портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Белорусија и светската економска криза
јануари 2013
Трипун
Карапетров
Подолг период Белорусија беше во изолација од Западот,поради “афторитарниот режим на последниот диктатор во Европа“,“кршење на човековите права“,“корупцијата“ .... И руското “спонзорство“ не беше безболно – тешкотии околу утврдувањето цената на гасот, исклучувањето на нафтоводите и гасоводите поради заостанати долгови,неприфаќањето на цените и т.н. непризнавањето самосталноста на Јужна Осетија и Абхазија...


За Белорусија   не  е   доволно  да   се   знае само,  дека  таа  е  државата на Претседателот Александар Лукашенко- “последниот диктатор во Европа“. Посебно, нешто повеќе треба  да знаат тие кои  се должни за тоа. Во последните 20-тина години не сум забележал   во   медијумите   нешто    да   се  пишува или зборува за Белорусија, а за афирмативно не станува збор (со исклучок на една   моја  колумна   објавена  во Нова Македонија на 30.01.2010 г.). Никако не можем да одгонетнам зошто? Се прашувам кои се причините? Исто така ме    зачудува    што   и   после  20 години, Република Македонија нема амбасада во Белорусија а има во Естонија? Ако нашата дипломатија тоа го прави за атер на  САД и  Европската Унија,   грeши (САД и сите членки на унијата имаат свои амбасади    во Минск).  Ако пак надлежните  мислат   дека    Белорусија    не   ни    треба,     тогаш е во прашање огромна грешка (не е запазано едно од основните начела  во  водењето на надворешните работи). Ниту еднаш не се случило (мислам дека не грешам), некои од шефовите на нашата дипломатија,владата и државата да остварариле средба со своите колеги во Скопје или Минск. Кога во Минск ми ја врачија нотата со која Белорусија ја признава Република    Македонија   под   уставното име, ниту на крај памет не ми паѓаше, дека нашите билатерални односи започнале и се завршиле со тој чин. Али не и се. Да се вратиме на темата.

После распадот на советскиот сојуз, Белорусија манифестираше висок степен на прагматизам во водењето на внатрешната и надворешната политика. Кон секој проблем пристапуваше и пристапува со студиозно изучување, одлучување и примена на соодветна тактиkа и дипломатска вештина. Резултатите не изостанаа. На внатрешен план не дозволи пад на физичкиот обем на производството. Напротив, обезбедуваше раст на бруто домашниот произвот просечно годишно од 10 до 13%, а индустриското произвотство се зголевмуваше секоја година во просек за 17%. Тие резултати се рефлектираа во сите свери на опшеството (здравство,култура,..).  На надворешен план, оствари успешна економска соработка со Русија, ЕУ, САД, Кина, земјите во соседството и Северна Африка. Со тоа се потврди дека нејзиното раководство (претседателот Александар Лукашенко) ниту е проруско (не подлегна на притисокот да ги признае Јужна осетија и Абхазија), ниту е прозападо (не изрази интерес за членство во ЕУ и НАТО. и  да спроведува реформи во својата земја по нивни терк), туку е пробелоруско.

Секако, дека остварувањето на таа политика имаше своја цена.  Подолг период Белорусија беше во изолација од Западот,поради “афторитарниот режим на последниот диктатор во Европа“,“кршење на човековите права“,“корупцијата“ .... И руското “спонзорство“ не беше безболно – тешкотии околу утврдувањето цената на гасот, исклучувањето на нафтоводите и гасоводите поради заостанати долгови,неприфаќањето на цените и т.н.непризнавањето самосталноста на Јужна Осетија и Абхазија и т.н.

Првите сигнали за помирување со САД и членките на ЕУ се појавија непосредно пред избивањето на светската економска криза (првата половина на 2008 г.), благодарение  на  притисок од балтичките држави,Полска и некои други, поради големите материјални штети кои им се нанесуваа со колективната економска блокада на Белорусија. Блокадата го оневозможи транзитот низ белоруската територија на нафта (преку нафтоводот “Дружба“), гас и други стоки од Русија и каспискиот регион  до пристаништата на балтичките држави и Полска.

