портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Рејтинг-агенциите го гледаат цел Балкан како ризичен регион
јули 2013

Најлош кредитен рејтинг во регионот имаат Босна и Херцеговина и Албанија, а потоа Македонија, Црна Гора и Србија. Најдобар кредитен рејтинг од балканските земји има Хрватска



Последниве неколку месеци низ Европа агенциите го намалуваат кредитниот рејтинг на голем број европски земји, додека балканските земји се веќе на ниво што ги сместува во категоријата на земји со лош кредитен рејтинг. Така, според истражувањето на агенцијата „Анадолија“, Босна и Херцеговина има најнизок кредитен рејтинг во регионот и се наоѓа во групата земји со шпекулативен кредитен рејтинг, како и со висок кредитен ризик.

Во јули 2012 година агенцијата за оценка на кредитниот рејтинг „Мудис“ го потврди лошиот кредитен рејтинг на БиХ со Б3. Од преостанатите земји од регионот зад БиХ следува Албанија, каде што исто така постои висок кредитен ризик. „Мудис“ во јули минатата година ја смести Албанија во земји со кредитен рејтинг на ниво од Б1. Рангирани според оценките за кредитниот рејтинг, веднаш зад Албанија на листата следуваат Македонија, Црна Гора и Србија, кои имаат статус на земји со значителен кредитен ризик и кредитна способност со шпекулативни елементи, пишува „Анадолија“.

Долгорочно задолжување

Агенцијата „Стандард и Пурс“ во мај годинава го намали кредитниот рејтинг на Македонија поради долгорочното задолжување во домашна и во странска валута од ББ на ББ-, предупредувајќи на намалената транспарентност во јавните финансии и слабите изгледи за пораст на економијата.

Причината се економските притисоци во регионот, намалениот простор за дејствување на странските сопственици на домашните банки, тешкотиите во управувањето со владините финансиски даноци и зголемената јавна потрошувачка на непродуктивни средства.

Кредитната агенција „Мудис“ во последниот извештај за Црна Гора не го промени нејзиниот кредитен рејтинг од нивото од пред две години (Б3), а ги потврди прогнозите за стабилност. Задржувањето на кредитниот рејтинг на Србија на ББ- во голем дел е одраз на неизвесноста во врска со јавните финансии, брзиот пораст на јавниот долг, кревкото економско закрепнување и неизвесноста во врска со аранжманот со меѓународниот монетарен фонд.

Намален кредитниот рејтинг на Хрватска

Најдобар кредитен рејтинг на Балканот има Хрватска, и покрај фактот што на оваа земја пред неколку дена ѝ беше намален кредитниот рејтинг за една оценка. Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ деновиве ја намали прогнозата на кредитниот рејтинг на Хрватска од стабилна во негативна. Во соопштението од „Стандард и Пурс“ е наведено дека кредитниот рејтинг на Хрватска за наредната година би можело да биде загрозен, доколку продолжи слабеењето на нејзината економија, зголемувањето на фискалниот дефицит и доколку продолжи да расте јавниот долг.

Агенцијата „Мудис“ кредитниот рејтинг го утврдува врз основа на индикатори во четири клучни фактори: економската сила, институционалната сила, силата на јавните финансии и наклонетоста за ризик, како и интеракцијата помеѓу нив.

Превземено од:

http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=8613912187&id=10&prilog=0&setIzdanie=22946
Коментари
Нема коментари.
 
Архива