портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Злоупотреби со вработувањата со државни пари
мај 2013
Маја
Томиќ
Ги има секакви и тие се бројни на списоците на Агенцијата за вработување, повеќе од 200 илјади. За нив Владата смисли начини како да ги вработи и да им го реши егзистенцијалниот проблем, а истовремено и да ја намали големата невработеност во државава.


Започна битката за намалување на високата невработеност, со што оваа но и сите досегашни влади, никако не можатда излезат на крај. Од почетокот на годинава течат масовни акции за вработување. Се донесуваат и се реализираат разни програми, мерки, се објавуваат огласи... При тоа, нема привилегирани или запоставени. Сите невработени се во игра. И оние кои со години чекаат работа, со или без диплома, и оние со покус статус на невработени, самците, самохраните родители, лицата со повеќебројно семејство, социјалните случаи, младите, повозрасните...

Ги има секакви и тие се бројни на списоците на Агенцијата за вработување, повеќе од 200 илјади. За нив Владата смисли начини како да ги вработи и да им го реши егзистенцијалниот проблем, а истовремено и да ја намали големата невработеност во државава. Пари имало, тврди Владата. Ќе се земат од буџетот повеќе илјади евра и ќе се распределат на работодавачите кои ќе добиваат по три илјади евра за секое вработено лице. Исто толку им следуваат и на оние кои сакаат да започнат сами свој бизнис. Владата им дава на работодавачите за секој работник плус пари за плата и придонеси за период од 6 месеци, а тој е обврзан потоа уште една година да го задржи на работа.

Добра е идејата на Владата и таа се реализира. Зошто да не, логично е да се искористи шансата и да се земат по 3.000 евра за еден работник и плус 6 месеци државата да дава пари за плата. После тоа што ќе биде, не е толку битно. Кој би знаел дали и во наредните 6 месеци, без разлика што се обврзал пред Владата, работодавецот ќе исплатува плата и ќе го задржи на работа уште една година.

А, на несреќа на работниците, токму тоа се случува во македонската практика, иако има и чесни работодавци кои ги почитуваат законските норми. Владата требаше да знае дека во државава добар дел од бизнисмените имаат долгогодишно „искуство“ како да ги заобиколат обврските или да најдат дупки во законите, само за да ги намалат или избегнат трошоците од секаков вид и за нив да им останат повеќе пари. Веќе е познато дека тоа го правеа и го прават преку нелегалните вработувањата, со вработувањата со скратено работно време и слично, а ретко кој газда исплатува повеќе од 200 евра плата, со која едвај може да се преживее во денешни услови. Еве во последно време, со владините пари за вработување, им се отвора една нова идеја за манипулирање со граѓаните кои по многу години се среќни што дочекале вработување. Јасно е дека не се вработени затоа што навистина на фирмата и требале работници или работодавците ги примиле од желба да придонесат за намалување на невработеноста. Туку очигледно целта им била да се офајдат од државата.

На голем дел од вработените со државни субвенции не им е јасно зошто по изминати 6 месеци повеќе не им се дава плата, иако доаѓаат на работа и совесно си ги извршуваат обврските, онолку часови колку што ќе им каже директорот. Тие бараат помош и објаснување од Агенцијата за вработување, на чии списоци биле претходно. Но, наместо решение и одговор, од ова институција дигаат раменици и ги праќаат да ги пријават случаите во Државниот инспекторат за труд.

Тоа е чудно ако се знае дека токму Агенцијата има свои комисии и инспекции за да го контролира на терен реализирањето на владините мерки за вработување. Дали и во која фирма се отишло и има ли некаде утврдено изигрување на владините пари, нема такви информации.

Сепак, главното прашање е, зошто не се предвидени казни или други мерки за несовесните работодавци. Кога Владата ги подготвувала мерките, пожелно ќе било истовремено да ги подготви и казните за работодавачите. Оставајќи ги работите на нивната совест, еве што се случува. Ниту се поттикнува вработеноста, ниту се намалува невработеноста. Од друга страна, манипулациите со судбината на лицата кои по многу години дошле до некаква работа, се навистина низок и нечовечен удар од страна на работодавачите.

Превземено од:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CFF20DC47DBD7B4CA5B441D44C6541BE
Коментари
Нема коментари.
 
Архива