Белорусија договори со Латвија и Литванија 10-тина крупни договори, кои ги спасија  од колапсот на нивните економии: Договор за изградба на нафтен терминал во Рига (Латвија) со капацитет од 10 милиони тони нафта годишно,договор Белорусија да ја купи компанијата “Калија парк“ во Вентеспилс,транзит на електрична енергија од Украина за Латвија и Литванија (после затварањето на нуклеарната централа “Игнолинск“ – која им обезбедуваше 70% од нивните потреби),на предлог на Украина пристапи кон поврзување на нејзиниот нафтовод со нафтоводот “Дружба“ за транспорт на нафта од каспискиот регион, преку Одеса-Броди  до Мозирск за Латвија и Литванија и ред други договори.

Истовремено (пролетта 2008 г.), Белорусија ги обнови контактите со САД. Меѓутоа, шотуку се створија некакви услови за обнова на соработката,изби конфликт поради “шурување“ на САД со белоруската опозиција и Белорусија го протера од Минск амеркансјиот амбасадор  Карен Стјуарт. И што е за чудење, само по неколку денови,Белорусија доби понуда од САД за потпишување на голем долгорочен и прифатлив договор за испорака од Белорусија во САД калиеви ѓубрива. Али  не и укинување на  санкциите.

Во услови и на економски санкции, Белорусија соработуваше со Европската Унија најповеќе во доменот на финансиите.Европската Унија му овозможи добивање на кредити (800 млн.долати во 2010 г.) за модернизација и реструктуирање на индустријата према потребите на европскиот пазар, посебно на новите членки (Полска,Чешка, Унгарија,Романија,Бугарија..), кои со приватизацијата, ликвидација на загубарите,корупција и т.н. уништија добар дел  од своите капацитети. На тој нашин се создаде вакум од  недостатот на многу стоки, кој  Белорусија рационално и ефикасно го искористи. Извозот во ЕУ го подигна до ниво,да го покрие целиот дефицит према Русија од каде увезуваше енергетски горива.

Вкупната економска соработка на Белорусија со Русија ја карактеризира релативна страбилност (со проблеми  од “фамилијарна природа“). Пристапи во Царинскиот сојуз Со Русија и Казахстан, чии пазари и овозможија пласман на прехрабени производи,земјоделска механизација,  нафтно-хемиски производи и расхладна опрема. Од друга страна, ја подобри енергетската безбедност (нафта,гас) преку Русија. Без никакви сомневања дека таа соработка ќе се движи по нагорна линија.

Соработката на Белорусија со Кина е посебно успешна приказна.Не може до са опише во простор за колумна. Помеѓу финансиските институции на Белорусија и Кина потписан е договор со кој Кина и стави на располагање 3 милијарди долари за инвестирање во индустријата на калијум,изградба да цементарници и ред други стопански капацитети за потребите на кинескиот пазар.Договорот (со рок на 3 години), предвидува размена на активи, реконструквија и изградба на 10-тина енергетски капацитети,финансирање реконструкцијата на железничката мрежа, заедничките претпријатија – во Кина пуштена е фабрика за монтирање на белоруски комбањи (за житарици,компири) а наскоро и пуштање во производство фабрика за склопување на трактори “Белорус“ за потребите на Кина.

За справување со светската економска криза Белорусија доби 2 милијарди долари кредит од Русија, 2,5 милијарди од Меѓународниот монетарен фонд, и 0,5 милијарди од Венецуела. По извршените анализи, ММФ и Европската банка за реконструкција и развој изјавија при крајот на 2009 година, дека Белорусија спремно ја дочекува кризата и нејзиниот раст на бруто домашниот производ се очекува да биде изнад 2,5%.

Посебен куриозитет е податокот, дека за Белорусија, со 10-тина милиони жители, работат уште толку (10 милиони) надвор од границите на Белорусија - во фабриките во Русија, бившите советски републики и некои источноевропски, кои испорачуваат сегменти,  делови и полупроизводи за нејзините финални производи. Им  помогна да ги задржат своите работни места (во Белорусија невработеноста е подолго време 1%).

И на крајот,моето убедување е дека густа магла ја покрива вистината за Белорусија и нејзиниот претседател, Александар Лукашенко – “последен диктатор во Европа“. На читателот оставам да каже дали сум во право.

 
Коментари
Нема коментари.
 
Архива