портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Сите занаетчии ќе мора да имаат дозвола за работа
октомври 2015

Како што е наведено во образложението, предложениот закон ќе овозможи подобрување на регулативата во делот на занаетчиството, воведување електронски занаетчиски регистар, воведување занаетчиска дозвола и подобрување на коморскиот систем.


 Сите занаетчии ќе мора да извадат занаетчиска дозвола, која ќе биде еден вид гаранција за квалитет на производите и услугите што ги нудат вршителите на занаетчиска дејност. Исто така ќе се регулираат начинот и условите за вршење на јавните овластувања од страна на коморите и ќе се дефинира односот меѓу Занаетчиската комора на Република Македонија (ЗКРМ) и општинските и регионалните занаетчиски комори. Ова се некои од измените што се предвидени со новиот предлог-закон за занаетчиство, за кој наскоро ќе се расправа во Собранието. Со измените се предвидува комората да биде социјален партнер на Владата. Исто така со новите измени ќе се регулира финансирањето на занаетчиските комори. Во согласност со законското решение 90 отсто од средствата од извршувањето на јавните овластувања и коморскиот придонес ќе се прелеат во општинските, односно регионалните занаетчиски комори, додека 10 отсто во Занаетчиската комора на Република Македонија. Воедно ќе биде пропишан и начинот на субвенциите за вршителите на занаетчиската дејност.

СЕ ДЕФИНИРААТ ПОВЕЌЕ РАБОТИ

Со новиот закон се доуредуваат состојбите со занаетчиството во Македонија, смета Снежана Денкоска, извршна директорка при Занаетчиската комора-Скопје. Таа истакнува дека досега овој сегмент бил опфатен со Законот за вршење на занаетчиската дејност од 2004 година, но дека сега подетално се дефинираат работите.

- Се регулира вршењето на занаетчиската дејност и се воведуваат занаетчиските дозволи. Секој што ќе врши занаетчиска дејност, па дури и ако е регистриран како трговско друштво, ќе мора да има дозвола, која се добива врз основа на квалификации, а ако нема квалификации, тогаш ќе мора да ги стекне за да ја добие дозволата. На овој начин ќе се овозможи сите што се квалификувани да работат во областа и да се изборат на пазарот со квалитет. Секако, со дозволите ќе се гарантира и квалитетот на производите или услугите што ги даваат занаетчиите - вели Денкоска.

Таа додава дека без оглед дали некој има фирма или занаетчиско друштво, ќе мора да го знае занаетот за да добие дозвола и да работи во областа. Исто така посочи дека дозволите ќе се добиваат во Занаетчиската комора, но дека сѐ уште не е утврдена сумата што ќе треба да ја платат занаетчиите.

ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР

Како што е наведено во образложението, предложениот закон ќе овозможи подобрување на регулативата во делот на занаетчиството, воведување електронски занаетчиски регистар, воведување занаетчиска дозвола и подобрување на коморскиот систем.

- Се воведува занаетчиска дозвола, која се издава за занаетчиските дејности и претставува гаранција за квалитет на производите и услугите што ги нудат вршителите на занаетчиската дејност. Се воведува електронски занаетчиски регистар, кој ќе служи како централна база на податоци, со што институциите за развој и поддршка на занаетчиството во Република Македонија во секој момент ќе имаат јасна слика колку занаетчии се регистрирани и од кои сектори - се наведува во образложението.

Исто така со предлог-измените се воведува чираштвото, кое овозможува невработено лице да биде ангажирано од страна на работодавец за да се стекне со вештини, компетенции и знаења за изучување определен занает.                          

Автор: П.О.       Фотографија: Маја Јаневска-Илиева

Превземено од:

http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=10131593292&id=10&prilog=0&setIzdanie=23588

     

       

      
Коментари
Нема коментари.
 
Архива