портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Нуланд: Стоп за „Јужниот тек“
октомври 2014

Јас барам од нив да ги запрат валканите работи кои ја зголемуваат зависноста овие земји од еден извор на енергија.


Вашингтон/Брисел – По разногласието помеѓу земјите-членки на ЕУ околу иднината на гасоводот „Јужен тек“, се јави официјален Вашингтон со „совет“ да се откаже проектот. Во Европската унија е повеќе очигледна поделба меѓу земјите-членки и големите компании кои се за тоа да се оди во изградбата на гасоводот „Јужен тек“ и оние против, па официјален Вашингтон се огласи со јасен повик да „престана склопените валкани работи“.

Некои западни европски медиуми во овој поглед на Вашингтон, кој го презентираше помошник-државниот секретар за Европа, Викторија Нуланд, препознаа барање на САД земјите-членки да ги раскинат договорите кои се потпишани со Русија за „Јужен тек“.

„Јас барам од нив да ги запрат валканите работи кои ја зголемуваат зависноста на овие земји од еден извор на снабдување со енергија и покрај тоа што тие официјално се посветени на политиката на различни извори на снабдувањето со енергија“, рече Нуланд, како што пренесе агенцијата Бета.

Инаку, во тек се плановите за реализација на проектот ТАП преку кој Европа од 2020 година ќе добие земен гас од Каспиското Море преку гасоводот „Транс-Адрија“. По почетните тешкотии, проектот добива контури, а централна точка е што Москва останува надвор од него.

Гасоводот „Транс-адрија“, кој ќе ја заобиколува Русија, треба да лиферува гас од Каспиското Море преку северна Грција и Албанија кон јужна Италија и таму да се приклучи на веќе постојната европска снабдувачка мрежа. Финансирањето на јужноевропскиот коридор за гасот се чинеше е на стаклени нозе откако германскиот гигант за гас „Еон“ и францускиот концерн „Тотал“ минатиот февруари сигнализираа желба да истапат од проектот, што и го направија на крајот на септември. Но, во меѓувреме подготвеност најави друг инвеститор: Енагас, еден од најголемите лиферанти на гас во Шпанија, кој ги презема најголем дел од уделите на „Еон“, пишува „Дојче веле“.

Превземено од:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=E6EBBD3E74543A4BA51AA8359F58B7DE

Коментари
Нема коментари.
 
Архива