портал за стратегиски анализи
барај:
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
  • ФАЗАН - портал за стратегиски анализи - FAZAN
Категорично руско „њет“ за американските посвојувачи
декември 2012

Рускиот премиер и претседател на мнозинската парламентарна партија Обединета Русија, Дмитриј Медведев, ја поддржа забраната за посвојување руски деца од граѓани на САД, додавајќи дека Русија мора да се посвети на развојот на домашните посвојувања. Иницијаторите на амандманите велат дека забраната е дел од постара и поширока програма, чија крајна цел е целосно укинување на странските посвојувања.

Долниот дом на руската државна Дума, вчера, со 420 гласа „за“ го одобри контроверзниот закон „Дима Јаковлев“, кој содржи амандман со кој им се забранува на американските граѓани и организации да посвојуваат или да посредуваат при посвојувањето руски деца и покрај силното противење од јавноста, активистите, медиумите и претставници на власта, од кои дел протестираа пред Думата во текот на седницата, пишува „Раша тудеј“. Новинарите од „Новаја газета“ испратија до претседателот на Думата петиција потпишана од над 100.000 граѓани кои бараат отфрлање на плановите за забрана на посвојувањата.

Според ветувањето дадено од Путин, секоја петиција со повеќе од 100.000 потписи мора да биде земена предвид од парламентот. Спикерот на Долниот дом, Јури Неверов, вчера потврди дека Долниот дом ќе ја разгледа петицијата, но дека тоа ќе се случи дури во јануари.

Законот е наречен според Дима Јаковлев, двегодишното руско момче кое почина од топлотен удар во јули 2008 година откако неговите посвоители го заборавиле девет часа во затворен автомобил на пеколно жешко време. Тој претставува руска реакција на неодамна одобрениот американски „Закон Магницки“, со кој се одобрува забрана за влез во САД и замрзнување на имотот на руски даночни, судски и правни лица кои, според процените на креаторите на законот, ги прекршиле човековите права. Русија го осуди „Законот Магницки“ како обид да се влијае врз системот за правда на една суверена држава. Руските политичари се заканија со идентична контрамерка, за на крајот законот да добие и амандман со кој се забрануваат посвојувањата. Потегот веднаш предизвика бран осуди и жестоки критики во руските медиуми и на социјалните мрежи. Народот обвини дека политичарите ги претвораат сираците во заложници и дека им ја скратиле можноста за удомување кај пристојни семејства, за наоѓање спонзорство и грижа, од која понекогаш им зависи животот.

Рускиот премиер и претседател на мнозинската парламентарна партија Обединета Русија, Дмитриј Медведев, ја поддржа забраната за посвојување руски деца од граѓани на САД, додавајќи дека Русија мора да се посвети на развојот на домашните посвојувања. Иницијаторите на амандманите велат дека забраната е дел од постара и поширока програма, чија крајна цел е целосно укинување на странските посвојувања. Жесток поддржувач на законот е и специјалниот руски омбудсман за правата на децата, Павел Астаков, кој всушност се залага на целосна забрана на странските посвојувања. Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека целосно ја поддржува иницијативата бидејќи таа не е против посвојувањето како такво, туку против правдата на САД, која често ги игнорира или е многу попустлива кон суровиот третман на посвоените руски деца од страна на посвоителите. Тој, сепак, вети дека уште еднаш ќе го разгледа амандманот за посвојувањата, како и неодамна потпишаната руско-американска спогодба за посвојувања, пред да го одобри и потпише законот „Дима Јаковлев“.

Американските агенции за посвојување деца изразија загриженост поради поддршката на Путин на законот со кој се забранува руските сирачиња да бидат посвојувани од Американци.

- Жално е што руската влада размислува да ги казни децата, кои би можеле да имаат безбеден дом, полн љубов во САД, поради расправијата околу човековите права меѓу двете земји - вели Ричард Kлаберг, претседател на Советот за акредитација, кој претставува околу 200 американски агенции за посвојување.

Семејствата што веќе се во процес на посвојување се многу загрижени дека нема да можат да си ги пренесат своите деца дома во САД, вели директорката на Руската програма во Христијанскиот светски центар за посвојување, Ања Ратерфорд. Руската активистка за човекови права и член на Граѓанската комора, Олга Kостина, верува дека новиот закон ќе удри врз пристојните семејства наместо да се справи со претставниците од власта кои ја злоупотребуваат својата позиција и ги даваат руските сираци за пари.



Извадокот е превземен од:

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5C49CDEA871CFD41A9E75173A27B5AB4
Коментари
Нема коментари.
 
Архива