портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
„Јужен тек“ - not, nicht, няма - њет
февруари 2015
Љупчо
Гаштеовски
Проектот „Јужен тек“, заснован на меѓународни договори од 2007-та, е постар од „третиот енергетски пакет“ на ЕУ од 2011 година, кој наложува раздвојување на транспортните оператори од снабдувачот. Во најмала рака, не е ниту дозволиво ниту чесно дополнителни прописи да менуваат првобитни договори.


Синџирот е цврст онолку колку што е цврста најслабата алка. Кај гасоводите како линиски објекти хендикеп е континуираноста, оти само еден фалшив милиметар ја блокира употребната вредност на другите илјадници километри. Запад го скина „синџирот“ наречен „Јужен тек“, искористувајќи ја Бугарија, со богатата референца на најслаба алка. Оваа постапка симболизира дека проектот од животно значење за ЕУ го саботира самиот Брисел, и тоа преку „рачето“ на својот претседател Баросо. А Бугарија си набаса трет дебакл, по нафтоводот „Бургас - Александрополис“ и нуклеарката „Белене“.

На крстопатот дали да денгуби со Европа или да сврти кон моќната Азија, Путин знае да избере. Азија е новиот светски економски центар без западни бирократи, каде што гасот е поскап со авансно плаќање во „недолари“. Долгорочното партнерство преку договорот вреден 400 милијарди долари со Кина, до 2018 година, за 55 милијарди долари ќе го ефектуира гасоводот „Источен тек - Моќен Сибир“ и најголемото втечнувалиште на природен гас за Далечниот Исток кај Владивасток.

По загубата на Крим, по сценариото на Реган за распадот на Советскиот Сојуз, сојузниците се нафрлија за уништување на руската економија, со спуштањето на цената на нафтата и кревање санкциски рампи. Западните банки одбиваат пласмани во „Јужен тек“.

Кина како најголем имател на „живи“ пари се подметнува за „Јужен тек“, во секое време да емитува какви било облигации, но во рубља-јуан. Со тоа Путин добива проширени степени на слобода за маневри и сценарија, но и долеана омраза од „доларот“.

Деструкцијата на „Јужен тек“ од Запад и распадот на конзорциумот „Јужен тек транспорт“ го смени курсот на „Газпром“. „Јужен тек“ не е само руски туку европски и штом со сите средства ЕУ го кочи проектот, која будала би влегувала во огромни неизвесни вложувања!? Русија пронаоѓа гланц нова цврста алка. Турција како вечен (од 1987-та) ЕУ-кандидат од втор ред, со Ердогановиот неоосманизам, игнорира директиви за избор помеѓу ЕУ и Русија и развива проекти, уважувајќи ги двостраните интереси и вели: „Русија за нас не е само сосед, туку и нешто повеќе“. Оваа опција изгледа дибидус ги побрка западните (не)математики.

На први декември 2014 година најпопуларниот државник на 21 век му се доверува на турскиот колега Реџеп Ердоган: „Ми скисна од Бугарите. Со Западот и ЕУ зад грб нѐ предизвикуваат“. Путин го принудија да крене раце од „Јужен тек“ и да го пренасочи во „Син - Турски тек“.

„Земајќи ги предвид фактите дека досега не добивме дозволи од Бугарија, веруваме дека во актуелните услови Русија не може да продолжи со реализација на „Јужен тек“, изјави Путин во Анкара и додаде: „Штом Европа не го сака овој проект, тој и нема да се реализира“.

Неочекуваната изјава на Путин ги изненадила дури и неговите соработници од делегацијата во Анкара. За одлуката тие дознале од колегите во екипата на Ердоган. Ретко кој знае што мисли Путин денес, а никој не знае што ќе направи утре. Путиновата политика не се заснова на резултат (Пирови победи), туку на ефикасност.

Путин во кадифена изјава испорача неотповиклива одлука, а „пријателите“ препознаа поразителен руски блеф. Но само до утрото, кога претседателот на „Газпром“, Алексеј Милер, го бетонира армираниот Путинов потег „жртва на пешак за дама“ и направи трауматично бунило: „Проектот ’Јужен тек’ е мртов. ЕУ треба да побрза со преземање гас од ’Турски тек’ оти има малку години. Тоа е многу жесток план, а ’Турски тек’ е единствена маршрута за супституција на гасот преку Украина, по истекувањето на договорот во 2019 година. Побрзајте оти тие количества гас може да завршат на друг пазар. Други варијанти нема“.

Меѓу редови, Русија го прифаќа „третиот енергетски пакет“ на ЕУ и не се меша со нивните крајни потрошувачи. ЕУ ќе има руски гас, ама не дома, туку на турско-грчката граница, а Украина ќе купува на руската граница.

ЕУ била изненадена од јавниот демарш дека од 2019 година нема гас преку Украина. Откако „мечката“ им заигра во дворот, прогласија „ден на шокот“, а во Софија, Белград и во Пешта знамињата уште мрзнат на четврт копје. Запад вриеше од коментари: „Крах на Русија од санкциите“; „Голем дипломатски пораз на Путин“...

Канцеларката Меркел го „зашеќеруваше“ бугарскиот премиер Борисов и му нарача „тапани по свадбата“. Демек, Германија има позитивно искуство со руските доверливи партнери, па ќе помогнале во преговорите со Русија.

Проектот „Јужен тек“ заснован на меѓународни договори од 2007-та е постар од „третиот енергетски пакет“ на ЕУ од 2011 година. Во најмала рака, не е ниту дозволиво ниту чесно дополнителни прописи да менуваат првобитни договори. Со тоа, силуваната ЕУ најпрво си пукаше во себе, па со наоглавената бесилка збесна па пердаши сѐ по ред надолу. Така аздисана и шашардисана ѝ ја „с’снаа“ на „сибирската мечка“. И видовме кој кого испердаши. ЕУ беше измезена на „екс“ до шушка.

Упатените не се изненадени од овој расплет, оти ако Русија требаше да игра по западна свирка, таква „игранка“ веќе си има со Украина. За Русија изнудената пренасока на „Јужен тек“ е добредојдена, а за ЕУ нов обид за самоубиство. Руската дипломатија изрази чудење што ЕУ јавно не ѝ се заблагодарува на Русија за исполнетите им желби - прекин на „Јужен тек“ и почитување на „третиот енергетски пакет“.

Дали „Јужен тек“ е мртов или на апарати за дишење?

Топката со силен ритрн е на другата страна, дури и преку оградата. Идните активности, ако има такви, не зависат од Русија, таа си пакува „Путинови пакетчиња“.

Превземено од:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=23151657537&id=13&prilog=0&setIzdanie=23386



 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива