портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Народна банка очекува економски пораст од 3,7 отсто во 2014 година
мај 2014

И натаму се очекува дека порастот ќе произлезе од извозната и инвестициската побарувачка, што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување



Најновите показатели за првиот квартал на 2014 година, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори, упатуваат на динамика на економскиот пораст, која не отстапува од претходните очекувања, соопшти вчера Народната банка.

- Предвидувањата за економскиот пораст во идниот двегодишен период не се променети, што подразбира негово забрзување и достигнување до 3,7 отсто во 2014 година и до 4,4 отсто во 2015 година. И натаму се очекува дека порастот ќе произлезе од извозната и инвестициската побарувачка, што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување, влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции - велат во НБМ.

Оттаму додаваат дека се очекува солиден позитивен придонес кон порастот, особено во 2015 година, од потрошувачката на домаќинствата, во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.

- Во текот на првиот квартал од 2014 година каматната стапка на благајничките записи се задржа на 3,25 отсто. Најголемиот дел макроекономски показатели се движеа во согласност со патеката предвидена во претходните проекции на Народната банка. Во одделни сегменти се забележаа отстапувања, но тие не влијаат значително врз макроекономската слика - велат во НБМ.

Во централната банка информираат и дека инфлацијата забавила и во првиот квартал на годината, покажувајќи помали ценовни притисоци во однос на очекувањата.

- Забавувањето произлезе од фактори на страната на понудата, односно од отстапувањата во динамиката на светските цени и од нивните пренесени ефекти врз домашните цени. Се очекува дека и порастот на домашните цени во 2014 година значително ќе забави, при што просечната инфлација ќе се движи околу 1 отсто, со претежно надолни ризици - велат во НБМ.

Оттаму велат дека во 2013 година порастот на домашната економска активност бил во согласност со претходната проекција и изнесувал 3,1 отсто.

- Во 2013 година, при подобро салдо во размената на услуги и повисоки тековни трансфери од очекуваните, дефицитот во тековната сметка беше понизок од оцените и изнесуваше 1,9 отсто. И покрај подобриот извоз, се очекува дека сѐ поголемата увозна побарувачка и намалувањето на учеството на приватните трансфери во БДП ќе го продлабочат дефицитот во тековната сметка, со што тој ќе се сведе на 4 отсто во 2014 година и на 5,8 отсто 2015 година - соопшти НБМ.

Во капитално-финансиската сметка и понатаму се очекуваат должнички и недолжнички текови, што ќе бидат доволни за зголемување на девизните резерви до крајот на 2015 година и за нивно одржување на адекватното ниво.     

Превземено од:

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=51614749523&id=10&prilog=0&setIzdanie=23175                                      
Коментари
Нема коментари.
 
Архива