портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Запад не ги запишуе, Исток не ги отпишуе!
ноември 2013
Димитар
Чулев



Квантитетот од 50 илјади или 100 илјади луѓе кои протестираат деновиве во Киев, кои велат „не на СССР“(?!) и бараат договор со ЕУ потсетуваат на состојбите од 2004 година и на таканаречената Портокалова револуција кога демократскиот дел на Украина најави цврст западен курс во земјата. Да не пропадне работата и за секој случај, јавноста тогаш беше бомбардирана со десетици фотографии од нагрденото лице на тогашниот опозициски лидер Виктор Јушченко за кого излегоа стотици текста дека бил затруен од структурите на некогашната КГБ кои со најсофистицирани методи изведоа напад на неговиот фацијален епител.

По еднократната употреба на Јушченко, никој веќе не се заинтересира за ликот и делото на украинскиот претседател, кој стана тоа по бурниот портокалов бунт во Украина.

Денес Киев е одново на нозе, а незадоволниците од лошата транзиција на затворената екссоветска република кон пазарно општество причината за сиромаштијата и поводот за својот гнев го надградуваат во „бајковното“ барање некој од затвор да ја ослободи нивната „гасна принцеза“ Јулија Тимошенко. Нејзиното ослободување се наметна како услов за приближувањето меѓу ЕУ и Киев и потпишување на спогодбата за слободна трговија.

Брисел сака да ја види Украина поблиску до себе и надвор од интересната зона на Русија. Москва, уште по распадот на Варшавскиот пакт, се изјасни дека проширувањето на НАТО и на ЕУ под „нејзин прозорец“ нема да биде прифатено како кооперативен чекор, а на Украина и' понуди членство во царинската зона во која, покрај Русија, засега членуваат и Белорусија и Казахстан. И точни се тврдењата дека Москва уценува. За Русија губењето на Украина како некогашна житница на Советскиот Сојуз може да претставува загуба која не може да се надомести. А Украина, пак, во 70-годишната изградба на СССР стана енергетски и индустриски зависна од сестринската Русија. Москва рече дека нема да толерира седење на два стола; Брисел ултимативно ослободување на Јулија Тимошенко.

Киев и Јанукович немаат капацитет да ја одиграат оваа симултанка...

Превземено од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=46AD94591204604C83C968CE06DC286E
Коментари
Нема коментари.
 
Архива