портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Домаќинствата ќе почекаат на гас уште најмалку три години
јануари 2015

До крајот на оваа година треба да почне изградбата на скопската гасоводна мрежа од 250 километри, а наскоро ќе се знае која компанија ќе ја гради.


До крајот на оваа година ќе започне изградбата на гасоводна мрежа за скопските домаќинства, односно секундарната гасификација, како што најави Владата уште лани, кога го подготвуваше буџетот за оваа година. Тоа деновиве го потврди и премиерот Никола Груевски, кој рече дека засега две компании се во игра за изградба на гасоводната мрежа за скопскиот регион. Тоа се италијанската ЦПЛ „Конкордија“ и турската „Аксо енерџи“, кои есента минатата година го добија тендерот. Наскоро треба да се избере една од нив што ќе гради 250 километри од примарната и од секундарната скопска дистрибутивна мрежа на гас, по принципот на јавно приватно партнерство. Притоа, станува збор за 17 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден и Чучер-Сандево. Се проценува дека гасификацијата само на Скопје ќе чини околу 100 милиони евра, а времетраењето на договорот за јавно-приватно партнерство е на 20 години, по што мрежата ќе стане сопственост на државата. Според условите на тендерот, странскиот партнер што ќе биде избран, ќе им овозможи на корисниците да плаќаат приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен простор.

Откако се прекина изградбата на проектот „Јужен тек“, постојат неколку опции од каде што ќе се носи гасот во Македонија. Според Груевски, за главната, примарна мрежа Владата работи на можноста за поврзување со гасовод од Грција. „Тоа е едната опција, а можно е и поврзување со Бугарија на интерконтиненталниот гасовод. Третата опција е да се снабдуваме од постојната цевка од кај Крива Паланка, со руски гас од ’Гаспром‘. Таа е со капацитет од околу 800 милиони кубни метри. Ние не користиме ни половина од ова. Се очекува дека во наредните две до три години ќе заврши изградбата и на примарната и на секундарната гасоводна мрежа“, истакна Груевски во неодамнешното телевизиско интервју. Тој додаде дека во моментот Владата ќе работи на секундарна гасификација на Скопје, а потоа и на гасификацијата на домаќинствата од источна и од западна Македонија.

Владата за годинава предвидува интензивирање на активностите околу изградбата на националниот гасоводен систем. Освен средствата од клириншкиот долг на Руската Федерација кон Македонија во висина од 60 милиони долари, ќе се преговара и за заеми од Европската банка за обнова и развој, ЕБОР и Европската инвестициска банка, ЕИБ, од кои досега е добиена начелна согласност. Од буџетот, пак, се планирани 4,2 милиона евра за активностите за гасификација, приближно исто колку и со претходниот буџет за 2014, кога се издвоија 4,1 милион евра. Со парите од рускиот долг, како што е познато, треба да се изгради делот од примарниот гасовод од Клечовце, Крива Паланка до Штип и Неготино, а за преостанатиот дел за гасификацијата ќе се бараат странски средства. Се предвидува дека за целосно заокружување на овој проект ќе бидат потребни приближно 300 милиони евра.

За општините од централна и од источна Македонија предвидената инвестиција изнесува околу 28 милиони евра, додека за градовите од западниот дел од земјава и Пелагонија, гасификацијата се проценува да чини околу 23 милиони евра. Како приоритетни општини се ставени: Велес, Штип, Радовиш, Кочани, Кавадарци, Гевгелија и Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар и Тетово. Со гасификацијата на домаќинствата, според Министерството за транспорт и врски, се очекува граѓаните да имаат пониски трошоци за греење меѓу 25 и 45 проценти.

Превземено од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0690FD41BDBB8040AF9630626E9A8FC1

Коментари
Нема коментари.
 
Архива