Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Црна Гора за одбрана ќе мора годишно да издвојува два отсто од БДП (од 3,4 милијарди евра), што, според моменталната пресметка е околу 70 милиони евра.
„Црна Гора ќе биде посветена на истите цели и обврски како и сите членки, што значи дека и таа ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана од сегашните 41 милион евра“, објасни Столтенберг на конференцијата за новинари во Брисел.
„Некои членки се големи, некои помали, но два отсто е мерката и фер начин сите членки да бидат одговорни во својот придонес. Важно е и што прави Црна Гора, па го очекувам нејзиниот придонес, како и на Белгија и на сите други членки на НАТО. Потсетувам дека членките уште пред две години се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто во следните две години“, истакна Столтенберг.
„Сево ова потврдува дека во НАТО нема ништо за џабе и дека приказните на власта за наводните бенефиции, кои Црна Гора ќе ги има со влезот во овој воен сојуз, се покажаа како бесмислени“, вели за подгоричкиот портал Вијести професорот Срџан Вукадиновиќ. „Членството во НАТО ќе биде многу поскапо и поголемо од овие два отсто од БДП“.
По Исланд и Словенија, завчера и унгарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.