портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Русија го засилува своето влијание во поранешна Југославија
јануари 2013

Место да создава широки и идентични односи со целиот регион, Русија ќе се концентрира на специфични проекти, пред сѐ од енергетскиот сектор, каде што Русите и се најсилни, заклучува познатиот институт од Вашингтон.


Русија и понатаму жестоко ќе го зголемува своето влијание на просторите на поранешна Југославија, иако во моментов нејзиното влијание е сериозно ограничено од Европската унија, се вели во последната анализата на американскиот Институт за геополитика „Стратфор“ (www.stratfor.com).

Во анализата на „Стратфор“ не е вклучена и Грција, иако за ваков текст, секако, јужниот сосед е значаен поради засега непотврдените информации дека руски „Газпром“ планира да го купи гасниот дистрибутивен систем на Грција, со што уште повеќе би се засилило влијанието на најголемата држава во светот во овој регион.

„Москва ги користи енергетските проекти и можностите создадени од европската економска криза за да го гради и етаблира своето влијание во регионот. На пример, рускиот гасовод ’Јужен тек‘ се очекува да добие статус на национален проект во Србија. Русија и Србија неодамна потпишаа договор за заем од 800 милиони долари за реконструкција на српскиот железнички систем, а се дискутираше и за заем од една милијарда долари за српскиот буџет“, стои во најавата на анализата.

„Откако Југославија се распадна, Словенија, Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Македонија, ги свртија своите економски текови на различни страни, некои кон Европа, а некои кон Русија. Србија има мошне силни врски со Русија, двете земји имаат културни и религиозни врски, а Москва го поддржува Белград во врска со Косово. Другите земји на поранешна СФРЈ не се толку блиски со Русија – Словенија е членка на ЕУ и на еврозоната. Балканскиот регион е планински и културните разлики меѓу земјите им прават тешкотии на странците да се соочат со сите седум држави истовремено. Сите балкански држави имаат силни врски со ЕУ, но нивното поврзување во Унијата е компликувано поради кризата, но и поради различните етнички и територијални спорови, како и од несоодветност на западните институционални стандарди. Русија, која секогаш имала релативно силни културни врски со регионот, сега ја користи кризата во Европа и падот на финансирањето од страна на ЕУ. На поранешните југословенски држави им се потребни средства за да ги надградат своите индустриски бази и транспортната инфраструктура, што отвора нови можности за руското влијание.



(Остатокот од текстот може да се види во последниот број на неделникот „Република“ од 18.01.2013)



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива