портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Проектот „Јужен тек“ не е под закана
април 2014

Проектот за гасоводот „Јужен тек“ не е под закана и тој мора да биде поддржан, а не блокиран. Ова во интервју за германски „Ханделсблат“ и за италијанскиот весник „Панорама“ го вели Александр Медведев, генерален директор на „Газпром-екпорт“, фирма-ќерка на „Газпром“ одговорна за транспорт на гас.

ИНТЕРВЈУ, АЛЕKСАНДР МЕДВЕДЕВ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕKТОР НА „ГАЗПРОМ- ЕKСПОРТ“







„Газпром“ испорачува речиси третина од своите количества во Европа преку територијата на Украина. Подлежат ли овие испораки на закана поради руско-украинската криза?

-Не, од наша гледна точка тие не се под никаква закана, дури и имајќи го предвид тоа што ние испорачувам повеќе од една третина – околу 40-45 отсто. Обврските за испорака се „врежани во камен“ со нашите долгорочни договори.

Дали проектот „Jужен тек“ е под закана?

-Не. Ние сме способни да го изградиме и да го пуштиме во експлоатација овој гасовод во зададениот рок за да ~ обезбедиме на Европа безбедни и стабилни испораки на гас со заобиколување на непредвидливите земји-транзитери. Единствената опасност се состои во тоа што во Европа не сфаќаат докрај какви с` предности ќе им донесе „Јужниот тек“. Станува јасно колку на европскиот регион му се потребни дополнителни и алтернативни маршрути за достава на гас за да стане сосема независен од транзитните држави. Проектот е поткрепен со достапни резерви на гас и инвестиции - тоа е еден од таквите патишта. Тој мора да биде поддржан, а не блокиран.

Европа е во потрага по алтернативи на рускиот гас. Според Вас, ќе може ли Европа да живее мирно без рускиот гас?

- Европа нема други сигурни извори на природен гас во следното десетлетие. Само Русија е способна да ги обезбеди растечките потреби на стариот свет. Норвешка, Алжир, Велика Британија, а сега и Холандија, почнуваат да чувствуваат потешкотии со добивањето гас поради осиромашувањето на нивните ресурсни бази. Претпоставената добивка на гас од шкрилци ќе биде многу скапа и ќе може само делумно да го пополни падот на внатрешната добивка на традиционален гас. Втечнетиот природен гас (ЛНГ), меѓу кој и оној од САД, ќе дојде на овој пазар само во случај ако цените во Европа пораснат. Европа може да ја скрати својата зависност од гасот, но по цена на зголемување на искористувањето на јагленот и големи дотации за развој на обновливи извори на енергија. Во таков случај, Европејците ќе бидат принудени да платат или со своето здравје или со паричникот.

Зарем американскиот гас не може да стане алтернатива на руското гориво во Европа?

Од економска гледна точка, американскиот ЛНГ не може да им биде понуден на европските клиенти по конкурентни цени. Покрај тоа, САД едноставно немаат големо количество за продажба надвор од границите. Меѓу другото, центарот за финансиски истражувања „Стенфорд С. Бернштајн“ неодамна соопшти дека потенцијалното откажување од рускиот гас може да ја чини Европа околу 215 милијарди долари само во нови инвестиции.

„Газпром“ продава, а не војува

На прашањето на медиумите дека „Газпром“ е сопственост на руската држава, а претседателот Путин би можел да го искористи прекинот на испорака на гас како политичко оружје, Медведев одговара дека гасот не е оружје, гасот е стока.

- Ние произведуваме и продаваме гас. Трговијата е мирновременска и корисна дејност затоа што таа обединува. Руската влада е наш најголем акционер, но не е и единствен. Нашите акции се продаваат на светските берзи. И сите наши акционери, чија бројка е над половина милион, меѓу нив и владата на Русија, се заинтересирани „Газпром“ да носи профит, а не да војува – вели Медведев.



На прашањето, пак, ако Украина го блокира транзитот на руски гас, како „Газпром“ тогаш би можел да испорачува гас во Западна Европа, тој е дециден дека за да се избегнат ризиците поврзани со несигурните земји, „Газпром“ заедно со европските партнери го изгради гасоводот „Северен тек“ по дното на Балтичкото Море и планира да го постави цевководот за „Јужен тек“ преку Црно Море.

Превземено од:

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=A912894970AB034AB126284D9FC8E465

Коментари
Нема коментари.
 
Архива