портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Личен банкрот
мај 2013
Зденка
Павковиќ
Македонија, секако, во моментов, во глобала, е во подобра ситуација од Словенија, која во поранешната заедничка држава беше далеку најразвиена. Нашите банки, за разлика од словенечките, на кои им треба помош, се стабилни, имаме каков таков економски раст, а проекциите и за идната година се уште подобри.

Во Словенија веќе пет години е во сила закон за личен банкрот, а досега, како што пишуваат медиумите од Дежелата, 5.500 граѓани прогласиле банкрот. Граѓаните што побарале сопствен стечај биле должни 470 милиони евра. Притоа на оние граѓани, кои се презадолжени, но кај кои постои можност долгот да се врати за период од две до пет години, што значи дека имаат лични примања, кои даваат можност тој во догледен период да се отплати, се проценува дека нема потреба од прогласување личен банкрот. Доколку луѓето се нашле во таква состојба, која едноставно го загрозува нивниот личен опстанок и опстанокот на целото семејство, имаат можност да побараат од судот простување на долгот, односно да прогласат банкрот за да можат да продолжат со животот. И во Хрватска се планира до крајот на годинава да биде донесено слично законско решение. Процените во оваа земја се дека околу 15.000 граѓани биле зрели за прогласување банкрот.

Прашање е дали и Македонија не треба да размисли исто онака како што овозможува започнување стечајни постапки за фирми што се нашле во незавидна финансиска состојба поради која веќе немаат можност да ги плаќаат обврските, што на крајот значи и отпис на дел од долгот бидејќи нема од каде да се наплати, тоа да го овозможи и за обичните граѓани зашто на тој начин веројатно може да се спасат многу луѓе од кои некои поради долговите што ги имаат, посегнуваат по помош од лихвари, која секогаш завршува со уште поголемо заглибување во калта. А други, поради безизлезноста, посегнуваат и по сопствениот живот.

Македонија, секако, во моментов, во глобала, е во подобра ситуација од Словенија, која во поранешната заедничка држава беше далеку најразвиена. Нашите банки, за разлика од словенечките, на кои им треба помош, се стабилни, имаме каков таков економски раст, а проекциите и за идната година се уште подобри. Не само на НБРМ, туку и на меѓународните финансиски институции. Па и во поглед на нефункционалните кредити, кои некаде од ноември лани пораснаа на 11 отсто од вкупните одобрени кредити, сме далеку подобри од другите земји во регионот. Во нашата земја заклучно со март 416 милиони евра биле лоши кредити, односно такви за кои не се платени повеќе од три рати. Притоа од овие пари над 300 милиони евра должат фирмите, а околу 100 милиони евра граѓаните. Бројките се далеку помали отколку во Словенија каде што само оние што иницирале постапка за личен банкрот должат повеќе отколку што се нашите вкупни лоши пласмани.

Меѓутоа, многу е подобро нешто да се превенира и навреме да се лекува. Затоа и донесувањето законско решение, кое може да значи спас за многу граѓани од безизлезноста во кој се нашле, може да биде уште еден придонес на државата за помош за да се преброди кризата. Притоа, секако, не треба претходно да се исклучи помошта која може да ја даде и банкарскиот сектор во државата покажувајќи грижа не само за сопствениот профит туку и за клиентите, односно за општиот интерес зашто само до пред некоја година некои од банките, кога ќе забележеа дека некој корисник има проблеми со отплата на кредитите, нудеа репрограмирање за да може истиот на подолг рок да се исплати. Со тоа, од една страна, корисникот добиваше здив за да може да го отплати долгот, а од друга, и банката добиваше поголема камата бидејќи подолг период ја наплаќа истата. Или, пак, банките на големо нудеа можност кај нив да се префрлат вкупните долгови од други банки или институции. Но, со почетокот на кризата сето ова секна. Банките се затворија гледајќи ги само своите интереси, правдајќи се со строгите правила што им ги наметнува Народната банка во поглед на рефинансирањето и репрограмирањето како за банките така и за граѓаните.

Иако е добро што банките ни се стабилни бидејќи токму од нив и тргна кризата, и светската и европската, сепак, со оглед на добрите прогнози што ги доби земјата за порастот на домашниот бруто-производ, како и другите показатели, кои кажуваат дека веројатно доаѓаат подобри времиња, и тие треба да станат дел од општеството. Ако нивната логика е, како што вели еден банкар, да си ги враќаат дадените пари со камата, а не да бидат агенции за недвижности, кои ќе продаваат запленет деловен и станбен простор и покуќнина, тогаш е подобро да дадат можност тоа и да се реализира наместо да ги полнат фиоките на извршителите и да трупаат имот, со кој нема да знаат што да прават.

Превземено од:

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EB3AC800D12991449BE19B6D4955298D
Коментари
Нема коментари.
 
Архива