портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Ќе настрада ли Гаспром поради Донбас?
март 2015

Гаспром започна со директни испораки на гас за самопрогласените Донецка Народна Република и Луганска Народна Република на 19 февруари. Компанијата ја понуди оваа „хуманитарна помош на комерцијална основа“ по изјавата на украинскиот Нафтогас за дефект на украинскиот гасовод. Сепак сите недостатоци се отстранети веднаш откако Гаспром го потврди отпочнувањето на испораката. Ситуацијата се заканува со можно повторување на гасниот конфликт помеѓу Русија и Украина. Освен тоа, САД би можеле да воведат санкции за Гаспром; раководителот на правниот оддел на Националната правна служба Јулија Галуева во коментар за весникот Комерсант не ја исклучува ваквата можност.


Рускиот гасен холдинг Граспром отсега на Украина ќе ѝ го наплатува гасот однапред, зашто украинската страна сè уште го нема исплатено долгот од 3.5 милијарди долари.

Гасот што се испорачува во Донбас веќе стана повод за појавување на конфликтна ситуација. Ова, секако, не треба да се нарекува хуманитарна помош. Гаспром најде основа да ги стави испораките во договор – значи оваа помош никако не е хуманитарна. Проблемот се состои во тоа што во договорот постои точка на прием на гас и таа не се наоѓа во Донбас. На ова Киев и се спротивставува: гасот се испорачува на територијата на Украина, но не онаму каде што тоа е потребно.

Ситуацијата секако не е едноставна. Решение за конфликтот може да биде повторна испорака кон запад, која беше прекината. Киев, односно Нафтогас, има дадено аванс за испорачаниот гас. Гаспром, пак, сега ќе го смета авансот за испорака на гас во Донбас.

Со што САД може да бидат мотивирани за воведување санкции за Гаспром? Компанијата едноставно им помага на жителите на Украина. Не мислам дека ова може да биде причина за ставање на компанијата на „црн список“, тоа е нелогично. САД можат да воведат санкции во секој случај, доколку сакаат. И не е важно дали Гаспром ќе испорачува гас или не.

Дмитриј Абазалов, претседател на Центарот за стратешки комуникации:

Негодувањата на Киев не треба да се нарекуваат неосновано, со оглед на тоа дека Гаспром всушност не ја нарушува минската спогодба. Компанијата едноставно има додадено две станици, што претходно ги немало „Прохоровка“ и „Платово“ (види мапа). А, исклучувањето на гасот од украинска страна од неформална причина фактички претставува сериозно нарушување: според минската спогодба 2, Украина е обврзана да содејствува во социјално-економската интеграција на регионот. Укртрансгас изјави дека има дупки на гасоводот, но, сепак, испораката беше брзо обновена: ова значи дека не постоел никаков дефект.

Нафтогас вели дека она што се случило е дефект, што ја прави позицијата на Гаспром посилна. Гаспром, пак, во дадената ситуација е миротворец, спасувач на ситуацијата. Укртрансгас не може официјално да признае дека ги има запорено испораките на гас како притисок на Дебаљцево, а тоа значи дека не може ни да ја торпедира одлуката на Гаспром. Освен тоа, компанијата врши испорака на енергенси како хуманитарна помош – ваков случај не постои во светската практика. Во дадениов случај хуманитарната помош се состои имено во пренасочувањето на текот, но во рамките на исполнувањето на договорот со Нафтогас.

Украина и санкциите го стегнаа Гаспром

Рускиот гасен гигант даде отчет за загубите и за новиот приод кон европските договори.

Ова е сериозен ќор-сокак за украинските власти. По маневрите на Гаспром Киев најверојатно ќе се обиде максимално да го нивелира конфликтот. Според последните податоци, Украина ја обновила испораката на „синото гориво“ во ДНР и ЛНР, без оглед на тоа што за тоа не постоеја никакви психолошки основи. И, судејќи според сè, исклучувањето на гасот повеќе нема да се повтори. Украина не е заинтересирана „синото гориво“ да се испорачува директно во ЛНР и во ДНР од Москва, а Нафтогас сето тоа да го плаќа со авансот за гас. Тоа ќе доведе до долги преговори.

Воведувањето санкции за Гаспром од страна на САД не е актуелно, со оглед на тоа што компанијата не присуствува на американскиот пазар. САД можат само да извршат притисок на Европа, но ЕУ тешко дека ќе воведе санкции за Гаспром: од оваа идеја во Брисел се откажаа уште пред една недела.

Превземено од:

http://mk.rbth.com/politics/2015/02/26/e_nastrada_li_gasprom_poradi_donbas_41061.html
Коментари
Нема коментари.
 
Архива