК издал мандатно писмо за начелна подобност и овластување за аранжман за финансирање за развој на проектот за бакар и за злато „Иловица“, со кое се обезбедува аранжман од 215 милиони долари за приоритетно финансирање на проектот.

Рокот за отплата на аранжманот за финансирање е 12 години, со каматна стапка со разлика од 3,75 отсто до 4,25 отсто пред завршувањето, односно разлика од 2,75 отсто до 3,25 отсто над либор по завршувањето на проектот.

Услов за добивање аранжман за финансирање е склучување договор со топилница во германска сопственост за преземање бакарен концентрат.

Дополнително со мандатно писмо од германскиот гарантен фонд УФК се договорени и услови со „Катерпилар фајненшл“ за аранжман за финансирање опрема во вредност од најмногу 25 милиони американски долари.

Овој аранжман за опрема се однесува на финансирање на која било опрема од „Кат“ купена за проектот „Иловица“. Рокот на отплата на аранжманот за финансирање на опремата е 5 години со разлика од 4,50 отсто до 5,50 отсто над либор.

- Потпишувањето на овие мандатни писма во комбинација со УФК-поддршката е значително достигнување во нашиот план за финансирање и покажува голем интерес за проектот „Иловица“. Во комбинација со договорот за испорака на злато со „Ројал голд“ обезбедуваме 400 милиони американски долари за финансирање на изградбата на Иловица. Со вклучување на банките уште на почетокот на процесот ќе бидеме во можност да го спроведеме процесот на длабинска анализа паралелно со ДФС/ФЕЕД да се избегне одлагање при приемот на одобрението за градба во 2016 година. Со предвидената поддршка од УФК успеавме да обезбедиме поволен рок на отплата на кредитот до 12 години, така што нашите акционери ќе имаат корист од зголеменото задолжување и ова драстично ја зголемува внатрешната стапка на поврат на средства на проектот - изјави Варшан Гокул, главен финансиски директор на „Еуромакс ресурсис“.

Поддршката од германскиот гарантен фонд се темели на резултатите на предфизибилити-студијата за проектот „Иловица“, објавени од страна на компанијата во јуни 2014 година и се наменети за финансирање на проектот „Иловица“, заедно со договорот за испорака на злато вреден 175 милиони американски долари објавен во октомври 2014 година.

Потпишувањето на мандатните писма ќе ѝ овозможи на компанијата да продолжи со планот за завршување на длабинската анализа, потребна за комплетирање на поддршката за проектниот аранжман и аранжманот за опрема, паралелно со завршувањето на конечната студија за оправданост за Иловица, која е во тек.

Финансискиот аранжман и аранжманот за опрема е предмет на длабинска анализа, која треба да ја извршат главните кредитори и „Кат фајненшл“, вклучувајќи финансиски, правни, технички, еколошки и социјални длабински анализи.

Изградбата на рудникот за бакар и за злато „Иловица“ треба да заврши кон крајот на 2017 година. Неговата изградба ќе чини околу 500 милиони долари, а според плановите, во новиот рудник ќе се вработат околу 400 лица.

Фотографија: Игор Бансколиев

Превземено од:

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=5415935485&id=10&prilog=0&setIzdanie=23458

     

       

       

           

             



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива