портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Кога и каде е спасот за загубарите
јули 2013
Маја
Томиќ
И додека Владата не престанува да ги нуди на тендер прилепските „Еурокомпозит“ и „Тутунски комбинат“, ЕМО и ОХИС, прво во пакет, а потоа и секој посебно, претпријатијата се' повеќе тонат во милионски загуби, вработените немаат ниту работа, ниту плата и често штрајкуваат барајќи од надлежните да понудат излез од таквата состојба. Не се знае прецизно колкави се загубите посебно за секое претпријатие, затоа што бројките постојано растат.


Има ли надеж за последните државни компании, ќе се стави ли клуч на нивна врата и ќе се појави ли конечно купец кој ќе го рестартира замреното производство? Со години наназад надлежните трагаат по одговорот на овие прашања и никако да стасаат до нив. Владата од 2006 година упорно се обидува да го најде вистинското решение, но попусто. Сепак, нејзиниот оптимизам не попушта и постојано се објавуваат нови и нови огласи.

За пропаднатите држави компании со повеќе илјади вработени сите распишани тендери завршуваат неуспешно, а само за ОХИС ги имаше вкупно 12. Но, никако да се разбуди интересот кај некоја странска компанија за инвестирање во некој загубар. На неколку јавни повици за ОХИС досега имаше странски компани кои подигнаа тендерска документација, и толку. Понуда за купување не дојде, а само продажбата е единствениот спас за нив.

И додека Владата не престанува да ги нуди на тендер прилепските „Еурокомпозит“ и „Тутунски комбинат“, ЕМО и ОХИС, прво во пакет, а потоа и секој посебно, претпријатијата се' повеќе тонат во милионски загуби, вработените немаат ниту работа, ниту плата и често штрајкуваат барајќи од надлежните да понудат излез од таквата состојба. Не се знае прецизно колкави се загубите посебно за секое претпријатие, затоа што бројките постојано растат.

Според ланските пресметки, ЕМО во деветте месеци прикажал минус од 3 милиони евра, а ја заврши годината со долгови од околу 5 милиони евра. „Тутунски комбинат“ на крајот на 2012 година имаше загуба од над 20 милиони евра или за 4 пати повеќе отколку во 2010 година. Во изминатите месеци од годинава, пак, таа изнесува повеќе од 4 милиони евра, како што неодамна посочија од менаџментот. ОХИС минатата година година ја заврши со околу 14 милиони евра загуба, а одговорните на „Еурокомпозит“, каде неодамна се штрајкуваше со денови, соопштија дека имаат минусно салдо од 1,6 милиони евра.

И вработените во ОХИС и во „Тутунски“, кои повеќе години немаат плати и не знаат што ќе се случува со нивните работни места, лани често протестираа во кругот на фабриките или пред Владата, обидувајќи се со притисоци да извлечат барем една до две плати и здравствени картони.

Дали Владата сепак наскоро ќе се предомисли и ќе го смени досегашниот концепт на продажба, кој очигледно не дава резултати? А, тоа е по секоја цена да се сочува социјалната компонента, односно сите работници да се задржат на работа. Ова е условот во сите досегашни тендери, што очигледно ги одвраќа инвеститорите, иако претпријатијата им се нудат исчистени од сите долгови и со минимални цени за акциите.

Во случајов со загубарите по се' изгледа дека се недоволно привлечни за странските инвеститори законските и административните поволности.

Очигледно е дека вистинскиот излез за последните државни компании не е нималку лесно да се најде, но во исто време нема никаква смисла до бесконечност да трае загубарската агонија. Не може бескрајно да се тера како до сега, тендер по тендер и потоа пак статус кво позиција.

Годинава Владата се откажа од идејата за ангажирање на странски консултанти за изработка на тендерска документација што ќе гарантира успешен тендер. Цените за проценка беа превисоки, најмалку по 100.000 евра за едно друштво, плус 6 месечна подготовка. Министерството за економија ја избра поекономичната опција и реши Бирото за судски вештачења да ги подготвува проценките за вредноста на загубарите и тој извештај да биде составен дел на тендерската документација. Но, и покрај тоа, тендерите пропаѓаа.

Во државава сигурно постои кадровски потенцијал кој знае да понуди повеќе варијанти за спас на загубарите. При тоа, доколку навистина главната пречка за инвеститорите е бројот на вработени, би требало добро да се пресметаат социјалните ризици и да се понуди најсоодветното решение, како што се социјални пакети, солидни отпремнини и слично. На крајот на краиштата, решавањето на материјалниот статус на неколку илјади вработени, како за секоја, така и за нашата Влада, не би требало да претставува нерешлив проблем.

Превземено од:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=182087CA6F8185439648CC5EC8C4A1B8

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива