портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Јужниот тек ја руши бугарската влада?
јуни 2014

Проектот за изградба на гасоводот Јужен тек би можел да ја урне бугарската влада, пишува денес бриселскиот сајт Еурактив. Рапсишување на вонредни парламентарни избори во ноември или декември денес побарал помалиот коалициски партнер во бугарската влада, Движењето за права и слободи (ДПС), поради тоа што се противи на ставот на владејачката Социјалистичка партија да продолжи со изградбата на гасоводот Јужен тек и покрај предупредувањата на Европската комисија, пренесува Б92.



Лидерот на Движењето за права и слободи, партијата на етничките Турци, Лутви Местан во парламентот кажал дека Бугарија не треба да работи против Брисел, туку да ги брани своите национални интереси „во соработка а не во конфронтација“ со Европа.

Односите на Бугарија со Европската комисија се влошија во последните месеци поради гасоводот Јужен тек. Бугарскиот премиер Пламен Орешарски кон крајот на мај го уверуваше претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо дека Бугарија ќе ги почитува правилата на ЕУ, но дека властите во Софија му ја довериле изградбата на бугарската делница од Јужниот тек на рускиот конзорциум Стројтрансгас.

Порталот Еурактив истакнува дека мнозински сопственик на Стројтрансгас со учество од 63 отсто е групацијата Волга чиј сопственик е Генадиј Тимченко, кого кон средината на март САД го ставија на црната листа поради украинската криза. Тимченко важи за еден од најбогатите луѓе во Русија и близок на Владимир Путин.

Цената од 3,5 милијарди евра за изградба на делницата на Јужен тек низ Бугарија ЕК ја смета за надуена „во стилот на Путин“, како што било и со трошоците на изградбата на Сочи за Зимската олимпијада.

Бугарскиот неделник Капитал неодамна објави писмо од европскиот комесар за внатрешниот пазар до бугарските власти во кое се потврдуваат претходно објавените информации за бројните недостатоци на договорот меѓу руската и бугарската страна.

Европската комисија на 3 јуни побара од Бугарија да го одложи почетокот на изградбата на гасоводот Јужен тек на својата територија поради кршењето на прописите на ЕУ за енергетскиот пазар. Европската комисија објаснила дека изградбата на Јужниот тек во ЕУ ќе мора да причека договорите кои членките на ЕУ ги склучиле за учество во Јужен тек да се усогласат со прописите на ЕУ.

Една од главните забелешки на Брисел е тоа што не е уважен принципот за конкуренција и нема јасен увид во доделувањето на проектот на компанија за финансирање и изградба на тој гасовод во Бугарија, а правилата на ЕУ се прекршени и со тоа што со договорот на Бугарија со рускиот партнер, предност добиле бугарски и руски изведувачи, а тоа воопшто не било ни објавено во службениот весник.

Еурактив пошува дека за своевиден тест за опстанок на бугарската влада се сметаат и резултатите од неодамнешните избори за Европскиот парламент на кои владејачката Социјалистичка партија била на второто место со 18,5 отсто гласови. Најмногу гласови освоила партија на десниот центар Граѓани за демократски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Русија: ЕК не може да го кочи Јужниот тек

Претставникот на Русија во ЕУ Владимир Чизов изјавил денес дека Европската комисија нема доволно овластувања за да може да ја попречи изградбата.

„Европската комисија нема доволно овластувања за тоа. Но, тоа и не е работата. Таа за тоа нема основа. За да има основа, мора да покаже дека се прекршени правилата“, изјавил Чижов за Итар Тасс.

Тој кажал дека не ги знае деталите за тендерот за изградбата на гасоводот низ Бугарија, но дека е уверен дека од правна гледна точка сѐ е правилно. Чижов кажал дека „Бугарија знаела што прави, влегувајќи во ЕУ“.

Европската комисија во понеделникот соопшти дека планира да ја сопре реализацијата на Јужниот тек во земјите од ЕУ, пред сѐ во Бугарија. Меѓународниот гасовод Јужен тек, кој го започна руската државна компанија Газпром за при испораките на гас за Европа да се заобиколи Украина, вреди над 16 милијарди евра, а планирано е првите испораки на гас да бидат реализирани до крајот на 2015 година.

Планот е рускиот гас со цевки под Црното Море и на копното во Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија да се доведе до потрошувачите во југоисточна и западна Европа.

Превземено од:

http://www.mkd.mk/svet/analizi/juzhniot-tek-ja-rushi-bugarskata-vlada

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива